Постојат ли вампири?

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Инспирирана од темата дека се срушила воденицата во србија каде демек живеел некој вампир по име Сава и филмот Лептирица( побарајте на јутуб ) се прашувам дали ов е вистина? Постојат ли вампири како што тврдат граѓаните на србија ? Има некои од вас да видел или чул такво нешто ? Или да ми ја раскаже приказната за овој српски вампир?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: beautifull liar

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Постојат. Во приказна, книга, филм и серија. Јас не знам кој е тој во Србија за кого тврдат дека е вампир, но малце приглупо ми е да се сомневам во постоењето на едно измислено суштество. Ако грешам, се надевам дека изгледаат како the Cullens. :giggle

П.С. Една забелешка: Ми се чини дека си опседната со нашиот сосед Србија и нивните граѓани.
 

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Постојат. Во приказна, книга, филм и серија. Јас не знам кој е тој во Србија за кого тврдат дека е вампир, но малце приглупо ми е да се сомневам во постоењето на едно измислено суштество. Ако грешам, се надевам дека изгледаат како the Cullens. :giggle

П.С. Една забелешка: Ми се чини дека си опседната со нашиот сосед Србија и нивните граѓани.




Лелееее. Ако ја сакам Карлеуша и ако слушам турбо фолк не значи дека сум опседната со нив. Ова случајно мајка ми ми кажа дека пишал некој македонски Портал за ова. Ете побарајте на нет ќе видите
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Вампирите за мене се метафора на паразитската природа на некои луѓе.


Карактеристиките на митските суштества на ноќта имаат многу реални аналогии во секојдневието на човекот.
Вампирите ја цицаат животната есенција од луѓето - крвта.
Бегаат од сонцето и светлината.
Немаат одраз во огледало.
Нивните жртви во процесот на "преобразување" минуваат низ процес кој е болен и во кој го губат човечкото, за на крај и самите да го пополнат со глад за крв.

Крвта
Овие карактеристики прават совршена аналогија за вистинските вампири меѓу нас. За разлика од филмовите, во вистинскиот живот гладта по внимание е "крвта" која вампирот ја бара.
Таа глад ќе ви ја спакува и претстави во "амбалажа" која најмногу ќе одговара во дадената ситуација. Може да биде љубов а може и пријателство сеедно за крвопиецот.
Понекогаш и самите веруваат дека задоволството кое го чуствуваат додека ја задоволуваат својата глад, е тоа што останатите го дефинираат како љубов или пријателство.

Сонцето
Една поговорка вели: "Три нешта неможе долго да се кријат - сонцето, месечината и вистината".
Вистината не им е сојузник, па затоа бегаат од неа. За овие суштества на "ноќта", вистината е сонцето кое ги пеплосува.......

Огледалото
Ликот кој го претставуваат пред останатите е она што на останатите им е потребно да го видат и чујат, ништо друго туку илузија.....Нешто кое непостои, неможе да даде ни одраз, неможе да се рефлектира.
Но затоа како појава, околината обично ги перцепира како мили, наивни, внимателни....Затоа вампирите се претставувани со надприродна привлечност.

Преобразувањето
Кога паразитот повеќе ќе нема корист, или ќе најде нова жртва, почнува преобразувањето....
Илузијата се руши и жртвата чуствува како во себе ја нема онаа "животна есенција". Нешто кое предизвикува болка. Одеднаш "сонцето" почнува да и пречи, бидејќи тоа безмилосно ја "осветлува" реалноста......Доколку не се осмели да погледне во него, преобразбата финишира со пополнување на новонастанатата празнина преку истата глад......
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Постојат. Тврдам дека постојат. Како не постојат, кога постои Дракула, кога постои Дејмин Салватор, Стефан Салватор, Катарина Петрова, Елена Гилберт, и сличните.
Постојат - во филмовите.
Постојат - во приказните.
Постојат - кога бабите и родителите се обидуваат да ги заплашат дечињата.

- Дајте луѓе, возрасни сме. Разумни луѓе. Би требало да сме способни да правиме разлика помеѓу фикција - реалност.
Постојат нешта што се создадени за да бидат интересни - мистериозни.
Вампири, врколаци, духови(каспер), вештерки и слично.

Оф топик:
- Се извинувам. Имав уште мисли, ама ми седна син ми во скут и ништо од мислите ќе се вратам подоцна со продолжеток и завршеток на писаниево :)

И до кај бев?
А да, Возрасни луѓе сме!
Низ вековите постоеле различни верувања, и јасно ми е.
Неук народ, верувал во се’ - буквално се’ што му се сервира.
Ама ние? Ние?! Пола од нас академски граѓани, а пола идни академци.
Како само можеме да веруваме во такво банално нешто?!
Во Бугарија пред некое време се ископаа незнам колку гробови на луѓе закопани со колец во срцето - по верување дека се вампири.
Луѓе... Живееме - умираме - одиме во пеколот или рајот - или воошто не одиме(ако не постои) - не закопуваат - и толку од нас. Какви вампири какви глупости...

Онаа поговорката: Не го убивај детето во себе - се однесува на живоста и палавоста во тебе, не на размислувањето. СОЗРЕЕТЕ ВЕЌЕ ЕДНАШ !!!!!!
 

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Сето тоа е добра приказна за добар шоу бизнис,не знам зашто возрасни особи им предаваат значење на вакви работи.
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Смешки , во духови и/или сенки верувам ( до некаде ) , ама вампири ?
- Апсурд ми се - ништо , ги поистоветувам со : вештерки , зобми , врколаци , баба роги , бубашари и караконџули , сето ова еднакво на глупости ... (happy)
 

Sofija...

Истакнат Член
23 ноември 2012
256
358
363
29
Смешки , во духови и/или сенки верувам ( до некаде ) , ама вампири ?
- Апсурд ми се - ништо , ги поистоветувам со : вештерки , зобми , врколаци , баба роги , бубашари и караконџули , сето ова еднакво на глупости ... (happy)
А самовилите? :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos