Помош за проектни задачи/состави/писмени

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Де бре луѓе колку сте нечовечни значи. Се одма за збор го сфаќате, она што на нас никој не ни помогнал можете вие да го смените и да помогнете некому, не туку пишувајте оф-топици безвезе. Помогнете, делата ве прават човек.
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com

А тој што чека од другите беше крал или?
 
Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
А тој што чека од другите беше крал или?
Никој не бил крал, нити пак ти нити пак јас сум била кралица. Но сепак не е добро да се истураш врз други што побарале помош. Ако незнаеш не коментирај безвезе. Вака само ќе си заклучам дека си себичен, ама ај да не тролам со оф - топик.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sweetgirl1605 and Sebastian

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
сакаш да кажиш дек чекам од други? не се срами де кажи слободно -.-'
Трудот и одземеното време да ги напишеш сите мислења во темава се еднакви на трудот и времето што ќе си ги потрошиш за да го најдеш тоа што го бараш.
И јас најмногу од се посакувам секое утро да ме чека кафе на маса, да имам сендвич спремно, да ме однесе колата сама на работа и работата сама да се работи.
Ама нема у пичку матер.Се’ морам сам да направам.
Никој не бил крал, нити пак ти нити пак јас сум била кралица. Но сепак не е добро да се истураш врз други што побарале помош. Ако незнаеш не коментирај безвезе. Вака само ќе си заклучам дека си себичен, ама ај да не тролам со оф - топик.
Не се истурам само си кажувам јас онака.Не за друго вчера немав јадено г**на па да не утнам доза.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sweetgirl1605

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Трудот и одземеното време да ги напишеш сите мислења во темава се еднакви на трудот и времето што ќе си ги потрошиш за да го најдеш тоа што го бараш.
И јас најмногу од се посакувам секое утро да ме чека кафе на маса, да имам сендвич спремно, да ме однесе колата сама на работа и работата сама да се работи.
Ама нема у пичку матер.Се’ морам сам да направам.

Не се истурам само си кажувам јас онака.Не за друго вчера немав јадено г**на па да не утнам доза.

Сам си кажа време ти било да из....
 
Marinna

Староседелец
13 април 2012
119
160
1,043
Никој не бил крал, нити пак ти нити пак јас сум била кралица. Но сепак не е добро да се истураш врз други што побарале помош. Ако незнаеш не коментирај безвезе. Вака само ќе си заклучам дека си себичен, ама ај да не тролам со оф - топик.
дборо стај немат врска ;) јас ниту се лутам ниту се навредвам секој си имат свое мислење остај аку
Трудот и одземеното време да ги напишеш сите мислења во темава се еднакви на трудот и времето што ќе си ги потрошиш за да го најдеш тоа што го бараш.
И јас најмногу од се посакувам секое утро да ме чека кафе на маса, да имам сендвич спремно, да ме однесе колата сама на работа и работата сама да се работи.
Ама нема у пичку матер.Се’ морам сам да направам.

Не се истурам само си кажувам јас онака.Не за друго вчера немав јадено г**на па да не утнам доза.

ок се разбравме. и ако не сакаш да поможиш барем не мораш да се караш. шо ти е тебе гајле шо прам јас? :) (знам дек и мојава реакција не е за пофалба ама то е.... живот)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Ве молам да ми помогнете за состав на на тема Нова година.
Може да биде буквално се што ке ви падне на памет ако сакате да помогнете напишете по некоја реченица која има смисла и е поврзана со денот кој се ближи ...!!!
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сонцето полека срамежливо заоѓа... Знам дека ќе заврши во тој миг годината која одминуваше уште од нејзиниот почеток - пред 365 дена. Уште 8 часа... кој ќе чека уште една третина од денот. А времето и не е најсјајно за прошетка надвор по снегот кој веќе со денови е паднат, залепен за асфалтот, правејќи го лизгав. Не... Не ми се седи дома, ме фаќа некоја нервоза...Го подигам телефонот типкам неколку бројки, чекам... нема одговор. Сите се излезени само јас, најголемиот кретен седам по дома. Шеткам нервозно околу каминот во кој оганот мирно пуцкеташе. Проклета тишина!!! Ми оди на нерви, не ме остава на мира. Седнувам на фотељата нервозно и ја земам книгата во рацете, таа можеби ќе ме смири. Читам ред по ред, страна по страна. Интересно... ме фаќа сонот полека полека, но не сакам да спијам...мора да останам буден. Ме буди ѕвончето на врата. Погледнувам накај часовникот, 00:00 часот. Дали е можно? Дедо Мраз? Ако е, зошто не дојде преку каминот туку мора на врата да ѕвони и да ми го нарушува сонот. Мрзоволно станувам и одам накај вратата. Слушам кикотење од другата страна. Збунето ја отварам вратата. Пред мене стои завиткана кутија со ливче кое вири од машната. Збунето гледам во кутијата - од кој би можело да биде. Го читам ливчето:“Погледај зад тебе’’. Ме опфаќа чудно возбудување. “кој би можел да биде’’ - шепотам и со подарокот се вртам и ја гледам неа. Навистина Дедо Мраз знае големи изненадувања да донесе.

Еве ти нешо од архивата шо го иам скопано.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp, Selma and Lena

МиГ 21

Староседелец
12 ноември 2012
1,252
2,458
1,133
Прилеп
Ве молам да ми помогнете за состав на на тема Нова година.
Може да биде буквално се што ке ви падне на памет ако сакате да помогнете напишете по некоја реченица која има смисла и е поврзана со денот кој се ближи ...!!!
Еве од мене нешто набрзина, ако ти се допаѓа....секако ова е само идеа

Дојде и таа долго очекувана ноќ. Се собравме сите во домот на нашата другарка, масата беше убаво поставена. Просто мамеше да посегнеме, но никој не земаше. Музиката свиреше од компјутерот сместен во аголот на собата. Никој не играше. Чудна атмосфера за ваква ноќ. Се беше тука, но сепак нешто недостигаше. Ни недостигаше нашето другарче кое остана во својот дом. Болно е. Изминаа мачни, тажни час - два. „Знаете ли што?“ - се слушна гласот на претседателката на нашиот клас. Сите во очекување погледнавме во неа. „Ајде да собереме се’ и да појдеме кај него. Што мислите?“ Дааа!- извикавме во еден глас. Набрзина собравме се’ што имаше, ги облековме палтата и тргнавме кон вратата. „Почекајте“ - рече нашата домаќинка. Отрча во својата соба и донесе плишано срце на кое пишуваше: „Те сакам“ , а во другата рака фломастер. „ Ајде сите да се потпишиме“. Заѕвонивме. Вратата се отвори, мајка му збунето не погледна. „Среќна Нова Година“ рековме тивко и влегувавме полека во домот додека солзи се сливаа по лицето на мајката. Таткото збунето се смешкаше додека се поздравувавме. Се упативме во неговата соба. Кога не погледна очите му заблескаа со радосен сјај. Изгледаше чудно онака без коса. Сите го бакнавме со желба да оздрави што поскоро. Останавме да ја славиме Новата Година до раните утрински часови. Никогаш нема да ја заборавам оваа ноќ.