Партнерот е од село...

marjan

Истакнат Член
13 февруари 2012
489
657
93
Bitol, Bitola, Macedonia
значи не мозам да сватам дека уште има вакви луге, не е селото и лугето во него како пред 20 год. ако ти се бендисва цовек од село нема потреба од срам или ограничуванје дали да си со него или не, јас сум од село и бас ми е гајле шо не сум од град, бас и гордост ми е шо сум од село, и не ми смета то.познавам и мн Селјаци со се од град,по понашанјето ај чао ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МериСелест

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Не е битно кој од каде е и како е, битна е хемијата и енергијата која ги поврзува луѓето. Значи локацијата кој од каде е е нај малиот проблем, тоа лесно може да се смени, но карактерот и особините остануваат.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Ги има ваквите луге...ама интересно е тоа што некогаш и родителите знаат да се замешат...
Имам пример кај мене во блискиот круг на пријатели...
Мајката ја тераше да го остави дечкото од село и да бара некој богат дечко...
Да ја цитирам: Ти на село нема да одиш...гледај како е таму,тој дома во кука да не ми влегува.:mad:
Не знам зошто толку ги потценуват лугето од село...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Ги има ваквите луге...ама интересно е тоа што некогаш и родителите знаат да се замешат...
Имам пример кај мене во блискиот круг на пријатели...
Мајката ја тераше да го остави дечкото од село и да бара некој богат дечко...
Да ја цитирам: Ти на село нема да одиш...гледај како е таму,тој дома во кука да не ми влегува.:mad:
Не знам зошто толку ги потценуват лугето од село...

Не е лесно да се најде богат дечко и да се има добар живот, башка во последно време се повеќе се присутни девојките кои бараат богати дечковци а се помалку слободни богати дечковци има. А и на крај на краиштата и тие богатите си бараат богати партнери, помина тоа време кога љубовта беше во прашање и ништо друго. Сега од друг аспект те гледаат сите,изглед, облека, образование, статус во општеството, работа, фамилија ,е хееее и пак нема да чиниш на крај, оти он е богат има право да шета да брка швалерки и слично без никој да го праша ништо, оти он е богат..
Нели:unsure
 

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Чекајте малку...
Зарем вие мислите дека селава денешни се со народ кој вози запрежни коли, опинци и носии? До каде со размислувањава бре луѓе? Заостанати, затуцани, одвратни. Да, одвратни.
Дечко ми е од село. И од почетокот на врската, па до ден денес (5 години се во прашање), во ниту еден момент не ми засметало тоа.
Тој мој дечко селанец се вработи во многу позната наша фирма уште пред да дипломира, без врски, ради негово лично знаење и успех. Тој мој дечко зема стипендија без никаков проблем.
Тој мој дечко скоро и да ја издржува куќата, затоа што неговите земаат мизерни плати.
Тој мој прост дечко селанец ме држи како капка на дланка, ме почитува.
На тој мој дечко не му е тешко да избрише прашина или да собере со правосмукалка.
Родителите негови се најмирните луѓе што ги познавам. Можеби не се учени, ама со мека душа.
И зошто на мене да ми биде гајле дали е од село или строг центар, кога душевно сум задоволна? Финансиски не зборувам, секој во нашава мизерна држава има такви проблеми.
Со ваквите мислења не одите никаде. Местото на живеење не го издигнува или спушта човека пониско од другите.
Што ќе ми е некој аеродромец на пример, кога прво и основно не знае да се изрази сиромавиот, второ е приглуп, и трето, затоа што нели е од центар, егото му е до небо?
Ви треба малку зрелост во главите луѓе. Тогаш ни на крај памет нема да ви падне да правите ваква поделба на луѓето. Впрочем, никаква не би правеле.