Отвори го умот

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си?
Немаше да знам за бројката. Но бројката не ја детерминира и душевната старост.

Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш?
И двете имаат сличен исход. Со тоа што второто уште од старт го сведуваш на првото.

Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правиш, а работите што ги сакаш не ги правиш?
Кроз трње, до ѕвездите. За да сакаш и цениш нешто, за да ти биде пријатно и вкусно, треба да поминеш преку горчината.

Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил?
Експериментите се единствената движечка нагорна сила кон светот на новото. Заслепеноста на идеалите и тоа дека се` е во ред води кон стагнација.

Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот?
Како подостарев, се` повеќе кругот се стеснува кон центарот. Не значи ова еден вид на егоцентричност туку повеќе центрифугалната сила која треба да ја применувам.

Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат?
Онаа која ќе сум среќен? Зарем не е логично.

Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш?
Сфатив еден од подопирливите идеали на животот е да го работиш оноа што го сакаш. Стравот те прави да се приспособуваш во било што друго што работиш.

Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку?
На нога. Почнувајќи од околината на почетокот па понатаму. Во полжавеста форма исцртана на мапа.

До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот?
До оној кој ми дозволуваат навиките. И со одредени прекршаи во линијата од време на време.

Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи?
Како што подостарев, се` трудам да не виткам кичма секому, но во никој случај правилното не го сфаќам како општа норма. Се` додека си тече премисата дека 2+2=4 другото е се` ирелевантно.

Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите?

Суптилно дистанцирање од групата. Луѓето секогаш зборат, така да никогаш не може човек да победи со тоа што ќе одбрани јавно некој отсутен. И нормално пренесување на блиската личност која не била тука.

Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал?
Нема да ме разбере ако зборам со јазикот на возрасните.

Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш?
Љубовта секогаш сум сметал дека е најголемиот прекршител на сите овоземски закони освен природниот.



Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност?
Оној кој не е доволно луд живее во нормите кои му ги диктира оној над него.
Се` друго подлегнува на креативност и смелост

Што е тоа, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе?
Никогаш не сум сакал да се споредувам со другите во целост. Учам некои работи, земам понешто, но штом не пасува, одам понатаму.

Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни?
Затоа што се крајно субјективни.

Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш?
Пак за некој идеал се работи или вака нешто опипливо?
Затоа што за второво имам цела bucket листа.


Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш?
Би лажел дека автосугестијата работи 24/7. Има мрачни моменти во животот кои скршнуваат од патеката наречена живот. Секој ги има, тука не може никој да ме разубеди. Работата е колку време ќе ни` треба да се вратиме во колосекот или оноа што за нас би било движечка сила за понатаму.


Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто?
Не знам за ова прашање како би одговорил. Се` сметам за недоволно искусен, непрошетан човек па затоа би избрал за почеток некоја земја со посигурен живот која би ме усмерила за понатамошното патешествие.

Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо?
Понекогаш тоа го правам поради пласебо ефектот дека мислам ќе стигне. А тоа се случува оној пат кога целта ми е детерминирана а трпението ми е на тенка црвена линија.

Зошто си ти, ти?
затоа што не сум гладен :D
Мала шега. Зошто сум? Еден шаблонски одговор - испадна сите други места да бидат зафатени.

Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели?
Најчесто луѓето третираат онака како што сакаат да бидат третирани. Но никогаш не испаѓа така. Работата е колку човекот е силен да го потисне/разреши тоа.

Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас?
Исходот е ист. Но првата крајност барем јазот е подлабок иако и во двата случаи премостив. Второто е веќе прашање дали пријателот бил доволно добар.

За што си најмногу благодарен?
За убавите спомени.

Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови?
Нетолку одамна помислив на оваа премиса. Што ако се случи ете еден рестарт да си направам од одредена клучна точка во животот. Со тоа да го изгубам целото искуство, пријатели, апсолутно се` и да почнам од таа појдовна точка. Дали би го трасирал приближно истиот пат како и сега?

Дали некогаш ви се исполнил/случил вашиот најголем страв?
Зад секој страв постои поголем за кој никогаш не сме помислиле.
Но тоа не треба да не` спречува барем да се обидеме.

Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен?
Секој момент е важен за одредено време. Денес можеби ми изгледа смешно сето тоа, но ете го вратам тој момент, посекако ќе ја има таа јачина на чувства.

Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна?

Детството во глобала ми е оформена целина на безгрижност, така да тука немам некои клучни среќни моменти.

Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив?
Кога последен пат се заљубив. Издигнав чувства од кома, некои идеи кои стоеа во фиока ги истакнав на себе. Сменив голем дел од перцепцијата, уште повеќе кога работата заврши.

Ако не сега, тогаш кога?

Кога ќе имам малку повеќе покритие. Некои работи не се предодредени да почнат баш сега.


Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш?
Се` има своја цена. Дури и молкот и вметнувањето на себе-цензура.

Дали некогаш си бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор?
Зборовите се само сувопарна дефиниција на мислата, или па може да те натераат да скршнеш од целта. Разговорот со погледи и фацијални мимики те прави полесно да ги препознаваш пријателите помеѓу луѓето. А љубовта и пријателството одат секогаш заедно.

Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни?
I see too much religion in too many murderers these days. Или тоа беше вчера... не се сеќавам.
Да се бориш под закрилата на масата со изговор дека сееш љубов е најголемата контрадикторност што одсекогаш постоела.

Дали е можно да знаеш што е добро, а што лошо?

Учам... За себе и оние кои ми значат.


Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата?
Затоа што не го работам оноа што го сакам, да. И би вложил во оноа што би ме доизградило како човек.

Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш?
Ако е првото за работа која не ја сакам, тогаш би го избрал вториот идеал.

Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно?
КАко повеќе стареам помалку забележувам. Но секако дека сум го имал тоа чувство. Посебно е интересно дека ова чувство е диктирано не од оноа што го работиме, туку од зоната на комфорот во која сме навлезени.

Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш?
The leap of faith? Кога се заљубив. Проклето вредеше... за сиот мед собран.

Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска?
Многу многу многу тешко прашање.

Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен?
Еден цитат од еден од „идолите“ од музичката индустрија - Џеф:
The Wealtiest Person, Is A Pauper At Times
Compared To The Man, With a Satisfied Mind.

Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот?
Вистинското? За кого зависи... Но има една вистина. Да го живееш животот со отворени плуќни крила е нешто неверојатно. Барем за момент.

Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно?
Кажав и погоре... не секои работи треба да се прават во моментот. Покрај отворени плуќа, треба од време на време да се има и отворени очи.

Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка?
Затоа што забораваме дека горкиот вкус води кон тоа дека убавиот би бил уште повкусен.

Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува?

Би го направил оноа што одсекогаш сум се плашел... да сакам. А со тоа би го направил тоа чувство толку површно и безвкусно.

Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење?
При неколкуте средби со работ на животот.

По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа?

Мојата доблест а со тоа и проклетство е дека ги паметам клучните за мене моменти во животот. А како повеќе стареам, нивото на толеранција на спомени се намалува.

Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе?
Зоната на комфор кај секого е различна. Но никој не може да ме разубеди дека ја нема. Човек треба да ја контролира, а не таа него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си?
Повеќе од пола.
Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш?

Зависи од тоа дали (и колку) навистина сакам да знам што има таму, односно колку ми е важно чувството дека таму има нешто.
Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правеш, а работите што ги сакаш не ги правиш?
Зашто една боја не е доволна.
Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил?
Пола-пола.
Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот?
Себе.
Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат?
Таа што сакам да ја работам.
Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш?
Не би рекла дека од првото може сосема да се исфрли второто. Така што - комбинација со променлив сооднос.
Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку?
Не верувам дека би живеела поинаку.
До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот?

Јас му кажувам како, каде и што, а тој ми вели „ Те праша некој?“
Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи?
Човечните работи достоинствено.
Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите?

Како ми се тие блиски пријатели ако незнаат дека и тој ми е близок пријател?
Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал?

Не би.
Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш?

Не знам.
Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност?

Дефиниција и норма за лудило?
Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе?
Појма немам.
Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни?
Кој рече дека е така?
Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш?
Да ги исклучам мислите барем на некоја минута.
Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш?
Од аспект на „треба“ според другите, веројатно.
Од аспект на моите „треба“, повеќе е обратната ситуација од таа во прашањето.
Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто
Глупо прашање. „Морам“ влијае на „зошто“.
Инаку би некаде на топло, зашто мразам ладно.
Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо?
Не го притискам.
Зошто си ти, ти?
Не сум ти, туку јас.
Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели?
Се трудам да бидам, колку што е тоа можно.
Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас?
Да изгубиш добар пријател од било која причина е лошо (и полошо и најлошо)
Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови?

