Отвори го умот

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Овие прашања немаат правилни и неправилни одговори, затоа што понекогаш вистинското прашање е исто така и одговорот
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си?
Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш?
Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правеш, а работите што ги сакаш не ги правиш?

Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил?

Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот?

Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат?

Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш?

Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку?

До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот?

Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи?

Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите?

Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал?

Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш?

Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност?

Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе?

Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни?

Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш?

Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш?

Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто?

Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо?

Зошто си ти, ти?

Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели?

Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас?

За што си најмногу благодарен?

Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови?

Дали ви се е некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв?

Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен?

Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна?

Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив?

Ако не сега, тогаш кога?

Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш?

Дали си некогаш бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор?

Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни?

Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо?

Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата?

Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш?

Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно?

Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш?

Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска?

Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен?

Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот?

Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно?

Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка?

Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува?

Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење?

По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа?

Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Avona Vi
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си? /Годините барем за мене не се мерило за време. Апсурдно е да се мери времето воопшто.
Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш? /Секако, да не се обидеш. Како што велеше мојата професорка по математика „Оној кој никогаш не згрешил, не пробал да реши ниедна задача.“

Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правеш, а работите што ги сакаш не ги правиш? /Го мразам општеството, но што да правам кога за тоа што сакам да го правам ми треба диплома од факултет и ми требаат пари (затоа што така функционира овој е__н систем кој проклето многу го мразам и би го сменил за една лушпа од кикиритка).

Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил? /Поставувањето граници е лоша работа, особено ако се задоволиш со некоја од тие граници.

Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот? /Целото функционирање би го променил. Цел систем. Сакам да настане анархија. Не хаос, туку анархија која ќе се потпира на човековата самосвест.

Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат? /Работа која ќе ја сакам.

Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш? /Невработен сум. Кога ситуацијата би ми налагала да работам нешто што не сакам за да опстанам, би го работел тоа но секако во меѓувреме ќе пробувам да работам она што сакам.

Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку? /Веројатно во некоја планина изолиран од цела човечка цивилизација, со некој чуден инструмент.

До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот? /Прилично многу. Секако има фактори кои не можеш ти да ги контролираш, но поголемиот дел го контролирам.

Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи? /И двете. Правилните работи да ги направам правилно.

Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите? /Ништо. Ќе ги оставам да си искоментираат и да си изнакажат се`, а потоа ќе го предупредам мојот пријател да не се дружи со нив и секако, ќе се дистанцирам и јас од нив.

Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал? /Повеќе од веројатно е дека нема ни да запамти нешто, а камо ли па да разбери, па џабе би му зборел нешто.

Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш? /Законите се за да се прекршуваат, зарем не? Секако. Законите и цел правен систем ги презирам.

Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност? /Не разбирам какво лудило. Не го сфаќам прашањето.

Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе? /Размислувањето, анализирањето и комплицирањето на работите:) Пример, на факултет учевме за еден код за откривање грешки во пратени сигнали. И јас дома си седам и си решавав задачи со тој код и после му го објаснував на цимерот и се каравме дека асистентите не предавале така. После два месеци испадна дека јас сум развил сосема нов код кој работи ефикасно како и другиот кој го учевме.

Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни? /Не верувам во среќа, па така да не знам.

Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш? /Да свирам 7-жичена гитара, да основам бенд, да го довршам оној кодот за повеќе грешки, да и` признаам нешто на мојата муза, да го завршам овој факултет и да запишам астро-физика и да магистрирам...има многу работи.

Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш? /Да.

Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто? Во Англија, затоа што им ја сакам уметноста, ладнокрвноста, сарказмот и климата.

Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо? /Не го притискам затоа што знам дека нема да стигне побрзо.

Зошто си ти, ти? /Затоа што ако не бев јас, ќе беше некој друг. :)

Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели? /Не. Не сакам пријатели како мене зашто во прва прилика би се отерале у 3 п.м.

Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас? /Не е лошо ни едното ни другото. Тоа е само тест за другарство кој не сте го поминале.

За што си најмногу благодарен? /За мојата муза која ми е неисцрпна инспирација.

Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови? /Не.

