Абе јас немам ништо против тоа да, би имала повеќе храброст би била во таква врска но работава е што последиците, начинот на кој што ќе реагираат семејствата ќе ме јадат и поради тие работи нема да уживам во таа врска, а што ќе ми е таква врска кога сум цело време под притисок.
Плус како и да погледнеш сите ќе страдаат од една страна родителите пошто одиш против нивна волја, а од друга страна партнерот пошто таа врска поточно таа љубов колку и да е искрена, и чиста е ограничена и и се знае крајот. Па зашто воопшто да почнува. Само ради тоа не би почнала таква врска, не давам шанси на работи кои знам дека нема да успеат и не сакам ради нив да страдаат други мои блиски луѓе па макар и да е партнерот зошто да му давам надеж кога знам дека ништо нема да бидне од тоа.
Според исказот твој, ако си христијанка,не би можела да бидиш со ништо повеќе и ништо помалце освен со уште еден православен христијанин. Ете викаш домашните комшии роднини би ти правеле проблем исто и ти се плашиш,во ред.Е сеа муабетов ми е дали се водиш по она старото, ако се вика Ахмед автоматски не е “наш“ и не можеш да одиш со него,а ако се вика Трајче,можеш затоа што е наш? И како ти Трајче ќе го процениш дека е христијанин,по која логика и основа? Ќе му поставиш скриена камера дома,дали пред легнување се крсти, чита свети писанија и конзумира осветена вода? Дали освен на темјан, мириса на друг мирис куќата негова, дали во недела застанал во прв ред в црква на литургија,дали постел божик дали вапсал јајца и со која боја? Значи овие наброениве работи, треба да ги проверуваш за да стоиш на исказот дека “не одиш со човек од друга вера“. Во спротивно,тој Трајче можеби носи СЛОВЕНСКО ИМЕ ама во душата е Атеист,или пак станал Будист, Хиндус, Паган, почнал да чита Телема и сл..
Јас сум сигурен дека ти не би можела да си во врска со АХМЕД, нити БУРИМ нити КУЈТИМ, туку би можела слободно со ТРАЈКО,ПЕТКО,РИСТО затоа што автоматски што има такво име ќе му најдеш и религиозна припадност што е апсолутно погрешно...
А тоа значи дека не бираш религиозна припадност,туку бираш НАЦИОНАЛНА ПРИПАДНОСТ, а простотијата и неписменоста сеуште се влечи низ 21 век како нагазено ѓубре под ѓонот на чевлите, па НАЦИОНАЛНАТА ПРИПАДНОСТ е поврзана со РЕЛИГИОЗНАТА ПРИПАДНОСТ.