Не.
Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен?
Да и да.
Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна?
Обичните детски радости. Како се анализира среќа?
Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив?
Тогаш.
Ако не сега, тогаш кога?
Попосле.
Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш?
Очекувањето, посакувањето, можноста, желбата...
Дали си некогаш бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор?
Да.
Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни?
Зашто луѓето не се совршени.
Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо?
Ако е можно да се направи апсолутна поделба валидна за секоја единка во секаква ситуација, тогаш да.
Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата?
Не знам.
Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш?
Толку колку што е доволно за да не се изгуби уживањето.
Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно?
Да.
Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш?
Глупо прашање. Ако цврсто веруваш, тогаш не е мала светлината. Ако е мала светлината, тогаш не е цврсто верување.
Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска?

Мразам вакви прашања.
Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен?
Не.
Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот?
Разликата е помеѓу живеење и постоење.
Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно?
Не знам дали воопшто така испреплеткано ги мерам работите.
Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка?

Стравот е од грешките кои би ги „платиле“ другите заради мене.
Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува?
Единствената борба ми е меѓу срцето и разумот, не е меѓу мене и другите.
Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење?
:D
По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа?

На нешто да, на нешто не.
Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе?
Си дозволувам одлуки заради другите.
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си?
- Познавајќи се себе си, толку колку што имам.

Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш?
- Да не се обидеш. Зошто не сакам да го поминам животот прашувајќи се што би било кога би било.

Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правиш, а работите што ги сакаш не ги правиш?
- Бидејќи има моменти во животот кога човек мора да се адаптира на одередена ситуација, сакал или не. Зошто колку и да сакаме сите работи не зависат само од нас.

Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил?
- Понекогаш зборовите го губат своето значење и стануваат одвишни. Треба човек да знае кога да заќути.

Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот?
- Се`. Мора прво човекот да се промени, па потоа светот.

Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат?
- Продавајќи книги.

Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш?
- За жал последниве неколку години се припитомив на работата што ја работам, зошто живееме во општество каде што многу ретко имаме избор или среќа да ја работиме работата што ја сакаме. Често немаме избор освен да се прилагодиме.

Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку?
- Па би го живеела некаде подалеку од тука, во многу помалку урбана средина, средина во која што технологијата помалку го управува квалитетот на живеењето.

До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот?
- Зависи од ситуацијата, некогаш повеќе некогаш помалку, некогаш целосно. Има многу надворешни влијанија коишто го обликуваат патот по кој се обидуваме да одиме.

Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи?
- Повеќе се грижам да ги направам работите правилно, барем според тоа што го сметам јас за правилно.

Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите?
- Можеби би премолчила во моментот, но дефинитивно би ми се сменила сликата за нив, и можеби би ја изгубила и почитта.

Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал?
- Дека се е избор во животот, и дека секоја одлука има последица. Би му рекла да научи да го употребува мозокот, да размислува, да не чека на готово.

Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш?
- Да.

Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност?
- Сум видела лудило, но за жал не се претвори во кретивност, туку во адаптација на животот.

Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе?
- Самиот начин на живот е различен за секого. Така да понекаква си дефиниција сите сме различни.

Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни?
- Исто како предходното прашање, по дефиниција сме различни, сите имаме различна прецепција за среќата.

Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш?
- Да работам во книжара.

Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш?
- Да.

Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто?
- Англија, Шпанија или Холандија.

Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо?
- Само еднаш го притискам.

Зошто си ти, ти?
- Затоа што сум јас, поинаква и не знам да бидам.

Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели?
- Во повеќето случаи да.

Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас?
- Кога ќе изгубам контакот со тој што живее блиску до мене, тоа значи дека по своја волја сме се одалечиле.

За што си најмногу благодарен?
- За животот, семејството и пријателите.

Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови?
- Не. Без старите спомени нема да бидам она што сум денес, ама би сакала да ја имам можноста да создадам нови.

Дали ви се е некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв?
- Да.

Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен?
- Не, всушност е небитен.

Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна?
- Цетото детство ми е најсречниот период во животот, барем досега. А посебно го прави безгрижноста.

Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив?
- Вчера.