Дали ви се е некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв? /Не, затоа што мојот најголем страв е дека ќе умрам пред да направам се` што имам замислено.

Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен? /Не, не сум бил разочаран пред 5 години.

Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна? /Не ми е најсреќна, ама памтам кога бев 2 години и кога се селевме на горниот спрат. Ја прави посебна тоа што е стара.

Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив? /Пред една година кога се лизнав и паднав.

Ако не сега, тогаш кога? /Следната прилика.

Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш? /Времето потребно за да го постигнам тоа.

Дали си некогаш бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор? /Да.

Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни? /Прашајте ги тие што се религиозни.

Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо? /Не. Како што вели Darth Sidious, лошото и доброто се само различни гледишта на истата работа.

Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата? /Не.

Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш? /Не знам. Треба да пробам за да знам.

Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно? /Не.

Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш? /Постојано го правам тоа.

Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска? /Моите родители и ќе бидам цел ден само со нив.

Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен? /Никогаш.

Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот? /Животот е природен процес кој ти можеш да го управуваш. Никој не може да знае кој е вистинскиот начин да живееш.

Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно? /Воопшто не го разбирам прашањето.

Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка? /Зависи од личноста. Некои можат да се носат со своите грешки, некои се плашат затоа што всушност се плашат дека ќе бидат осудени од другите.

Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува? /Премногу работи се. Најпрво би ги собрал сите пари на светот и би ги запалил.

Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење? /Постојано го забележувам затоа што дишам тешко и да не сакам се слушам.

По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа? /На цел ден сигурно не, но на фрагменти сигурно дека ќе се сеќавам.

Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе? /Одлуките ги донесувам сам за себе онака како што сметам дека е најправилно.
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си? Не знам.
Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш? Да не се обидеш
Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правеш, а работите што ги сакаш не ги правиш? Настојувам повеќе да си угодувам на самата себе. Но некако не успевам. Мора да биде нешто што не ти е по волја.
Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил? Не.
Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот? Ништо. Затоа што не можам да го променам. Кога би можела би го променила целиот.
Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат? Работа што ќе ја работам од срце- со ќеиф.
Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш? Не работам.
Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку? Исто како што и сега го живеам. Нема поинаку.
До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот? Се контролирам себеси. Патот не можам. Никогаш не можам да знам каде ќе ме однесе.
Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи? Двете, но второто повеќе.
Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите? Ќе ќутам.
Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал? Никаков. Каков совет ќе му дадам на суштество без разум, на кое сеуште не му се развиле сетилата и кое сеуште не искусило ништо од животот. (think)
Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш? Кратко и јасно- ДА.
Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност? Лудило??? Ова демек некој избеган од Бардовци станал креативец? :D Не можам да одговорам на прашањево.
Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе? Самиот живот. Не дека другите не живеат ама начинот на живот ми е различен.
Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни? Не знам. Не можам да знам. Не сум на нивно место.
Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш? Многу работи. Не можам да набројувам сега.
Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш? Не.
Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто? Не би се преселила.
Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо? Ретко користам лифт, а и кога користам го притискам копчето еднаш.
Зошто си ти, ти? Затоа што јас сум јас. (Какво прашање, таков одговор. :D )
Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели? Не.
Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас? Двете. Повеќе првото.
За што си најмногу благодарен? Не знам.
Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови? Не.
Дали ви се е некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв? Да.
Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен? Се сеќавам. И не е воопшто важен.
Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна? Многу ги има. Ако имам желба некогаш сите спомени ке ги споделам.
Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив? Не се сеќавам.
Ако не сега, тогаш кога? Никогаш.
Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш? Ништо.
Дали си некогаш бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор? Да. Ми се случило.
Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни? Комплексно прашање. Обично се воздржувам и не одговарам на вакви. Впрочем не ни размислувам кога во прашање се религии.
Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо? Не.
Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата? Не работам. Кога би работела не би ја напуштила.
Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш? Ако не ја сакам работата ке уживам во помалку, ако ја сакам- повеќе.
Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно? Да.
Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш? Не знам.
Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска? Никого. Нема да има потреба.
Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен? Не.
Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот? Да постоеше вистинско живеење сите ке знаеа што е тоа и сите вистински ќе живееа.
Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно? Не знам.
Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка? Затоа што не скаме да научиме.
Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува? Ништо. Што и да направиш некој ќе те осуди.
Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење? Не кажувам.
По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа? Не знам. По пет години ќе пишам :D
Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе? Кога како. Понекогаш влијаат и други врз моите одлуки. Обично тоа е семејството. Други луѓе во никој случај.
 

