Слушни ја тишината,
пред денот осуден,
од твојата глад,
до крај,
до работ на твојата слобода,
постои,
распослана по црни чаршави,
испотена,
од жештината на синиот блуз,
отклучена преку очите,
во градите,
се губи,
заклучена во себе,
лесно жиевам во неа,
дали и ти?
осамен сум во неа,
дали си и ти?
ја допирам со росата на прстиве,
мирисајќи го утринскиот поветерец,
натопен од птичјиот крик,
и се уште сум осамен,
мислев жив сум,
слушам гласови,
бучни,
на души загубени,
побединици,
во новото време,
и повторно е исто,
срцето,
чука осамено,
отчукувањата му се добро друштво,
во небото од тишина,
ги губи и телото и духот,
одамна немам слушнато,
насмевка во утрото,
и во тоа пред него и после него,
те допирам во мислите,
мислев нем сум,
можеш ли да ме слушнеш?