Плод со аномалии

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Дали е аутист засега не постои начин да откриеш пред да се роди. Ако те снајде таа ситуација, ќе го гледаш и ќе го храниш зошто е твое дете и ќему собираш лајна! Немам дете аутист, но имам внук...Од гледна точка на родител, да сигурно е незамисливо тешко...Ама не е тешко шо по него ќе трчаш. тешко е што го гледаш како страда и чувствува болки, а не знаеш како да му помогнеш.
Конкретно на темата, не знам што би одлучила јас, можеби и затоа не се одлучив на второ дете се’ уште.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Исто е од аспект на сигурност на детето, и болно и здраво дете би било несигурно аkо мајката почине, тоа зборевме (никогаш не дочитуваш до крај и секогаш ја утнуваш поентата, за друго се работеше, конкретно во тој пост)
Јас немам против тоа родителот да се одлучи на абортус и јас самата не знам како би постапила ак ми се случи нешто такво, но имам против кога родителите тврдат дека абортирале за доброто на детето и во мојот прв пост на темава кажав зошто мислам така.

А што се однесува до маката и обврските околу аутист... знам дека не е исто ова што ке го споредам, ама не можам а да не пишам.
Некои луѓе можат цел живот да си го посветат во грижа за своето милениче и повеке пати во денот да му го собираат изметот и да не се делат од него, да го хранат и сето тоа... а кога би се работело за нивно родено дете, тогаш немаат сил за да се справат со обврските.
На повекето луге да им дадеш мајмун на чување, без размислување ке прифатат и ке бидат среќни поради тоа, всушност лугето дебело плаќаат за да имаат мајмун дома и да му го собираат изметот, а своето дете кое би се однесувало како мајмун нема да го родат (да не речам - ке го убијат)
Ке речете дека детето нема да биде среќно, па затоа сте се ослободиле од него, но
и мајмунот нема да биде среќен ако живее затворен во соба на човек, многу по себичен е од ретардирано дете и може да биде опасен за околината
Разликата е во тоа што со мајмунче ке биде фаца кога ке се шета, а со аутис - не.

Сериозно, мајмун? А хамстерче? Пајак? Компир?
Разбираш дека мајмунот е автономен и може да опстане сам по себе во природа - за разлика од лицето со посебни потреби? Обична мачка е неспоредливо понезависна од такво лице.
Не би сакал да чувам ниту аутист ниту заточен мајмун, скраја да е.
 

Tantara

Староседелец
31 октомври 2013
456
694
1,103
Skraja da e,ama za autist konkretno ne mozes da znaes dali e ili ne e pred da napolni 2,5 - 3 godini...Posle ne znam dali imas izbor.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Сериозно, мајмун? А хамстерче? Пајак? Компир?
Разбираш дека мајмунот е автономен и може да опстане сам по себе во природа - за разлика од лицето со посебни потреби? Обична мачка е неспоредливо понезависна од такво лице.
Не би сакал да чувам ниту аутист ниту заточен мајмун, скраја да е.
не ми беше целта да споредам мајмун со болно дете, туку грижата и обврските околу мајмунот и грижата и обврските околу детето. Кога го пишав тој пост, те цитирав каде што пишуваш дека на родителот му е тешко цел живот да го чисти изметот на детето, а јас кажав дека на истиот тој родител ке му биде задоволство да чисти измет на мајмун, не спомнав ништо за тоа кој колку може да опстане во природа.