Bibi@

Староседелец
Најфотограф
1 март 2012
399
743
1,103
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си? Приближно колку што сум.
Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш? Да не се обидеш.

Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правеш, а работите што ги сакаш не ги правиш? - Затоа што не живеам сама ниту пак сама за себе.

Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил? Уште многу повеќе.

Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот? Има многу работи.

Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат? Креативна.

Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш? Го работам тоа што го сакам.

Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку? Не би го живеела многу поинаку.

До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот? Доволно.

Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи? И едното и другото.

Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите? Ќе ги прекинам и да не се работи за мој близок пријател ... мразам озборување и осуда.

Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал? Никаков,само би му посакала среќа.

Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш? Да.

Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност? Да.

Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе? Начинот и погледот кон животот.

Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни? Затоа што сите сакаме различни работи.

Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш? Да летам со параглајдер...и уште еден тон други работи.

Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш? За жал да.

Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто? Не би сакала,ама ако морам тоа е Швајцарија.

Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо? Никогаш не го притискам повеќе пати.

Зошто си ти, ти? Затоа што не сум некој друг.

Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели? Да.

Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас? Второто.

За што си најмногу благодарен? За се што имам.

Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови? НИКОГАШ.

Дали ви се е некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв? Не.

Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен? Не се сеќавам што значи не е ни важен.

Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна? Ги има премногу.

Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив? Неодамна.

Ако не сега, тогаш кога? Некогаш.

Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш? Само време.

Дали си некогаш бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор? Да.

Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни? Не знам.

Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо? Не,она што за тебе е добро истовремено може да биде лошо за некој друг и обратно.

Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата? Не,барем не веднаш.

Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш? Повеќе работа.

Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно? Не,секој ден си е приказна за себе.

Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш? Пред една година и многу ми е мило поради тоа :)

Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска? Не сакам да размислувам.

Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен? Не.

Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот? Никој не може да знае,затоа што никој не живее по втор пат за да може да спореди.

Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно? ???

Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка? Срав да не ги повредиме тие што ги сакаме, страв од неуспех,осуда итн...

Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува? Секогаш ќе има некој којшто ќе те осудува.

Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење? Пред малку.

По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа? На вчерашниот ден ќе се сеќавам многу подолго.

Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе? Зависи какви одлуки,...дозволувам други (зависи кои) да донесуваат одлуки заедно со мене,а не наместо мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си?
Најверојатно мојата старост ке зависи од она како се чувствува мојот организам,мојот ум..

Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш?
И двете се подеднакво лоши и се зависи за што се работи.Зависи и од проценката направена од претходно.Ако за некоја работа веке си доволно свесен дека нема да успееш,тогаш е полошо да се обидеш.И обратно.

Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правеш, а работите што ги сакаш не ги правиш?
Претежно правам работи што сакам.Можеби малку предоцна преминав од едните кон другите околу некои работи,но сепак дур човек не се осамостои,неможе секогаш да прави тој како што сака.Значи до одреден период од животот доста врз нас имаат нашите родители и нивните барања и очекувања од нас.


Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил?
Па секогаш си мислиме дека сме направиле и повеке отколку што би кажале,и да е помалку пробуваме да си најдеме оправданиа ради кои околности не сме направиле повеке одколку што сме кажале.


Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот?
Во светот?
Вака првично на што ми текна е најверојатно свет без граници па за да можам слободно да одам да живеам во некое село во Англија.


Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат?
Уфф.Никогаш не би била богата,познавајки се како стојам со среката.Нема поле на кое имам некојаси нагласена срека.



Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш?
До пред две три години можеби се припитомував,сега веке го сакам ова што го работам.



Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку?


До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот?
Умерено.


Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи?
Правам само правилни работи,правилни,гледано од мој аспект,значи повеке се гриам дали ке ги направам правилно.



Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите?
Ке им го кажам она што тие не го знаат.Би пробала со факти кои веке ги знам,да ги разубедам.Ако тоа не ги разубеди,нема да настојувам.


Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал?
Да си ја изживее секоја своја возраст соодветно,без да брза да порасне и во соодветно време да прифати дека пораснал.



Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш?
Зависи од тежината на работата што би требало да ја направам.Но не би убила сигурно.


Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност?
Не.Во буквална смисла на зборот,не.


Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе?
Прифакањето на другите луге.


Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни?
Не сите имаме исти потреби во животот.


Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш?
Не постои такво едно нешто што би го напишала и исфаворизирала.Има доста работи.



Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш?
Ко слеп за стап,не...повремено за некои работи,да



Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто?
Англија..

Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо?
Нема да стигне,тоа најверојатно од брзање или несигурност дали фатило првиот пат.:giggle



Зошто си ти, ти?
Затоа што сум таква каква што сакам да бидам.



Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели?
Да.Камо сите да беа како мене и да не ми замеруваат што не се гледаме често.Да го прифатат мојот начин на живот како што јас го прифакам со разбирање нивниот.


Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас?
првиот сучај...вториот ми се случува и често но не губам контакт за долго....ако дозволам да се изгуби за прилично долго,тој или не ми е пријател,или не ми е доволно близок.Така да ништо страшно.


За што си најмногу благодарен?
За здравјето и приликите кои ми се пружиле,без разлика кој е давателот.



Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови?
Ако цената што треба да ја платам е да ги изгубам старите спомени,за да добијам нови постоечки,да,би ги изгубила.




Дали ви се е некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв?
Не некој изразито голем,но имам еден посебен страв во себе кој не верувам дека некогаш ке го отфрлам.


Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен?
Не толку како тогаш.


Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна?


Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив?
Пред недела две.


Ако не сега, тогаш кога?
Зависи,може и никогаш.


Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш?
Се она што сум постигнала досега,стремејки се да дојдам до тоа што сакам.


Дали си некогаш бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор?
Не.Јас можеби си кажав што сакам,но таа личност дали разбра што сакам да кажам не знам. :)


Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни?
Сигурно дека постои цел,но неможам за истото да кажам со толкава сигурноет.


Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо?
Знам за мене што е добро што е лошо,оти се познавам себе си и плус знам што сака.
А дали моето добро е за другите добро или лошо околу тоа не навлегувам.



Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата?
и да кажам дека не,најверојатно ке излажам...можеби не одма ама парата нема да ме заджи во место,тоа сигурно.


Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш?
Нека е повеке ама да работам она што сакам.Како што е сега.


Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно?
Ма и повеке.


Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска?
Родителите а со нив се и моите внуци,со нив.


Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен?
Не.


Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот?
Зарем има и такво и такво?.


Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка?
Па за да ја научиме на побезболниот начин.Гледајки како некој друг ја направил пред нас.
Грешките ни го отежнуваат патот кој не води кон целта или желбата што ја имаме замислено.


Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува?
Најверојатно би го сменила малку животот на мајка ми.


Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење?
Сега,само што кивнаФ :D


По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа?
Во детали не,но сигурно дека ке се секавам,поготово ако се деси нешто несекојдневно и значајно.


Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе?
Ми е битно мислењето и консултацијата околу некои работи од одредени личности но одлуката е моја.
Како што знае мајка ми да каже...што ме прашуваш кога ти веке имаш одлучено што ке првиш :)


Ова со одговарање на прашањава се вика...гаволот си немал работа па си ги е:cenzuraел децата
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi

freak

Староседелец
18 јуни 2012
190
120
1,043
27
Битола
Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот? Луѓето, почнувајќи од себе.

Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат? Добар музичар (или нешто поврзано со музика)

Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш? Го работам тоа што го сакам :)

Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку? Ќе правам се она што ме исполнува, ќе се дружам со лужето кои ми одговараат и кои ги сакам, исто како и сега.

До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот? Колку што можам повеќе иако некогаш излегува од контрола ама брзо се враќам во темпо.

Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи? Се грижам дали ќе ги направам тие работи што ги сметам за правилни, правилно.

Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите? Ќе им кажам дека тој ми е близок пријател и ќе го кажам моето мислење за него кое сигурно ќе биде позитивно штом ми е близок пријател. Можеби ќе си го поткаснат јазикот.

Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал? Следи го срцето и прави го она што ти го сакаш. Не дозволувај другите луѓе да го контролираат твојот живот.

Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш? Да

Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност? Пред се мене ми се случува многу често.

Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе? Се што правам, го правам различно од другите никој не е ист, можеби некои се слични, но не исти.

Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни? Затоа што се работи за различни сваќања, потреби и интереси.

Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш?Се држев порано, но за среќа се појави една личност и ме спаси.

Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто? Италија, сметам дека нема друга земја која е полна со толку многу љубов.

Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо?

Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели? Да и за среќа сме многу слични

Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас? Кога изгубиш контакт со добар пријател кој е блиску до вас.

За што си најмногу благодарен? За сите прекрасни моменти и сите прекрасни луѓе кои ѓи имам во животот.

Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови? Не, старите спомени предизвикуваат среќа и денес.

Дали ви се е некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв? Не...

Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен? Се сеќавам и сега не е воопшто важен но некогаш кога ќе се сетам сум малку тажна.

Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив? Моментално се чувствувам жива :)

Ако не сега, тогаш кога? Никогаш..

Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш? Соништата. Човек без соништа е никој и ништо.

Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни? Бидејќи религиските разлики ги ствараат најголемите проблеми и војни меѓу луѓето. Фанатиците на религиите се обидуваат да ни ги исперат мозоците и да ни го наметнат нивното мислење.

Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо? Не, бидејќи учиме цел живот. Некогаш тоа што е добро сваќаме подоцна дека уствари е премногу лошо

Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата? Нема шанси.

Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш? Повеќе работа во која уживам.

Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно? Можеби малку.....

Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш? Пред недела дена.

Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска? Оние кои секогаш биле тука за мене, за време на моите победи, порази и испади.

Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен? Не, тие десет години кои ќе ги скратам помудро е да ги потрошам во работа и да се потрудам да станам славен на тој начин.

Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот? Во вистинското живеење уживаш без разлика на сите препреки. И кога сите ти велат да се откажиш, во тебе тлее некоја искра и ти зборува САМО ПРОДОЛЖИ ТАКА !!!

Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно?

Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка? Се плашиме да ризикуваме и се плашиме од туѓото мислење и коментар.

Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење? Пред два дена кога си правев медитација :rofl

Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе?
Јас одлушувам во мојот живот. Никој друг нема право да ми кажува како да постапувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Avona Vi

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Овие прашања немаат правилни и неправилни одговори, затоа што понекогаш вистинското прашање е исто така и одговорот
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си? Дрвото може да има 100 години а сепак да раѓа исто убави и исто зелени цветови и листови и исто вкусни плодови ..
Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш? Да не се обидеш да успееш.
Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правеш, а работите што ги сакаш не ги правиш?Ги правам и тие и тие и не се кајам.

Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил? Не, ако јас сметам дека веќе неможам ни да кажам ни да направам нешто за мене завршува таму.

Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот? Свеста кај луѓето. Од таму почнува се !

Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат? Што значи да бидеш богат?

Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш? Дури и да го работиш тоа што го сакаш , мораш да се припитомиш кон некои работи и да работиш нешто или со некого од тој дел што не го сакаш толку многу.

Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку? Никако поинаку

До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот? Се контролирам себе си , а патот како пат некаде рамен некаде камчиња....битен е балансот.

Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи?Ако нешто за мене е правилно , не значи дека е универзално правилно. Ги правам на свој начин онака како што јас мислам дека е но секако дека сум грешела и ќе грешам .

Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите? Ќе им дадам до знаење дека јас не мислам така . Доколку некој не ви се допаѓа во ред. Сите невкусни изрази и критики не излегуваат од свесен и паметен човек .

Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал? Да не се плаши да сонува , да гледа не само со очите туку со сите свои сетила.

Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш?Постојано го кршам законот.

Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност? Да , моите моменти на лудило ги претворив во книга .)

Што е тое, што го правитиш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе? Мислам

Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни? неможам да одговорам

Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш? Незнам да пливам а навистина сакам да пливам ама поради опораметеност на центарот за рамнотежа неможам и не одам у длабокото ...ете тоа сакам ама неможам.

Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш? Не

Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто? Шведска !- затоа што ја љубам !

Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо? Не притискам повеќе од еднаш . Живеам на први спрат за среќа, инаку лифт ми е кошмар!

Зошто си ти, ти?

Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели? Да

Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас? И двете , ако ти значат многу и двете се лоши.

За што си најмногу благодарен? за домот и здравјето што ги имам и за мажот што го имам и себе си што се имам.

Дали би ги изгубил сите стари споемни, за да можеш да направиш нови? Ќе одговорев да ама кога ке размислам каде ме донесоа старите работи мојот одговор се менува и не , не би ги изгубила.

Дали ви се е некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв? Да

Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен? Да важен е , ме потсеќа дека се поминува и дека времето прави се.

Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна? Возењето по автопат во кола со сестра ми и моите родители. Таа е прв и последен спомен на нив.

Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив? Живеам со прекрасна личност која постојано прави да се чувствувам така.

Ако не сега, тогаш кога? Се си има свое време

Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш? незнам , пополека одам кон целта, не брзам!

Дали си некогаш бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор? Не , обично сакам да разговарам ....

Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни? Затоа што некој видел дека тоа може да донесе многу профит

Дали е можно да се знаеш што е добро, а што лошо? Лошото може да биде добро ако одиде во добар правец и обратно.

Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата? Не

Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш? Кога уживаш во нешто маката е помала

Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно? Не

Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш? не го разбрав прашањево?

Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска? Ова ми е бизарно прашање

Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен? Никогаш

Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот? Дискутабилно

Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно? Секогаш правев така

Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка? Не се плашам, тие се составен дел од сечиј животен пат.

Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува? Не ми влијае туѓото судење. Кои сме ние за да судиме?

Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење? менувавме кревет вчера .) тогаш!

По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа? Можеби

Одлуки се прават сега во моментот. Прашањето е: Дали ги правиш за себе, или дозволуваш другите да ги донесуваат одлуките за тебе?
Секогаш сама одлучувам ако се работи лично за мене, но секако дека се консултирам со блиски, драги луѓе , примам совети и критики секакви секогаш , ако го разбрав добро прашањево затоа шо се напишани многу чудно, немој да ми замериш.:) Во цитат ти ги одговорив извини !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Колку стар ќе си, ако не знаеше колку години си?
- Зависи од колку пробувам да ја намалам разликата помеѓу можностите и желбата за исполнување на работите што ги сакам.

Што е полошо, да не успееш или да не се обидеш?
- Двете, но повеќе е опасно ова второто.

Ако животот е краток, зошто правиш толку работи што не сакаш да ги правеш, а работите што ги сакаш не ги правиш?
- Зошто ако не ги правиш работите што не ги сакаш нема да ги цениш оние саканите. Некои придобивки доаѓаат и по индиректен пат. Правејќи нешто различно или за некој друг, на пример.

Кога се е речено и направено, дали би кажал повеќе отколку што би направил?
- Да. Колку повеќе се кажува толку повеќе идеи постојат за подобрување. Се' започнува од обична идеа и нејзино презентирање додека реализацијата е пропратна врска. Колку повеќе идеи, толку повеќе можности и начини а тоа значи и повеќе дела.

Што е тоа, што најмногу би сакал да го промениш во светот?
- Јас.

Ако Среќата е национална валута, каков вид на работа ќе ве направи богат?
- Експанзивна монетарна политика, либерализација на капитални текови и постепена инфлација. За луѓето да ги зголемат цените на она што го прават и што им се нуди пред очите постепено, да се свесни. Да не се зема се здраво за готово. А да и би била Лондонската берза. Охохооо :D

Дали го работиш тоа што го сакаш или пак само се припитомуваш во тоа што го работиш?
- Двете. Ако сакаш да успееш и опстанеш како личност мора да постои баланс помеѓу двете опции.

