Посвети поема

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
@Iris*
Ne, nismo mi bili ljubavnici. Nikad…
Samo smo se ponekad malo gledali,
kad nas nisu gledali. I to je sve…
Oboje smo na lančiću nosili po polovinu davno polomljene tajne, ali nismo pokušavali da je sastavimo. Ko zna zašto, ta je tajna lebdela nad desetogodišnjim okeanom prošlog vremena, kao ukleta lađa. Negde ovde, daleko. Negde tamo, blizu. Ni na nebu, ni na zemlji…
Nismo mi bili ljubavnici. Nikad.
Samo smo se ponekad u dugim noćima punog meseca malo tražili po talasnim dužinama čeznje. I to je sve…
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
@Iris*

Ги повивам крилјата огнени,
истечени од пустинските развигори,
со шепот да откопаат издлабен сон,
во ѕвезден костум тајно што чекори,
од далечините на космосот,
создаден во лелекот на прстенот,
кој ги венчава мртвите,
да оживее икона во очиве,
од светост што липа,
вдахнувајќи го мирот на небото,
оплодено со крикот на срцево,
распнато со љубовни цветови,
исплетени во твојата коса,
да го сокријат од зло и проклетство,
што во првото биење му се дарувани.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Prashina

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
@Iris*

Ти конечно ме бакна,
и како и овие дождови и секавици,
како и овие ветришта,
ме окова за себеси,
и тоа што веќе меѓу нас се случи
сега и Бог – господ
не може да го спречи.

Но, каде си?

Ти и не знаејќи околу мене
насели две тишини:
една мала, во која те сонувам
и чекам, и една голема
во која исчезнувам.
Твојот заборав и моето заминување
сега и сам Господ – бог
не може да го спречи.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Iris*

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
32
Скопје
Ѕид ѕидосано,
Вар варосано,
Не паѓај во депресии,
Надвор е сончево и зракот те повикува.
Уживај во есента, заборави на минатото.
Бла бла... ти ја посветувам поемата
@Ѕид на плачот :zelen(star):rofl
Благодарам Ѕвездичка, ми украде осмех слица...
биди ми пријателка овде, ко ѕвезда водилка низ форумов... Крени рака, и заколни се дека ќе ми бидеш вечна пријателка, се додека трае форумот, во лошо и зло, во трачарења, шпионирања и слично. ?! Те молам Ѕвездичке, одговорими...
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
@Ѕид на плачот

Имам нова другарка,
Ѕид на плачот се вика,
Од денес па натаму на нејзиното лице
Топла насмевка ќе блика.

Во добро и во зло,
Најмногу за оговарање,
Заедно ќе шпионираме ( не знам само што )
За собиранки, за договарање.

Ако се дружиш со мене, тогаш имаш нешто вредно
Ѕвездичка е тука, како водилка во мрак,
Секогаш ќе ти дава светол зрак.

Членови слабо, нема кој да ме дружи,
Вака со другаркава ќе си разменуваме ружи.
Со стикерче со срце, со меченце што сака,
Нема со тебе да си имаме мака.

Пред нас стои долга зима,
А мене тешко ми оди рима.
Нема да се досадуваме,
Виртуелно ќе другаруваме.
(flower)(hug)
:zelen(star)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕид на плачот

Ѕид на плачот

Истакнат Член
20 септември 2016
222
113
343
32
Скопје
@Ѕвездичка
Јен, два, јен, два...
Скокам сега јас право во центар,
топла насмевка ќе блика, душманот ќе рика,
зошто ние другарки прави, се фаќаат за глави.

дружење ќе има, секогаш во шема,
од нас болни ќе паѓаат, вадат од устата пена.
Како и да е, мене за рима исто не ме бива,
кој сака, нека повели нека шиба.

настрана тоа, многу се трудам,
чинам со римава ќе полудам.
Затоа сега ќе си бегам,
доста стихови редам. (безвезни :rofl:svirka:igra)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ѕвездичка