Постојат. Тврдам дека постојат. Како не постојат, кога постои Дракула, кога постои Дејмин Салватор, Стефан Салватор, Катарина Петрова, Елена Гилберт, и сличните.
Постојат - во филмовите.
Постојат - во приказните.
Постојат - кога бабите и родителите се обидуваат да ги заплашат дечињата.
- Дајте луѓе, возрасни сме. Разумни луѓе. Би требало да сме способни да правиме разлика помеѓу фикција - реалност.
Постојат нешта што се создадени за да бидат интересни - мистериозни.
Вампири, врколаци, духови(каспер), вештерки и слично.
Оф топик:
- Се извинувам. Имав уште мисли, ама ми седна син ми во скут и ништо од мислите ќе се вратам подоцна со продолжеток и завршеток на писаниево
И до кај бев?
А да, Возрасни луѓе сме!
Низ вековите постоеле различни верувања, и јасно ми е.
Неук народ, верувал во се’ - буквално се’ што му се сервира.
Ама ние? Ние?! Пола од нас академски граѓани, а пола идни академци.
Како само можеме да веруваме во такво банално нешто?!
Во Бугарија пред некое време се ископаа незнам колку гробови на луѓе закопани со колец во срцето - по верување дека се вампири.
Луѓе... Живееме - умираме - одиме во пеколот или рајот - или воошто не одиме(ако не постои) - не закопуваат - и толку од нас. Какви вампири какви глупости...
Онаа поговорката: Не го убивај детето во себе - се однесува на живоста и палавоста во тебе, не на размислувањето. СОЗРЕЕТЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ !!!!!!