Ќе ви бидам благодарен доколку некако ми помогнете или совет да ми кажете што да направам.
Како што можете да забележите слабо пишувам деновиве на форум. Болен сум, имам температура од петокот 39.8, истата ја имав и во сабота а во недела ми се намали на 38.4. Денеска немам висока температура, но имам многу поголем проблем отколку температурата. Грлото ми гори. Сите можни таблети, бонбони за шмукање, инекции итн ги пробав. Ставив ракија на врат 3-4 пати. Не поминува.
Кажете ми што да направам, пред да се пријавам во болница да лежам (а не ми се лежи таму). Со температурата се справив едвај, но грлото е главен проблем. Многу ме боли кога голтам, а за јадење да не збориме. Само супи.
Доколку можете дајте совет што да направам....ова првпат ми се случува.