Парализа и паѓање во сон

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Точно е тоа дека ако не се разбудиш од таквиот сон, ако не се сепнеш и ако паднеш настанува т.н. клиничка смрт? (wasntme)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Мене па место паѓање ми се дешава да носам шишиња по скали, па ми паѓаат и се кршат и тука се штрекнувам..
 

fantina

Истакнат Член
29 април 2012
112
163
343
Психологот Кристофер Френч од Голдсмитс Колеџот во Лондон ги објаснува: Нападите од демоните, посетата на духови и киднапирањето од страна на вонезмјани: некои луѓе се сигурни дека ги искусиле овие случувања. Тие веројатно се дел од многуте жртви кои веројатно имале епизода на парализа во спиењето.

Парализа во спиењето е моментална неможност на личноста да ги мрда екстремитетите, трупот и главата и ако за сè е свесна, може да се појави кога некој заспие или уште поретко кога ќе се пробуди. За време на парадоксалното спиење (REM фаза, rapid eye movement) мускулите на телото се парализирани, веројатно за да го спречи човекот физички да го доживее сонот. Истражувачите не се сигурно зошто ваквата нормална парализа се јавува и во свесна состојба кај жртвите на парализа во спиењето, но психофизиолошките истражувања потврдуваат дека нападите веројатно се случуваат кога личноста ќе влезе во REM состојба наскоро откако легнала, прескокнувајќи ја фазата на non-REM спиењето која се одвива пред неа.
Иако парализата во спиењето е симптом на нарколепсијата, често се појавува и кај здравите луѓе. Анкетите од разни земји покажуваат широка распространетост на проценките: помеѓу 20 и 60% од нормалната возрасна популација доживеала парализа во спиењето барем еднаш во животот. Околу 5% од популацијата почувствувала еден или повеќе вознемирувачки симптоми поврзани со пореметувањето. Најчестите ефекти вклучуваат визуелна халуцинација, како што се сенки и светлина или човечки и животински облици во собата, слушаат гласови или звуци. Луѓето исто така често чувствуваат притисок на градите и имаат потешкотии во дишењето.

Причина поради која парализирата во спиењето може да се објасни со духови и вонземјани е тоа силно чувство на присуство, обично безопасно, кое жртвите го искусуваат за време на нападаите. Исто така споменуваат необични кинестетички чувства, како на пример чувството дека некој ги влече од креветот, вибрирање, летање и паѓање. Ваквите епизоди понекогаш може да доведат до чувство дека сте надвор од вашето тело. Парализата во спиењето може да биде застрашувачка, но никогаш не е опасна, и за среќа, епизодите обично траат неколку секунди.

Што мислите за ова? И ако имате вакво искуство споделете го. :)
 

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Аман со ова копирањево од по сајтови.
Барем да кажеше извор од каде е копирано.
 

BlackArrow

Староседелец
9 април 2012
14
5
1,013
Првиот пат ама баш ич не е интересно, но следниот пат знаеш што е и така чекаш 10 секунди и се се' враќа во нормала :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Да, сум го доживеал. Не е толку страшно само што после тоа се будиш крајно истоштен и ти треба 2-3 дена реанимација за да телото целосно се опушти и се врати во нормала. Сум го имал ова при преголема умствена исцрпеност или секирација што поради емоции, што поради испити.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: fantina and monika88

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Не ми се десила никакфа парализа у сн
Али само едн пут у живот ми се деси да ми завибрира цело тело док спију и толко мноо се стресе што се разбуди и цел беше жива вода негазирана.
Мноо чудан осеќај, како струја да ме здрма