Друг пат читај внимателно, пробај да разбереш што сакам да кажам и не ја менувај во сосема друг правец.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Ако имам простор да изберам, односно ако уште во бременоста се утврди сигурна деформација на плодот, некоja тешка ментална ретардација или било каков потежок хендикеп тогаш најверојатно би се одлучила за абортус. Себично би било од моја страна да го родам и да го осудам на живот во кој само би вегетирало, би страдало или не би било свесно ни кое е, ни што е, а ни каде се наоѓа.Тие деца имаат потреба да бидат постојано згрижени и негувани целиот свој живот и никогаш нема да бидат самостојни. Родителот треба да вложи мнооогу внимание, труд а и пари за да обезбеди правилна нега, а какви услови имаме кај нас во државава се знае. Двајца родители работат за да опстане едно семејство, со одлуката да го задржиш ваквиот плод и да го чуваш тоа дете едниот мора да се откаже од работата, или да остане да работи ама платата ќе ја дава пак на лице кое ќе биде задолжено за чување на детето. Пак се сведува муабетот на тоа дека една плата ќе остане на располагање а со неа што попрво, да бидеме реални? И да се тука баби и дедовци да помагаат сепак треба големи финансии за да му се пружи на тоа дете соодветна нега, терапија, и се останато што може да му го направи поподнослив животот.
Може звучи без врска што спомнав пари ама родителот треба да биде спремен колку психички толку и финансиски за таа борба.

Едит: блага ментална ретардација или лесен хендикеп би го чувала, а ко што пишав и погоре се што е со напред "тешка" не, тоа е измачување и тортура и за родителот и за детето.
 
Последна промена:

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Незнам колкумина од сите вас што пишувате на темава сте родители, но кога ке имате деца ке сфатите дека и кога децата ви се здрави ке имате големи маки, маки што не можете ни да ги замислите се додека не станете родител.
Освен сите убави чувства кои ке ве преплавуваат поради нив ке ве преплавуваат и чувства како страв, несигурност, исцрпеност, нервоза, разочараност, вина и сл.
Ретардираното дете можеби ке мора да го кревате цел живот и ке ве болат рацете, можеби ке му го чистите изметот и ке ви се лоши што тоа го правите секојдневно, можеби ке го храните како мало бебе, но не бидете толку сигурни дека полесно ке биде и со здравото дете и здрави деца се растат со маки и од нив болат и раце и нозе и глава и срце и душа. И поради нив ке имате непроспиени ноки и поради нив ке чувствувате болка...

