Прилично дискутабилно прашање.
Помлади или постари како? Брчка плус или минус на кожата, мене не ми доловува ништо за карактерот на личноста.
Те го 36 годишниов вол до мене моментално бесцелно завива речиси 2 саати, и да, има девојка отприлика моја возраст која го возвишува, смета за зрел и се прави шунда ипол оти упецала постар мажјак. Исто е и со младиве прчови кои трчаат и топат гаќи на т.н. (за нив) милфици. Achievement unlocked: Mother fucker, оти нели, плеснале некој/а подеднакво очајна индивидуа која комотно може да парира според возраста со мајка/татко им, па затоа мора да се многу јаки.
Ако зборуваме веќе за сериозни врски, годините не играат некоја пресудна улога, но сепак ми останува прашањето што заедничко има 20 годишна девојка со 50 годишен чиче кој случајно се погодил да е сопственик на фирма?
Така да, додека ми одговара идеолошки и карактерно, додека секој ден се будам насмеана и без „Нек ти јутро мирише на мене“ дури ме гледа низ хипстерска наочара, it floats my boat. Нормално, си има граници. Сигурно со моја 21 година нема да се полетам по некој малолетник, ниту пак да трчам по некој што досега би требало да има деца приближно моја возраст.