Политички настани низ светот

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,524
7,152
1,153
Big Sur
Инспирирана од вчерашните случувања во Ју Ес енд Еј, мислам дека не е лошо да се има и ваква тема за светската политичка сцена.

Ако некој уште не стигнал до информацијата, Американците т.е. припадниците на републиканската партија го направија она што нашите републиканци го направија во 2017та, односно упаднаа во американскиот сенат прекачувајќи се преку ѕидове, подове и умивалници, се сликаа со знаменитостите низ ходниците и собите, собраа по некој сувенир за дома (како што ќе видите по господинот на првата слика), а гледам имало и мини Вевчански Карневал или римејк на Night At The Museum (како што е евидентно од господинот на втората слика).
PRC_178265284.jpg skynews-capitol-protest_5230392.jpg
Протестот, секако, е поради „украдената“ победа на Доналд Трамп.

Секако, темава може да се користи за информирање околу политички случувања кои се од ваш интерес, но доколку се намножат повеќе мислења за одредена тема, истите ќе бидат префрлени во нова (или слободно отворете веднаш нова ако мислите дека има многу да се дискутира за неа).
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,084
5,626
1,683
Disco

Индија како земја фасцинантна и одбивна во исто време, повеќе од пола век има востание на "невидливите" т.е. околу 215 милиони луѓе кои според Хинду системот не постојат, не се луѓе и како такви немаат никакви права.
Веројатно најголемата Апартхејд држава било кога, Индија се обидува да го скрши отпорот но залудно, секојдневие се вакви напади каде полициски г**на, ок полициски специјалци се претвараат во куп лешеви.
Наксалитите или маоистите имаат и свои ослободени територии на север.
Интересно е што ниту еден мејснтрим медиум во светот не известува за ова бидејќи би покренало милион прашалници пошто Јужна Африка и Родезија беа прогонети од меѓународната заедница за Апартхејд а Индија и Израел не се, следствено на тоа нек иде крајната дискриминација под тепих, дајте ефтини маици, патики и играчки од Индија.

Свесно изгебнувам настани кои се случуваат во отровната и декадентна Империја, им посакувам среќна граѓанска војна ако дојде до тоа, што да не, нек се прикољат малку меѓу себе. Интересно е што се случува кога неколку генерации по ред нема да имаат егзистенцијални проблеми. Зошто секогаш се забегува во декаденција е правото прашање.


Нек се балканизираат амери малку, тоа би било одлично за гледање сеир, мамицата нездрава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,524
7,152
1,153
Big Sur
Малку доцна ми текна т.е. доцна изгледав, но имам по некој коментар за (трач-политика ќе му дојде ова) интервјуто на принц Хари и Меган со Опра.
Имаше период кога многу бев опседната со Дијана, па така изгледав триста ствари за нејзиниот живот и теории околу нејзиното загинување, па сега не можам да не забележам дека Меган премногу сака да ја заземе нејзината улога.
Реално, не може човек да знае што се случува во монархијата и нивните мрднати правила, па така не ме чудат и многу работи што ги кажаа дека се вистинити, но некои беа и малку очајни, ко на пример фактот дека демек никогаш не го гуглала Хари за да види кој е, кога всушност дома имала книга со биографијата на Дијана и, пази ова, го носела нејзиниот омилен парфем на првите неколку состаноци со принцот.
Овој дел ми испадна малку социопатски, најреално.
Не сакам да бидам таа личност, но типувам на скандалозен развод за некоја година. :|

Ама Арчи им е пресладок! :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,524
7,152
1,153
Big Sur
И пак вести поврзани со кралското семејство.
Реално, човеков со сила го одржуваа во живот, ама навистина неприродно е да одржуваш некој што поприродно би се вклопил во саркофаг отколку меѓу живи луѓе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,084
5,626
1,683
Disco
И пак вести поврзани со кралското семејство.
Реално, човеков со сила го одржуваа во живот, ама навистина неприродно е да одржуваш некој што поприродно би се вклопил во саркофаг отколку меѓу живи луѓе.

Нели овие беа така некако...рептилијанци? :pusi
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,524
7,152
1,153
Big Sur
Нели овие беа така некако...рептилијанци? :pusi
Беа, ама ете, толку траел адренохромот. :rofl
Шала на страна, веќе не личеше на човек и греота е некого да одржуваш толку долго во живот кога организмот го издава.

Дури осеќам ко да треба да ставам знак за вознемирувачка содржина пред сликава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,084
5,626
1,683
Disco
Беа, ама ете, толку траел адренохромот. :rofl
Шала на страна, веќе не личеше на човек и греота е некого да одржуваш толку долго во живот кога организмот го издава.

Дури осеќам ко да треба да ставам знак за вознемирувачка содржина пред сликава.
Језивооо...........
Тоа адрехохром кога ќе прочитам од прва ми текнува на фирма-загубар на прва, после ми текнува што е уствари, една од појаките теории последно време :frantic
Може само се враќаат во рептилијанска форма немаат доволно џус за да одржат илузија на луѓе :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra