Отфрлоци на општеството (бездомници)

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Пари не им давам, затоа што знам дека ќе ги потрошат на цигари, а ако имам храна кај мене (или ако јадам) ќе им ја дадам :)

Имало случаеви што ми кажувале познаници, јадат сендвич и ќе им дојде да им побара пари и ако не му дадат се заканува со плукање во сендвичот. (facepalm) И што да му правиш сега, незнаеш дали да го здробиш од земја или да му дадеш.
 

Praetorian

Староседелец
24 февруари 2012
326
396
1,063
Пари на цигани не давам, пошо да извади од џебовите има 5 пати поише од мене, а згора на тоа парите ќе ги троши татко му на ракија, или тоа ќе зима лепак да дува у кеса и после да се преправа дека паѓа у несвест од што е гладно.
Ептен некој човек да видам, кој се глеа дека стварно нема би му дал 10 денари а иначе сигурен сум дека најголем број од питачите се организирани во групи, просат за да не работат ништо, и на моменти се безобразни ако не им дадеш пари.
Имаше случај, пијам кафе со другар у паркче кај мене, доаѓа мало циганче (6,7 години) почна да ги кине цвеќињата у паркот. Му свикав. го збркав и избега. После 5 минути доаѓа насмеано да ми бара пари му викам, немам. Како се шмугна, позади мене ми ркна у кафето.
Иако беше мало, ми идеше цревата да му ги извадам у сред парк. И од тогаш реков, на цигани просјаци пари- никад.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Има бездомници и бездомници.
Најмногу ми е жал за панкерите, кои живеат по улиците и просат.
Најчесто со еден ранец покрај нив,
и куче.
Постелуваат ќебе и ги гледам пред поголемите
продавници.
И им давам пари, зошто да не?
Им подарувам насмевка ако немам пари со себе.
Ако одлучиле дека е подобро да се тргнат од својот домашен пекол и животниот пат ги донел на улицата , не значи дека не заслужуваат да им се даде некој денар.
Ние не сме ништо подобро од нив само затоа што имаме дом и работно место, добра плата
и чисти алишта.
Во секој од тие панкери и општо бездомници
се крие некоја посебна приказна.
Во нивните очи гледам живот.
Верувам и дека голем број од нив се доста интелегентни и имаат некоја уметност во себе.
Работев те правев практика,во една хуманитарна организација која им помагаше на таквите лица( наркомани, алкохоличари, бездомници, проститутки)
и имав можност да разговарам си таквите отпадници од општеството,за нивниот животен пат и за тој еден пресуден момент
на скршнување од тој пат.
Повеќето од нив беа разочарани од некои настани во животот,
и во моменти на слабост и немоќ
тргнале по тој пат, кој ги направил бездомници.
И сигурна сум, дека истото може да му се случи на секој од нас.

А за
циганите...тие не се за мене бездомници.
Циганите се цигани, не би ги квалифицирала во ниедна група.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Огромна разлика има од бездомник до бездомник. Т.е од бездомник до преварант и манипулатор. За вториве не сакам да коментирам, а за првите стварно ми е жал и колку можам се трудам да им помогнам. Има кај мене еден бездомник, 60 годишен човек. Кога го гледам надвор како се тресе на студ, како седи на дожд и пита за јадење стварно душа ми се кине. Освен да му дадам стари алишта и да му купам нешто за јадење, стварно друго не можам да му помогнам. Кога се делеа социјални станови, од маало се собравме да му помогнеме да земе еден, но излезе дека имал брат во Америка, па демек можел да му помогне. Уште повеќе ми стана жал кога разбрав дека има некој близок, а го оставил до тој степен да се мачи да преживее. А човекот е стварно многу повлечен и добар. Сите не поздравува, не досадува како повеќето бездомници, ако му дадеш ок, ако не ќе се насмевне и ќе те поздрави. Се надевам некогаш ќе си ја најде среќата, бар дур е уште жив, а јас ќе продолжам колку можам да му помагам.