Дете е дете, секој родител си го сака своето дете без разлика на неговата ментална состојба, а јас пак ке кажам дека не можеме да знаеме дали и колку ке биде (не)срекно тоа дете и според мене е добро да му се даде шанса за живот.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ако на некого му е проблем да се грижи за бебе/дете, тогаш тој сигурно ќе се реши да нема деца воопшто. Штом се решиш да имаш дете, значи ја прифаќаш обрската да се грижиш за него. Но дете е дете до одреден степен. Со тек на време го учиш како самото да иде во тоалет и да врши нужда без твоја помош, го учиш да води хигиена без твоја помош, да јаде, да се облече, да отиде до некаде, да зготви нешто, да чита, да учи, да вози велосипед/автомобил, да се социјализира, итн, итн. Тоа е целата поента всушност, а не до крајот на неговиот или твојот живот, да правиш се за него. Да зависи од твоја или општо кажано, туѓа помош. Во животот не секогаш смртта е најлошото нешто.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Ако на некого му е проблем да се грижи за бебе/дете, тогаш тој сигурно ќе се реши да нема деца воопшто. Штом се решиш да имаш дете, значи ја прифаќаш обрската да се грижиш за него. Но дете е дете до одреден степен. Со тек на време го учиш како самото да иде во тоалет и да врши нужда без твоја помош, го учиш да води хигиена без твоја помош, да јаде, да се облече, да отиде до некаде, да зготви нешто, да чита, да учи, да вози велосипед/автомобил, да се социјализира, итн, итн. Тоа е целата поента всушност, а не до крајот на неговиот или твојот живот, да правиш се за него. Да зависи од твоја или општо кажано, туѓа помош. Во животот не секогаш смртта е најлошото нешто.
А што би направила доколку родиш здраво дете, па му се случи нешто понатака во развојот и недај боже пак остане на твој грб цел живот? Ке го напуштиш ли? Како би се справувала во таков случај?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
@malo глеам премногу релативизираш и убацуваш одреден елемент на факт кој иако е неоспорен, сепак не значи дека сите ние што не се сложуваме целосно со твојот став сме сосема против човештвото.
А што би направила доколку родиш здраво дете, па му се случи нешто понатака во развојот и недај боже пак остане на твој грб цел живот? Ке го напуштиш ли? Како би се справувала во таков случај?
За овој случај е веќе игра на судбината која може буквално да се случи и на 1на и на 5 и на 15 а и на 45 години, така да тука нема простор за дискусија визави темава.
За твоето лично искуство секако не го оспорувам, самата си доволно свесна низ што се` поминуваш и верувам дека не ти е воопшто лесно. Секој си го пронаоѓа патот кој би му ја олеснил болката. Ти го тераш својот, јас својот, петко, јанко.... кој како си наумил. Убаво е и да се слушнат туѓи искуства, од голема помош се, но во даденава тема немаат баш допирна точка, освен тоа дека децата што ги имаш се здрави, прави и ти се трудиш буквално се` да им пружиш да пораснат во индивидуи кои подоцна би контрибуирале во општеството.
Темава е за оние кои се родиле со аномалии кои ги врзуваат за постела, деца кои никогаш нема да можат да бидат нешто повеќе од терет во фамилијата.... кои никогаш не би се оформиле како индивидуални ликови кои колку толку ако не во општеството, би помогнале по најосновните домашни задачи. Значи одиш на прегледи и ти кажуваат дека постои 99% ризик да родиш плод кој ќе ти ги промени сите желби за кои си се надевала, и не само што ќе ти ги промени, туку ќе те обврзува целиот твој живот да го посветиш на таа единка, со тоа ставајќи ги во ризик сите претходни деца (година/две разлика) како и желбата понатаму да родиш уште едно дете.
Колку е човек спремен да го понесе овој ризик секако многу зависи од индивидуата... Но нема апсолутно никаква споредба со здрав плод (бебе) не па со животно. Со самото тоа што ќе родиш здраво бебе твојата психовизичка состојба оди веднаш на повисока точка да го згрижиш а веднаш потоа и почнеш да го едуцираш бебето. Ако родиш плод со тешка деформација, духот е опаднат. Нема потреба од глумење мајки терези, но тука не се работи за среќа. Сите кои “биле среќни“ во тој даден момент, ја кријат својата тага зошто природата ги „наградила“ со таков плод. Се` понатаму што следува се сведува само на издржливоста на родителот како индивидуа, но не и на детето кое би пораснало.
Јас сум човек од прагма и некако многу сурово гледам на ова, иако ги оправдувам родителите (а неретко и им се дивам) за изборот дека се одлучиле да го чуваат детето. Но мојата максима важи дека понекогаш треба да напраиме мало зло за да се стремиме кон поголемо добро. Иако ова и не е баш „мало“. Но како што реков ако ризикот е видлив и покажува дека е доста голем, би се одлучил на абортус. Не затоа што се работи за (не)љубов, туку баш напротив - се работи за љубов на многу поширок спектар - среќа во семејството, а не целокупна и целоживотна приврзаност на една индивидуа која никогаш нема да може да се помрдне од една точка на возраст.
Секако дека не сум за да се стават сеа сите монголоиди во фурна за да се спаси човештвото. Но ако се има начини да се избегне ризик да се роди плод со тешки деформации, како и фактот дека родителите не се доволно спремни да му пружат апсолутно се` на таквото дете, тогаш не гледам зошто да не се абортира.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
А што би направила доколку родиш здраво дете, па му се случи нешто понатака во развојот и недај боже пак остане на твој грб цел живот? Ке го напуштиш ли? Како би се справувала во таков случај?

За овој случај е веќе игра на судбината која може буквално да се случи и на 1на и на 5 и на 15 а и на 45 години, така да тука нема простор за дискусија визави темава.

Се сложувам. Друго е кога можеш да го предвидиш и нешто да сториш околу тоа, а друго е кога тоа ќе се случи во текот на животот. Тогаш тоа е надвор од твоите раце.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara