Случајно шетајќи низ нетов, наидов на една тематика, не така малку сериозна, но сепак креативна и одлична за мотивирање. Сте се запрашале ли некад што би се случило ако си пишете на идниот вас? Во смисол - пишувате сега за сегашните (и минатите случки) но со назнака да обрнете внимание на одредени детали во иднината. Прост пример ви е Тед од How I met your mother кој во одреден дел од животот си посветува неколку писма до идниот Тед. Значи... некои идеи? Слободно можете и креативно да размислувате на оваа тема.



. Како и да е знам дека секогаш наоѓаш начин да ги решиш работите а тоа ме прави мирна. Читај книги и гледај си филмови , се надевам дека го уреди станот во скандинавски стил , ако не, тогаш значи дека сеуште расположението и вкусовите ти се менуваат како ветрот. Добро е што го имаш мистер Д до тебе да ти ја даде онаа сигурност во изборите . Чувај ја пријателката , ти знаеш која..и дружете се колку што можете повеќе. Наоѓај време да отидеш до куќата на село и до водопадите, таму ќе најдеш мир и задоволство и ќе ги наполниш батериите . Пишувај , сега веројатно немаш толку слободно време ама кога имаш пишувај. Еден ден тоа некому ќе му се допадне и ќе се гордее со тебе. Се надевам одгледуваш цвеќиња , ако е тоа така би ме израдувало многу. Не сакав да ти давам совети оти знам дека не сакаш совети. Знам дека ги сакаш и грешките што ги правиш оти и тие се за ум, и оти без нив немало да бидеш таа што си денес. Само еден совет имам драга моја , немој да брзаш , се во свое време , имај трпение , и помалку остар јазик(знаеш дека тоа ти е маана) . Толку. Биди среќна, кога имаш криза (што се надевам дека некако си успеала да ја надминеш ) ако не, знаеш што треба да правиш. Внимавај на најблиските....и не се замарај толку со навидум битни ама скроз небитни работи. Така, поздрав и остани си помалку самобендисана де .) си знаеш дека си добар човек. Слушај музика знаеш со кого, и немој да му забрануваш да собира дискови оти собирале прашина. И твоите книги собираат прашина па никому ништо. А сега оди и купи си некоја убава работа. Знам дека тоа ти причинува огромно задоволство. Чао најдрага! You have always been a good girl deep inside.