По потекло сум од Малесија, и старите од улицата и кажуваа за некоја вампирка, Тодорица Тамчева (Камчева). Мажот и умрел. И таа помагала на селаните. Жниеле и и влегло нешто во око. Демек паднала во кома....И мислеле селаните дека е мртва и ја закопале жива. И одма почнала да прави бељи. навечер да крши прозорци, ќерамиди, разни звуци. На некоја жена и викала навечер:
-Кумријо, покриј си го сиренцето, ќе ти го изеде мачката.
***
Понатаму не знам што се случувало, ниту сум го дочул крајот на приказната.