Ако проесечниот човечки живот е четириесет години, како ќе го живееш животот поинаку?
- Би одбрала исто како и досега. Не би сакала да знам дали ќе биде повеќе или помалку. Колку што тоа може да доведе до повеќе превземање ризик од обично и повеќе добивки и лекции толку може да се претвори во сосема спротивното.

До кој степен го контролираш патот по кои одиш во твојот живот?
- До онаму каде што се' што е во игра зависи само од мене. Другото е чиста веројатност.

Дали се повеќе грижиш дека ќе ги направиш работите правилно или правилните работи?
- Која корист ако правилните работи ги правиш неправилно, а неправилните правилно? Сепак, правилните работи. Правејќи правилна работа дури и на лош начин создава идеа и простор за развиток и подобрување додека другиот начин - правењето на неправилна работа на правилен начин е само поука.

Ручате со тројца блиски пријатели. Сите почнуваат да критикуваат некој твој близок пријател, без да
знаат дека ти е близок пријател. Критиката е невкусна и неточна. Што ќе направите?
- Ќе премолчам. За мене е доволно да знам јас како се чувствувам кон таа личност. Сите сме изложени на постојано влијание на критики и на пофалби но сепак на крајот е најбитно она што ние го чувствуваме/мислиме кон одредена личност.

Ако можеш на новородено бебе да му дадеш еден совет, каков совет би му дал?
- Диши. Се останатото е избор и околност.

Дали би го прекршил законот за човек што го сакаш?
Зависи до кој степен. Некогаш е подобро да се прекрши, а некогаш легално да се изигра.

Дали си некогаш видел лудило, а потоа тоа да се претворило во креативност?
Апсолутно. Колку е страшно толку е и восхитувачко. Секоја големина си создава своја тежина.

Што е тоа, што го правииш и знаеш дека го правиш поразлично од другите луѓе?
- Баш ова и не го отвара умот, туку егото. Не знам.

Зошто работите што те прават среќни, не ги прават сите среќни?
- Зошто сите имаме различни аспирации и начини да ги оствариме истите.

Што е тоа што не си го направил, а навистина сакаш да го направиш?
- Многу многу работи. За почеток совршена ,,Angel cake" :D

Дали се држиш за нешто од кое што треба да се тргнеш?
Да. Сите се закачуваме за она што не натерало да се чувствуваме добро некогаш. Без разлика што е тоа.

Ако мораш да се преселиш во друга држава, каде би се преселил и зошто?
Ако морам одговорот зошто - би бил дека морам а за каде исто - каде што морам. Инаку општо при слободна волја и самоизбор да - ако е во согласност со моите замисли и очекувања.

Зошто го притискаш копчето за повикување на лифтот повеќе од два пати? Дали навистина веруваш дека така лифтот ќе пристигне побрзо?
Ниту го притиснувам ниту пак верувам.

Зошто си ти, ти?
Зошто поинаку јас не би била - јас? Се' е до перцепцијата и замислата на индивидуата.

Дали си таков пријател, како што сакаш да имаш пријатели?
Поегоистично прашање - амин. Едно објективно можеби.

Што е полошо, кога добар пријател оди да живее некаде далеку и изгубиш контакт, или кога изгубиш контакт со добар пријател кој живее блиску до вас?
Секако второто. Зошто во тој случај ни двете страни не биле добри пријатели.

За што си најмногу благодарен?
- Фантазијата.

Дали би ги изгубил сите стари спомени, за да можеш да направиш нови?
- Не. Која е логиката? Тогаш јас нема да бидам истата јас. А со тоа нема да постојат ниту стари ниту нови. Туку сосема друга, туѓа личност со туѓа приватност.

Дали ви се некогаш исполнил/случил вашиот најголем страв?
- Да.

Се сеќавате на тој момент, пред пет години, кога навистина беше разочаран? Дали е сега важен?
- Да. Зошто само големите работи разочаруваат. Сите други пробуваме да ги замениме, дополниме или поправиме. Разочарувањето посочува на нешто што не може да се промени.

