Потребен совет за висока температура

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ќе ви бидам благодарен доколку некако ми помогнете или совет да ми кажете што да направам.
Како што можете да забележите слабо пишувам деновиве на форум. Болен сум, имам температура од петокот 39.8, истата ја имав и во сабота а во недела ми се намали на 38.4. Денеска немам висока температура, но имам многу поголем проблем отколку температурата. Грлото ми гори. Сите можни таблети, бонбони за шмукање, инекции итн ги пробав. Ставив ракија на врат 3-4 пати. Не поминува. :place Кажете ми што да направам, пред да се пријавам во болница да лежам (а не ми се лежи таму). Со температурата се справив едвај, но грлото е главен проблем. Многу ме боли кога голтам, а за јадење да не збориме. Само супи.

Доколку можете дајте совет што да направам....ова првпат ми се случува.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

iva89

Полноправен Член
27 февруари 2012
76
75
18
За да ја намалиш температурата облечи чорапи намокрени во оцет ( не е пријатно чуството ама помага ) и на челото нареди си парчиња жив компир, а за грлото топла супа со бибер и топло млеко со прегорен шеќер...овие "методи" се применети и ти ги кажувам од искуство :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: VULKAN-PEPEL

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Ако стигнеш до лекар не иди ДРЖАВНА иди во 8-ми Септември ( стара Војна Болница ) дека во државна ако немаш врски ќе те остават така да скапуваш.. :S Само се надевам нема да дојде до тоа..
И провери во книшка дали се имаш вакцинирано против заушки, така ми личи ова..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Saladin

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
За да ја намалиш температурата облечи чорапи намокрени во оцет ( не е пријатно чуството ама помага ) и на челото нареди си парчиња жив компир, а за грлото топла супа со бибер и топло млеко со прегорен шеќер...овие "методи" се применети и ти ги кажувам од искуство :)

4 пара чорапи ставив, исто толку пати крпа на чело. Супи да не ти кажувам колку исркав 10 супи. Чаеви се убив од пиење. :( Све тоа применив. Не ми помага.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Продолжи со супите, јади повеќе чорбеста храна. Исто шмукај многу С витамин, може и овие бронхи или на база на еукалиптус. Мед истотака лажичка по лажичка полека. Не јади нешто што го иритира грлото - јаткасти, цврсти плодови/оброци. За симињање температура во најмал случај Парацетамол/фервекс/кафетин колд.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17 and Hip.Hop_MKD

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ако стигнеш до лекар не иди ДРЖАВНА иди во 8-ми Септември ( стара Војна Болница ) дека во државна ако немаш врски ќе те остават така да скапуваш.. :S Само се надевам нема да дојде до тоа..
И провери во книшка дали се имаш вакцинирано против заушки, така ми личи ова..

Ова може да се симптомите на заушки?
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Ќе ви бидам благодарен доколку некако ми помогнете или совет да ми кажете што да направам.
Како што можете да забележите слабо пишувам деновиве на форум. Болен сум, имам температура од петокот 39.8, истата ја имав и во сабота а во недела ми се намали на 38.4. Денеска немам висока температура, но имам многу поголем проблем отколку температурата. Грлото ми гори. Сите можни таблети, бонбони за шмукање, инекции итн ги пробав. Ставив ракија на врат 3-4 пати. Не поминува. :place Кажете ми што да направам, пред да се пријавам во болница да лежам (а не ми се лежи таму). Со температурата се справив едвај, но грлото е главен проблем. Многу ме боли кога голтам, а за јадење да не збориме. Само супи.

Доколку можете дајте совет што да направам....ова првпат ми се случува.
Како може да бараш совет од нас за да даваме предлози од други искуства и од ракав заклучоци,оди на лекар не зафркавај не си дете од 8 години.Ние и најдоброто да ти го мислиме не сме компетентни да те упатуваме.Единствено ако одиш на лекар ке знаеш што е а не вака.