Ако не сега, тогаш кога?
- Пак сега, во овој момент.

Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш?
- Здравјето.

Дали си некогаш бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор?
- Не.

Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни?
- Зошто човекот ги интерпретира религијата и љубовта како него му одговара. Умешно ги извртува.

Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо?
- Да.

Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата?
- Ауууу да да и да. Не би размислила два пати и не би се огледувала назад. Без размислување, одма, во истиот момент.

Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш?
- Повеќе работа, ама работа во која што ќе уживам.

Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно?
- Да, и се чудам како сеуште на некои минорни работи им придавам значење.

Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш?
- Последниве неколку дена, секој ден.

Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска?
- Семејството, и внуките.

Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен?
- Не.

Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот?
- Овој живот што јас го живеам, би рекла дека ми треба уште многу за да можам да го наречам вистински.

Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно?
- Знам да постапам импулсивно, бидејќи колку повеќе пресметуваш толку пати резултатот е различен.

Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка?
- Зошто се плашиме од болка и разочарување.

Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува?
- Ништо.
Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење?
- Секоја вечер, кога се гушам од цигарите.

По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа?
- Се надевам не. Би сакала не.

Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе?
- Би сакала да мислам дека ги правам за себе, ама пак ќе кажам многу надворешни работи ни влијаат врз донесувањето на самата одлука, колку и да не сакаме.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Outrider

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си?
најверојатно 30 и некоја..

Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш?
Да не се обидиш.. Failure is always an option!

Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правиш, а работите што ги сакаш не ги правиш?
Кој одлучува за тоа дали некои работи сакам да ги правам или не? Јас. Ако одлучам некоја работа да ја направам, тогаш таа работа ја правам шо значи дека сакам да ја правам. Својствено на тоа, правам само работи шо ги сакам.
Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил?
Би направил. Ако не можам да направам нешто, тогаш ке расипам нешто.

Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот?
Светот.

Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат?
Дегустатор на пиво. Бесплатно ке работам.
Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш?
Се адаптирам и тогаш работата што ја работам почнувам да ја сакам.
Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку?
Исто како досега.

До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот?
Не го контролирам. Живеам од денес за утре и пливам таму кај шо ме носи водата.

Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи?
Се шо правам е правилно според моите критериуми шо значи дека се грижам да ги направам правилно работите шо ги прааам.

Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите?

кажувам дека грешат.
Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал?
Шо и да му кажам нема да ме разбери. Бебе е.

Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш?
Јас го кршам законот за сите, без разлика дал иги сакам или не.



Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност?
Креативноста е добро припитомено лудило. верувам дека голем дел од уметниците биле лудаци.
Што е тоа, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе?
Сите умираме исто ама сите живееме различно.

Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни?
Зато што сите сме различни.

Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш?
Не сум направил многу работи. Затоа сум жив. Ако ги напрам сите работи шо ги сакам, тогаш нема потреба да живеам.


Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш?
Да, од таа шо ја сакам.


Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто?
Германија пошо не знам Германски и ке осетам од прва ракак како е да си изгубен германец.
Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо?
Притискам два пати за лифтот да знае дека сум сигурен во својата одлука.

Зошто си ти, ти?
Појма немам. Ти знаеш зошто сум јас, јас?

Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели?
Не. Со различни луѓе, различен пријател сум.

Многу прашања.. ме мрзи да ги одговарам другите..
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Овие прашања немаат правилни и неправилни одговори, затоа што понекогаш вистинското прашање е исто така и одговорот
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си?
Се двоумам помеѓу 17 и 60
Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш?
Да не се обидам.
Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правеш, а работите што ги сакаш не ги правиш?
Животот не е краток дури и предолго трае или така само ми се чини затоа што дефинитивно не ги правам работите што не сакам да ги правам (мал исклучок се миењето садови и чистењето по дома), и ги правам работите што сакам да ги правам (мал исклучок се нештата за кои парите се пресудни).

Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил?
Можеби само ке набљудувам од страна.

Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот?
Ништо, светот функционира на совршен начин одкако успеав да ја променам сопствената перцепција на посматрање на истиот.

Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат?
Секоја работа која ке можам да ја работам со максимална слобода.

Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш?
Го работам тоа што го сакам. Никогаш не би се припитомила на пат кој не е за мене. Припитомувањето е трпење, молчење, негирање на сопствената несреќа, како кога жртвата се заљубува во силувачот... страшно!

Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку?
Нема да го живеам поинаку. И сега не сум убедена дека времетраењето на животот игра некоја улога во начинот на кој го живеам.

До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот?
Патот ме контролира мене, ама јас добро научив да го следам.

Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи?
Не се грижам ни за едното, ни за другото. Правилните работи си доагаат сами по себе ако ги правиш работите кои ги сакаш, а не оние за кои мислиш дека се правилни.

Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите?
Се зависи од тоа кој критикува, кого критикуваат, како критикуваат. Ако во тој момент почувствувам некаква потреба да изреагирам, ке го направам тоа.

Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал?
Да не ги сваќа пресериозно своите родители.

Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш?
Да.

Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност?
Постојано. Нема креативност без лудило и нема лудило без креативност.

Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе?
Се!

Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни?
Ке биде ли доволно ако кажам - различни сме?

Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш?
Да живеам некаде далеку од цивилизација, во некоја шума... ама ке биде и тоа некој ден.

Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш?
Не повеќе.

Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто?
Незнам, ми се чини дека секаде е исто.

Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо?
Никогаш не го правам тоа.

Зошто си ти, ти?
Понекогаш и не сум јас...

Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели?
Не.

Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас?
Исто е.

За што си најмногу благодарен?
За премногу нешта, тешко ми е било што да одвојам.

Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови?
спомените не ми се важни, ниту старите, ниту новите.

Дали ви се е некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв?
Да, речиси сите најголеми стравови ми се случија.

Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен?
Не ке беше важен ако не оставеше последици.

Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна?
Ги има многу... посебни се затоа што никогаш повеке нема да се случат.

Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив?
Обично тоа ми се случува скоро секогаш пред спиење кога во умот ке ми надојдат еден куп креативни идеи за тоа како да бидам корисна и продуктивна следниот ден.

Ако не сега, тогаш кога?
Кога ке дојде вистинскиот момент.

Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш?
Се што навистина имам.

Дали си некогаш бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор?
Да.

Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни?
Затоа што религиите не ја подржуваат љубовта туку интересите на оние кои ги предизвикале војните.

Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо?
Не постои лошо. постои само лоша(погрешна) перцепција на нештата.

Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата?
Напротив, ке инвестирам во истата.

Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш?
Многу работа во која многу, многу и сега уживам.

Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно?
Често, ама во последно време тоа е едно од подобрите чувства кои можам да ги имам.

Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш?
Всушност никогаш не сум го напуштила тој мрак, за среќа ни светлината мене не ме напушта.

Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска?
Мајка ми.

Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен?
Не. Не ми се важни тие десет години повеќе, но славата и богатството не ме интересираат.

Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот?
Свесноста со која располагаш на патувањето -животот.

Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно?
Го правам тоа што ме прави среќна, а не она што е правилно.


Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка?
Не се плашам од грешки, се плашам само кога некоја грешка упорно ми се повторува.

Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува?
И онака никогаш не сум се грижела за тоа дали некој ме осудува.

Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење?
Сега.

По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа?
Не. По пет години од денес ке бидам пресреќна што сум тогаш таму, како што сум пресреќна сега што сум тука.

Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе?
Само на една личност и дозволувам да ми се помеша во одлуките, затоа што голем дел од одлуките кои секојдневно треба да ги донесам се однесуваат на нас двајца. Голем среќник сум што во ниту една заедничка одлука никој не е приморан да трпи. Ретко се решаваме за компромис бидејки едноставно нема потреба од истиот.[/QUOTE]
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си? Ако веќе у прашањето пише колку стар онда логично ќе бидам доволно стар за да заборавам колку години имам, а можам да бидам и премногу млад па нема да бидам свесен колку годиним имам ...

Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш? Да не успееш

Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правеш, а работите што ги сакаш не ги правиш? Пошто живеам во општество/демократија/држава наречена МАКЕДОНИЈА

Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил? Да, полесно е

Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот? Бојата на косата

Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат? Среќна работа

Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш? 2-ка

Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку? Kако овчар

До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот? 320*

Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи? 1-во

Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите? Ќе ставам Кари фала богу

Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал? ..... беба не знам ко сам ја нити па разуме

Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш? Јесте

Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност? Јесте

Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе? Пишувам глупости

Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни? Луди луѓе бе.. оди угоди им

Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш? Да спијам

Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш? Зависи .. ако сум на високо не .. ако сум на ниско и да и не

Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто? Не можес .. зато што живим у држави без излаза

Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо? Ако ти го стискаш онда не значи дека сите го стискаат

Зошто си ти, ти? За да не бидам ти и другите

Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели? Питај њих

Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас? 1-во

За што си најмногу благодарен? За некој да ми даде парацетамол у моменто .......................

Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови? Јеп

Дали ви се е некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв? Секој ден нови стравови

Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен? Јок

Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна? Кога мочав на улица а татко ми ме сликаше

Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив? Прееска

Ако не сега, тогаш кога? Човече .. има време бе

Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш? Паре и тако

Дали си некогаш бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор? Да

Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни? Прашај ги побожните

Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо? Да

Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата? Да

Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш? 2-ро

Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно? Па да

Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш? Кој мрак бе .. џабе ли плаќам струја .....

Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска? Сам себе си .. фала богу

Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен? Да

Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот? У МКД нема разлика .. тако да немам искусено . или па имам хмм ..

Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно? 1-во

Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка? Морее у мкд живееш ...

Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува? Би возел точак по автопат .......

Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење? Сега

По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа? Не, а ти ?

Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе? Себе
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си?
-Зависи од ситуацијата.

Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш?
-Да не се обидеш.

Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правеш, а работите што ги сакаш не ги правиш?
-Се почесто го правам она што го сакам,а она што не сакам да го правам би требало да го направам,така да и тоа го засакувам.

Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил?
-Не,зборовите би биле сувишни.

Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот?
-Мојата перцепција на истиот.

Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат?
-Она што сакам да го работам.


Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш?
-Го работам она што го сакам.


Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку?
-Исто како до сега.

До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот?
-Хммм..Го прифаќам те се трудам да го прифатам таков каков е,не го контролирам.Се контролирам себе,прилагодувајќи се на патот.

Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи?
-И двете.

Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите?
-Ќе се застапам за мојот пријател.

Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал?
-Секогаш да гледа на позитивните нешта во животот.

Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш?
-Да.

Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност?
-Често.

Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе?
-Се.И добро е така.

Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни?
-Секој за себе.

Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш?
-Има доста нешта,но едно по едно
ќе биде некогаш.

Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш?
-Да.

Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто?
-Не би менувала место на живеење.

Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо?
-Зашто немам трпение во тој момент.

Зошто си ти, ти?
-Зашто сум јас јас?Карма :)


Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели?
-Не.

Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас?
-Подеднакво.

За што си најмногу благодарен?
За целиот живот и се во него.

Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови?
-Не.Подеднакво ми се важни.


Дали ви се е некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв?
-Да.

Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен?
-Важно е искуството направено од тоа разочарување.

Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна?
-Има доста.Во секоја од нив мојата насмевка.

Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив?
-Не знам.

Ако не сега, тогаш кога?
-Сега во секој случај.

Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш?
-Она за што мислев дека е вредно да се борам.

Дали си некогаш бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор?
-Не.Нажалост.

Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни?
-Не ми се коментира на тема религија.Ми досади.

Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо?
-Немам одговор на прашањево.Зависи од перцепцијата.За себе лично знам.

Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата?
-Не.Никогаш не би била без работа.

Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш?
-Уживам во работата која ја работам ми пружа убави моменти.

Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно?
-Да,но секој пат на нов начин.

Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш?
-Често го правам тоа.

Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска?
-Никого.Не сакам збогувања и разделби.

Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен?
-Не.Парите и славата не ми значат ништо,повеќе сакам да сум во позадината,живеејќи обичен живот.

Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот?
-Сами го креираме начинот на живеење.Ние одлучуваме дали и како ќе живееме.

Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно?
-Кога го слушам срцето со исклучен мозок.Секогаш е правилно.

Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка?
-Правам грешки и учам од нив,кога си дозволувам да ги направам.

Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува?
-Во последно време не се замарам со туѓите осудувања или размисли во врска со моите одлуки.
И правам многу нешта поинаку.

Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење?
-Прееска кога медитирав.

По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа?
-Ако бил тоа убав момент да.

Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе?
-Одлучувам за себе,и се сносам со последиците од сопствените одлуки.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: HAZARDER

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си?
- Нема да знам
Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш?
- Ако не се обидеш ќе се каеш.
Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правеш, а работите што ги сакаш не ги правиш?
-
Правејќи го погрешното , ќе научам што е правилното и кое ми одговара
Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил?
-Неможе се да биде речено и направено, секогаш ќе има нешто + повеќе за додавање или изградување
Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот?
-Неколкучовечки особини
Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат?
-Кажување вицови и раскажувајќи смешни спомени
Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш?
-Пред неколку години се припитомив на работата , но со текот на времето увидов дека сум добра во тоа што го работам и го сакам тоа кај мене иако работата некогаш ме истоштува, но и сум горда на себеси дека сум успеала.
Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку?
-
Па би имала уште 14 години за искористување така да би ги поминала во работење ,после работа пиење грч ладно пиво на тараса , повремено читајќи некој добар трилер и патувајќи многу почесто од вообичаено.
До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот?
-До од можни 9 , 9
Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи?
-Се грижам и затоа пробувам да размислам колку што е можно повеќе за постапките што ги правам
Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите?

-Ми се случила истата ситуација, исчекав да си кажат се што им лежи на душа и потоа им кажав дека иако имаат свое мислење , сепак дека погрешиле во проценката , али тоа е мое мислење.
Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал?
-Don't be a Dreamer , be a Doer!
Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш?
-Ау да, can we rob a bank ,oh pretty please wan we? :D
Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност?
-хмм па незнам дали тука спаѓа моето сечење на регалот во некоја незамислена форма со што после тоа се претвори во 3 регали
Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе?
-Спонтаноста, креативноста и желбата да усреќам некој , тоа ме прави многу различна од останатите околу мене
Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни?
-Затоа што јас сум една личност со едни критериуми и вредности , а они се други личности со свои свајќања и очекувања
Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш?
-Да магистрирам
Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш?
-
Да
Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто?

-Во Шпанија , шпањолка да бидам :D
Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо?
-Па и само по еднаш го стискам копчето, али ако сум во брзање можно е од мислата дека ќе стаса побрзо по второто притискање
Зошто си ти, ти?
-Затоа што сите друѓи се зафатени , а не смеело дупликати :D иначе Анџелина Јоли ќе бев
Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели?
-Да , и е дефинитивно возвратено
Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас?
-Ако е добар пријателот, зошто би изгула контакт со него/неа, па макар кај и да живее?
За што си најмногу благодарен?
-За втората шанса
Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови?
-Не , како би можела да направам нови спомени кои ќе ме рефлектираат мене, ако незнам од каде да почнам , а почетокот се старите
Дали ви се е некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв?
-Да , али после него дојде и поголем
Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен?
-Не би рекла дека е неважен , бидејќи значело нешто што ме разочарала, оставило лузна
Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна?
-Едноставноста, безгрижноста и лето , смеи , другарство , не би рекла дека е една случка , туку цело детство ме потсеќа на тоа.
Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив?
-Вчера , кога и по долго време заедно , свајќам дека бумбарите во меот и крвта зовира од само еден поглед.
Ако не сега, тогаш кога?
-Дефинитивно за брзо
Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш?
-Себеси, бидејќи сметам исполнувајќи ги целите и соништата ќе се исполнам себеси
Дали си некогаш бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор?
-хаха да
Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо?
-Учам од грешките
Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата?
-Не напротив , ќе изградам нешто , ќе вложам во нешто повеќе
Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш?
-Повеќе
Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно?
-
Понекогаш да , ако некои чувства се поклопат со околностите
Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш?
-пред 2 месеци, кога пронајдов дел од себе што мислев дека одамна го изгубив
Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска?
-тешко прашање , не би била една личност само
Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен?
-Saladin одговори многу добро на ова прашање
Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот?
-
Вистинското живеење -be yourself
Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно?
-ми делува на момент со собрана храброст да го направиш она што мислиш дека е најдобро
Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка?
-Можеби да не изгубиме нешто
Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува?
-Би ја истакнала својата сексуална ориентација
Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење?
-Денес, кога џандар помина со колата до мене а ја заборавив дека треба да уклучам светла (facepalm)
По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа?
-Ќе се сеќавам можеби не стрикно на моментов ама на чувството кое сум го имала
Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе?
-Големите одлуки ги правам јас, моментално малите одлуки каде кафе да пијам или дали каде вечерва ги оставам на блиските