Писмо до идниот јас

ричи.иии

Нов член
18 март 2013
9
6
3
51
Здраво идна јас!
Се што ке посакаш направи го,за да не жалиш...Никогаш не се откажувај...Научи да си го живееш животот баш ти ко што сакаш...Само така ке бидеш СРЕЌНА...не прави ја истата грешка бидејки џабе е напишано писмово...Сепак сакај го истиот човек,но верувај и на својата интуиција и уживај
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Еи чика Даре
Знам дека си јоште исти и после 20 годинке, знам дека још га употребуеш муабет 'ма што сам разбираја тк, дваес две ти године сам имаја' : ) Епа тк си бија блиско до тија годинке, а ск си скроз далеко, ама ти си ист, ама ако : )
Сигурно ск си на фамилијаран ручак, ама сс тфоју лепшу половину и тфое мало шаолинче, глеаш Јунајтед, а тамо ништо ново, Јунајтед е прф пред Челзи, Аренал и осталу екипу... Рокаш ракију, дада за апетит пред ручак, како што праеше и у тинејџерстфо
знаеш си ти, апетит и циркулација су битан елемент од секојдневие( овакој ли се пишуе бре овј збор, у куманофски речник га нема )
Мора да те пофалу дека не пцуеш толко мрсно како порано, ама ипак си га држиш терк куманофски, кд пцуеш пцуеш(y)
A за музику опасно га сакаш стар рок, а за амбиент пред спање сигурно ти мрси жена ти, угаси бре тој неможу да заспију, а само ти си знаеш дека устфари без музику тебе не те фаќа с'н : )
Поздраф Нездраф чика Даре : )
 

Smile

Истакнат Член
6 февруари 2013
84
190
143
Драга мила моја најубава идна јас,
да си се сакаш себеси секогаш не заборавај,тури им пепел на другите. Те молам не ставај се при срце,биди си паничар,дрдорко,збукна..но секогаш насмеана. Сакам да ти кажам дека сега на 22 години јас многу те сакам и сметам и дека си убава и дека си паметна, и знам дека ке бидеш успешна деловна жена во банка седната која ке го живее сонот.Во љубовта немој да се мислиси ако еднаш посакаш нешто напрај го,не се мачи!Нема назад чим еднаш ти се свтило тоа во глава,знаеш! Од секогаш си била таква.... Или крати,или бар не го влечи работите! (ке ме разбереш ххх)

И знај дека си преубава !!! :) Многу те сакам те гушкам и бацувам!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
и не те фаќа сн бе чика, сакаш да си рокнеш сони сс жену ти пред спање, а она мисли ке ву праиш од капетнаесе тошо кд збори за пеглање : ) хаа чика , има ли га још муабет за време курцу пролази, наравно чика, такви муабети су непролазни : )
иде ти се на родителски плаче ти се тамо згодна класна фршти... : ) брииииј жена ти ке ти се мршти Haha
абе чика не троши толко за играчке у први днови од плату, намали.. : ) тачан ли си не намалуј купуј, шалу се и ја како и ти тк,
тоес ск за тебе, ти чика ск га читаш овој , а тој е 2033
поздраф чика нездраф.. !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Почнаа ли да ти се познаваат брчки веќе? Па не си баш млада. Не се теши со креми, не помагаат. Што зборувам, ова е иднина веќе, може сега се измислени нови работи за женска психа.
Муабетот ми е... Уште си со него мислам, според тоа како сега се дижат работите. Можеби и своја куќа изградивте. Се надевам, знам колкава беше желбата. Деца? Сигурно да, најверојатно ти се променило мислењето (цврсто сакам да е така).
Те молам помалку земај си ги работите при срце. Секогаш ќе недостасува нешто. Тоа од сега веќе го знам.
Само не се откажувај од твоите и неговите сни.
Како е С? Уште ли лудувате? Сигурна сум дека еднаш во месецот барем се гледате, ако не повеќе.
И уште ова... Се иселивте ли од пустелијава? Ах, крајно посакувам да е така.
 

Christina

Нов член
17 март 2013
6
3
3
32
До идната јас,

сигурна сум дека си променета нацело од тоа што беше на 21 година, сигурно си посурова со тие што лошо се однесуваат со тебе, и треба да бидеш и да не ги жалеш, бидејки тие тебе не те жалат; биди секогаш насмеана, бидејки и секогаш си била таква, без разлика на проблемите што те мачат; биди позитивна; прави го тоа што на тебе најмногу ти одговара; сакај го човекот кој е до тебе, се надевам дека веќе го имаш пронајдено вистинскиот; и немој да се срамиш од младата ти, па нели цел живот учиме. Се надевам дека го искусуваш животот што го беше замислила уште како млада.
 

Emma.T

Истакнат Член
23 декември 2012
241
352
163
Идна јас...
Од кај да почнам? Ме интересира како изгледаш и дали си ги исполни поголем дел од плановите? Стварно имаш 3 деца или уште си до второто?
Ако до сега не си научила да лажеш, да се научиш.
Ако уште им веруваш премногу на луѓето, да престанеш.
Ако уште не си му кажала колку ти значел, сега слободно напиши му писмо(не mail, туку старомодно писмо). Ќе го потсетиш на неговите писма од пред 100 години и ако ништо друго ќе се насмеете заедно. :giggle
За семејство не ти зборувам ништо, затоа што знам дека си ок на тоа поле, само да те потсетам да не се грижиш премноооогу за децата, убаво е да се посамостални.
Секој ден покажувај им на блиските колку ти значат.
Одвој време за другарките, одвој време за да си исполниш некој сон и одвој време за да исполниш нечиј сон.
Ако си престанала да вежбаш, веднаш да почнеш пак со вежбање.
Ќе заборавев... Уште си жива?:^) :mstickle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Александра мила ем драга...се надевам дека сеа имаш портокалова коса а не црвена.. се надевам дека се префарба без да ги слушаш другите како јадат г**на оти нема да ти стои...сигурно си омажена за А ма гарант!он никогаш неможел без тебе!сигурно те нема запросено дури скокате банџи џампинг како ти шо си праеше филмови на времето,ама битно те запросил!глеам имате и еден телетабис...еее а ти викаше страв ти е од породувања и никоаш нема да имаш дете! срам да ти! со кој ум си го мислела тоа...себичњак еден!се надевам дека не си станала пуфла и не носиш штикли и фустани,туку си ги џексаш старките уште..и на тоа телетабисот дури си му купила...убаво ти е убаво..среќна си се глеа!и покрај тоа шо мразеше да живееш со свекрва :rofl поздрав од алексис младата....