Не знам дали ја отворив темава на правилно место, ако не модератори слободно префрлете ја.
Бездомниците во Македонија мислам ги има во се поголем број. Меѓутоа колку од нив се пријавени како такви. Читав негде на нет дека во Скопје се регистрирани 109 бездомници, од кој поголемиот дел од нив се мажи.
Причината поради кој овие лица го загубиле својот дом се загубата на работното место,или загуба или смрт на еден од брачните партнери, па со тоа немање доволно средства да се издржува семејството. Меѓутоа и дека дел од нив се жртви на семејно насилство.
Во Скопје државата во соработка со Црвениот крст има отворено центри за згрижување на овие лица, во Момин Поток, Чичино Село и во кампот во Љубанци, каде што бездомниците можат да добијат топол оброк, кревет, облека, бесплатно советувалиште, бесплатени лекарски прегледи и лекови.
Колку општеството, или ние луѓето ги отфрламе овие луѓе?
Дали некој од нас помогнал, или познавате некој кој што го изгубил својот дом?
Зошто наместо да помогнеме секогаш ги игнорираме овие луѓе кои што ги има во поголем број, гледајќи ги како просат на улица или чепкаат по којтенери?
Колку овие луѓе успеваат да се рехабилитираат, и повторно да бидат продуктивни во општеството?
Колку Црквата помага на овие луѓе?
Како е во вашиот град, дали има вакви центри за помош?
Што мислите вие?