mi treba sostav za evgenij onegin ili garvanot?itno e pomognete
Евгениј Онегин (
руски:
Евгений Онегин) е роман во стихови напишан од
Александар Пушкин. Делото претставува класика на
руската литература, а истоимениот
протагонист модел и пример за многу руски кнжевници. Романот бил издаден по делови како серијал помеѓу
1825 и
1832. Првото целосно издание било издадено во
1833, додека денешната прифатена верзија е базирана на изданието од
1837.Темата во романот е љубовта, младешката, идеализирана и неостварена љубов на Татјана кон Онегин и нејзиното созревање. Времето на случување се дваесеттите години од
19 век, во
Петроград, на село и во
Москва. Дејствието се одвива по хронолошки ред со паралелен развој на неколку сижејни линии. Самиот писател ја доживеал судбината на својот лик Владимир Ленски (починал во двобој). По истиот роман,
Петар Илич Чајковски ја напишал
истоимената опера. Делото е преведено на неколку светски јазици и се смета за едно од најголемите светски класики кои некогаш биле создадени.
Онегин е типичен претставник на својата генерација и позиција во руското општество од почетокот на
19 век. Во себе содржи и некои црти што ги поседува неговиот книжевен двојник,
Чајлд Харолд. Пушкин немал намера да создаде јунак со гордо и осамено романтичарско его, туку да најде некоја „средна линија“, посакувајќи неговиот јунак да биде поблиску до обичниот човек.
Онегин е образован и интелигентен, но тоа не е доволно за да постигне среќа. Тој своите духовни сили ги троши на ништо: на балови и досадување. Ни љубовта кај него нема некое повисоко место во хиерархијата на човечките вредности. Затоа е рамнодушен кога ја запознава прекрасната Татјана, бидејќи мрзоволноста веќе станала дел од неговиот духовен простор. И наместо искрено да ги насочи своите чувства кон Татјана, тој необјасниво кокетира со нејзината сестра Олга, а потоа без проблем го убива на двобој Ленски.
Ленски е поларна спротивност на Онегин. Според некои критичари овој лик претставува автопортрет на авторот од младоста, од неговите лицејски денови. Ленски е романтичар, со нежна психолошка конституција.
Татјана ги поседува сите особини што ја прават една женска природа богата: интелигенција, спонтаност, мечтателност и беспрекорна морална чистота. На Онегин отпочеток му изгледа наивна нејзината вљубеност, но ќе ја засака дури откако таа ќе стане дама. Таа и покрај тоа што не крие дека сè уште го сака Онегин, сепак го одбива, бидејќи е мажена, а бракот според неа, ја подразбира верноста кон избраникот.
Меѓу другите ликови во романот се и оние припадници на повисокиот
петроградски слој, безделници, меѓу кои се губат и интелигентните луѓе како Онегин.