Се надевам дека не го читаш ова. Ако да, тогаш уште читаш форуми...
Има ли смисла тоа да го правиш на твои години?
Ќе ти исчукам, не ти иде паметот.

Има ли смисла тоа да го правиш на твои години?
Ќе ти исчукам, не ти иде паметот.
Ова како да ми го напишала бившата ми јас,само буквата Д ме разубеди дека сум грешкаЗдраво Идна Јас
Прво и основно. Остани здрава и убава и смеј се почесто (знаеш дека тоа ти треба)
Лекот за сите болки веке одамна го најде и ти порачувам да го чуваш и да го пазиш и да го сакаш најмногу и да не се плашиш од ништо бидејќи ме имаш мене (себе) и го имаш него а знаеш дека тоа е единственото нешто што ти е битно во животот. Сега кога веројатно имаш повеќе пари отколку што јас имам денес па помагај повеќе кај можеш и колку можеш(а ако немаш тоа значи си ја зезнала работата у Инспекторатот. Како и да е знам дека секогаш наоѓаш начин да ги решиш работите а тоа ме прави мирна. Читај книги и гледај си филмови , се надевам дека го уреди станот во скандинавски стил , ако не, тогаш значи дека сеуште расположението и вкусовите ти се менуваат како ветрот. Добро е што го имаш мистер Д до тебе да ти ја даде онаа сигурност во изборите . Чувај ја пријателката , ти знаеш која..и дружете се колку што можете повеќе. Наоѓај време да отидеш до куќата на село и до водопадите, таму ќе најдеш мир и задоволство и ќе ги наполниш батериите . Пишувај , сега веројатно немаш толку слободно време ама кога имаш пишувај. Еден ден тоа некому ќе му се допадне и ќе се гордее со тебе. Се надевам одгледуваш цвеќиња , ако е тоа така би ме израдувало многу. Не сакав да ти давам совети оти знам дека не сакаш совети. Знам дека ги сакаш и грешките што ги правиш оти и тие се за ум, и оти без нив немало да бидеш таа што си денес. Само еден совет имам драга моја , немој да брзаш , се во свое време , имај трпение , и помалку остар јазик(знаеш дека тоа ти е маана) . Толку. Биди среќна, кога имаш криза (што се надевам дека некако си успеала да ја надминеш ) ако не, знаеш што треба да правиш. Внимавај на најблиските....и не се замарај толку со навидум битни ама скроз небитни работи. Така, поздрав и остани си помалку самобендисана де .) си знаеш дека си добар човек. Слушај музика знаеш со кого, и немој да му забрануваш да собира дискови оти собирале прашина. И твоите книги собираат прашина па никому ништо. А сега оди и купи си некоја убава работа. Знам дека тоа ти причинува огромно задоволство. Чао најдрага! You have always been a good girl deep inside.