Која ти е најсреќната меморија од детството? Што ја прави толку посебна?
- Секоја онаа која се поклопува со она што ме правело и сеуште ме прави среќна.

Кога последен пат во животот се почуствува страствен и жив?
- Последен пат и не е мерило туку колку често. Знае да ме погоди во чудни моменти. Кога пишувам, кога слушам некоја песна, кога ќе направам некое дело или кога ќе сум задоволна од себе си. Ако веќе морам да одговорам кога би рекла пред една недела - возејќи автомобил и слушајќи ја омилената песна. Едноставно те тера да веруваш дека живтот знае да биде убав.

Ако не сега, тогаш кога?
- Тогаш која навистина ќе ни биде прашање на живот или смрт. Многу работи треба да ги направиме сега, но се губат во списокот на приоритети.

Ако сеуште не си го постигнал тоа што сакаш да го постигнеш, што имаш да загубиш?
Т - оа што сум го сочувала и изградила во самиот процес. Секогаш, ама баш секогаш има што да се изгуби, како и што да се добие.

Дали некогаш си бил со некој,не сте кажале ништо, а потоа си почуствувал како да сте го имале најдобриот разговор?
- а. Однесувањата на нечиво тело, гестикулациите и несвесните постапки многу повеќе ,,чувствуваат".

Зошто религиите што ја поддржуваат љубовта, направиле толку многу војни?
- Зошто не ја подджуваат туку прават нејзина реклама. А рекламата е најмоќното оружје за манипулативниот мозок ако е добро испланирана, создадена и послужена. А зад тоа стојат личните интереси.

Дали е можно да знаеш што е добро, а што лошо?
Можно е. Всушност расудувањето и размислувањето не тераат да стануваме ,,позрели и помудри".

Ако добиеш милион долари, дали ќе ја напуштиш работата?
- Не работам, но ако се однесува и на студиите - Никогаш.

Дали сакаш да имаш помалку работа, или повеќе работа, но работа во која што уживаш.
- Златна средина. Без разлика колку уживаш во работата таа е само еден дел од она што те прави среќна личност исто и обратното.

Дали се осеќаш како да си го преживеал овој ден стопати претходно?
- Понекогаш.

Кога последен влезе во мракот со само една мала светлина на идеа во која цврсто веруваш?
- Не сум обично храбра. Но ако се присетам, помнам - на први јануари.

Ако знаеш дека сите ќе починат утре, кого ќе посетиш денеска?
- Фамилијата.

Дали би го скратил вашиот живот за десет години за да станеш богат и славен?
- Не. Нема смисла да се објаснува зошто.

Што е разликата помеѓу живеењето и вистинското живеењето на животот?
- Личната перцепција која прави паралела помеѓу овие две работи во самиот човек.

Кога ќе престанеш да сметаш дали е опасно и дали добиваш нешто од тоа, и да отидеш да го направиш тоа што е правилно?
- Никогаш. Дали тоа што е правилно за мене е правилно и за другите инволвирани? Дали само ако е опасно и имам добивка од тоа го прави нештото правилно? Апсолутно не.

Ако учиме од нашите грешки, тогаш зошто се толку плашиме да направиме грешка?
- Зошто самите повеќе уживаме во удобноста која ни ја овозможува зоната на комфорот и сме аверзични кон ризикот.

Што би направил поинаку, ако знаеш дека никој нема да те осудува?
-Хм, не знам. Никогаш нема да знаеш дали индивидуално некој те осудува или не а генерално секогаш ќе бидеме осудувани. Па најверојатно, ништо поинаку.

Кога последен пат го забележа звукот на сопственото дишење?
- Кога го прочитав прашањето. Инаку често.

По пет години од денес, дали ќе се сеќаваш што си направил вчера? Денот пред тоа?
- Нема да се сеќавам туку ќе бидам тоа од вчера, и денот пред тоа. Зошто сите се менуваме во зависност од деновите, случувањата и ситуациите. Тоа што ми се случило вчера или ден пред тоа сигурно ќе резултира во тоа што ќе бидам за пет години.