Партнер од друга вера?

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Абе јас немам ништо против тоа да, би имала повеќе храброст би била во таква врска но работава е што последиците, начинот на кој што ќе реагираат семејствата ќе ме јадат и поради тие работи нема да уживам во таа врска, а што ќе ми е таква врска кога сум цело време под притисок.
Плус како и да погледнеш сите ќе страдаат од една страна родителите пошто одиш против нивна волја, а од друга страна партнерот пошто таа врска поточно таа љубов колку и да е искрена, и чиста е ограничена и и се знае крајот. Па зашто воопшто да почнува. Само ради тоа не би почнала таква врска, не давам шанси на работи кои знам дека нема да успеат и не сакам ради нив да страдаат други мои блиски луѓе па макар и да е партнерот зошто да му давам надеж кога знам дека ништо нема да бидне од тоа.

Според исказот твој, ако си христијанка,не би можела да бидиш со ништо повеќе и ништо помалце освен со уште еден православен христијанин. Ете викаш домашните комшии роднини би ти правеле проблем исто и ти се плашиш,во ред.Е сеа муабетов ми е дали се водиш по она старото, ако се вика Ахмед автоматски не е “наш“ и не можеш да одиш со него,а ако се вика Трајче,можеш затоа што е наш? И како ти Трајче ќе го процениш дека е христијанин,по која логика и основа? Ќе му поставиш скриена камера дома,дали пред легнување се крсти, чита свети писанија и конзумира осветена вода? Дали освен на темјан, мириса на друг мирис куќата негова, дали во недела застанал во прв ред в црква на литургија,дали постел божик дали вапсал јајца и со која боја? Значи овие наброениве работи, треба да ги проверуваш за да стоиш на исказот дека “не одиш со човек од друга вера“. Во спротивно,тој Трајче можеби носи СЛОВЕНСКО ИМЕ ама во душата е Атеист,или пак станал Будист, Хиндус, Паган, почнал да чита Телема и сл..

Јас сум сигурен дека ти не би можела да си во врска со АХМЕД, нити БУРИМ нити КУЈТИМ, туку би можела слободно со ТРАЈКО,ПЕТКО,РИСТО затоа што автоматски што има такво име ќе му најдеш и религиозна припадност што е апсолутно погрешно...
А тоа значи дека не бираш религиозна припадност,туку бираш НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ, а простотијата и неписменоста сеуште се влечи низ 21 век како нагазено ѓубре под ѓонот на чевлите, па НАЦИОНАЛНАТА ПРИПАДНОСТ е поврзана со РЕЛИГИОЗНАТА ПРИПАДНОСТ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno and 4FUN

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com

Полека малце се залета не ќе знаеш кај да закочиш. Ниту спомнав религиозна ниту национална ниту не знам каква ли се уште не припадност.
Ниту па реков дека сум ПРОТИВ такви врски или па дека јас никогаш не би била во таква врска. Туку дека НЕМАМ ХРАБРОСТ да бидам во таква врска што е сосема различно од тоа да НЕ САКАМ. Едноставно смачено ми е од проблеми расправии, обвинувања и што ли уште не. А со таква врска тоа секако го има колку и да негираш.
Како и да е туку зашто секогаш кога ќе се спомне "од друга вера" секогаш се мисли само на христијани и муслимани? Само тие ли две вери постојат, ко да нема други.
 
Тие се најдоминантни и најконтраверзни, не верувам да ти направат проблем ако се земиш со АМЕРИКАНЕЦ - протестант, или ако се омажиш со Јапонец будист.
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Тие се најдоминантни и најконтраверзни, не верувам да ти направат проблем ако се земиш со АМЕРИКАНЕЦ - протестант, или ако се омажиш со Јапонец будист.
Зависи каков американец ако е црн повеќе проблеми ќе ми прават него Aлбанец да земам :D Отидов на расизам инаку што се однесува до мене и кога би можела јас да си бирам језда секако бирам, ама тој избор да не би бил под притисок од страна на најблиските тогаш би си ја избрала личноста со која би можела да живеам нормално и таа со мене, и не би гледала дали е Албанец, Јапонец, Индиец, Кинез (овие многу ниски би биле за мене :) ) Американец, Вонземјанец и какви и ли да има други. :)
 
Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Зависи каков американец ако е црн повеќе проблеми ќе ми прават него Aлбанец да земам:)

Е тука е одговорот на тоа “немешањето со други вери“. Порано секој народ си имал своја вера и ги именувале по верите.Така да ако се смешал брак со некој од друга вера значело истовремено мешање и со друга народност/генетика како сакаш речи,па не дозволувале за крвта да им била чиста.Денес тоа е глупост,човек да ја прошета Македонија надолжно и нашироко,ќе види од црни како арапи до ариевци, и сите се нарекуваат “МАКЕДОНЦИ ПРАВОСЛАВНИ“.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Да дефинитивно ако се сакаме со таа личност нашата вера не би била никаков проблем ;) :nerd
 
Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
(facepalm) Ова е исто како од машки да облечеш женски гаќи , ќе ги носиш со срам со сила, ќе одиш против себе .. до кога само ?! (facepalm)
Демек дека во современ свет живееме и тоа е ок ?
Па не е баш така , и научниците правеа од слон и од носорог експеримент само што не излезе ни желка ... :svirka
 
Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Многу млади девојки мислат дека таквата љубов може да успее, но кога ќе сфатат дека нивните деца треба да имаат имиња што не се македонски и дека треба да имаат некои нови обичаи, некои нови верувања многу се каат и пишат по форуми, што да прават, а ако не се невини па ептен голем проблем имаат тогаш. зошто нели мора невина да е девојката за мажот. Не се залетувајте многу, зошто ниту родителите на дечкото ќе ве сакаат и почитуваат некогаш како што треба, ниту па вашите родители ќе бидат горди на вас и ќе го почитуваат него :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

James Dean

Нов член
20 август 2018
4
0
1
32
Здраво Дечки
Да споделам мој проблем во врска со оваа тема па може да проследам ваши мислења.
Гледам многу од одговориве ги имаат дадено женски, па јас како машко да споделам мој проблем кој трае од пред 5 години а започна пред 7.
Во 2011 (кога бев 19) се запишав на факс и таму ми се допадна една девојка која беше ромка тоа беше баш онака љубов на прв поглед.
Но немав некој голем контакт за да ја поканам да излеземе. По некое време разбрав дека почнала врска со некој и јас повлеков.
После една година почнавме пак да комуницираме но онака чисто за теми од факс, но сеуште беше во врска и некаде средината 2013 повторно почнавме да контактираме но овој пат беше и малку по приватен со тогашниот имала некои проблеми но не сакаше да кажи за што станува збор.
И септември 2013 (на 21) од никаде раскина со партнерот и почнавме да се гледаме (Јас нормално пресреќен :) ) бевме заедно неколку месеци се беше супер но сеуште не сакаше да ми кажи зошто раскинале со претходниот. После некое време ми кажа дека партнерот и бил христијанин а таа е муслиманка и дека семејствата се противеле и тоа било причината.
Јас од кога го слушнав тоа веднаш знаев дека и јас би можел да го имам истиот проблем и за да се осигурам дека треба да се вложам 100% во врската сакав да се соочам со решавање на тој проблем дури сме сеуште на почеток за да не дојди до повторување.
И прв јас потегнав иницијатива и му кажав на домашните мои кои очекувано беа против и кажав дека е истиот проблем и врската почна да стагнира таа почна да се оддалечува од мене јас се борев со ситуацијата да им го сменам мислењето на домашните и да ја засржам незе но не успеав во сето тоа и некаде март 2014 официјално ми раскина таа. Јас целиот емоционално уништен од двете страни се налутив и се скаравме и изгубивме контакт.
Немавме контакт година и пол и при крајот 2015 година ме побара повторно но онака само да се видиме за некоја си ситница и после тоа повторно ја снема.
После тоа пак немавме долго време контакт се до февруари годинава ме побара повторно но онака чисто пријателски, а во меѓувреме разбрав дека имала веќе некој исто христијанин и причината што ме побара беше да ми кажи дека повторно и се појавил истиот проблем што го имаше и пред мене и со мене и дека сака да бидеме пријатели, се пробав повторно да воспоставам стабилен контакт како потенцијални партнери но видов дека нема некоја силна намера бидејќи последниве три месеци се однесува топло ладно спрема мене.
Во меѓувреме изминативе 4 години јас имав доста кавги со моите родители во врска со оваа девојка и сум пробал да бидам и со други девојки но со ниту една од нив сум ја немал таа поврзаност како што беше со незе.
Сега имам 26 години и сватив дека со незе би можел да функционирам перфектно баш како што сакам но има еден куп пречки да дојдам до тоа и плус незнам дали е спремна и дали сака да биди повторно со мене.
Знам дека има доста патетика во приказнава но тоа е што е, па е молам за ваши мислења и ставови.
 
123456789deset

Истакнат Член
18 јули 2018
96
36
128
42

ако е и она спремна да се бори за вас против нејзините ондак напрај го и ти тоа
а сам да се бориш не вреди
имав јас врска со муслиманка, кога дознаа нејзините инстат ја омажија у некое тетовско село
само еднаш ме имаше поздравено по една братучетка, нормално ужасен живот имала и толку веќе нишо не слушнав за неа

Sent from my iPhone using Tapatalk