Остранување на шминка пред спиење

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,492
14,405
1,683
во светот на бајките
Шминкањето преставува задоволство или обврска на некои жени па и мажи.
Но доколку не се остранува пред спиење,вашата кожа е подложна на оштетување и стареење.
Погледете ги сликиве ,направен е експеримент на жена која доброволно се согласила да не ја остранува шминката во период од еден месец.



Кожата на оваа жена ,поради не остранувањето на шминката еден месец, била остарена како за 10години.
Воочувате и самите доколку не водите сметка за вашето лице во подолг времеснки период,резултатите ќе бидат видливо лоши.

Дали вие ја хидрирате и негувате кожата на вашето лице пред употреба на шминка? И со што?
Дали ја остранувате шминката пред спиење и дали нанесувате ноќна крема?
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,227
3,542
1,143
Пред да ставам пудра обавезно ставам крем.
Али,не се шминкам често,но крем
секогаш ставам на лицето. Нормално дека пред спиење
ја отстранувам шминката,и не користам ноќна крема немам брчки сеуште :rolleyes:
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
872
1,103
393
26
Струмица
пред шминкање крема обавезно и тоа со павличева маст, другото се ми ја суши кожата ццц, а ноќна крема не користам. Ја отстранувам со бебешко масло шминката, понекогаш и со маслиново, а кога ми се спие премногу е тогаш е само влажно марамче :D
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,490
1,123
Скопје
Нормално дека ја отстранувам шминката. Кон крајот на денот секогаш имам чувство дека ми тежи и најубаво ми е од кога ќе ја тргнам.
Најпрво користам влажни марамици за отстранување шминка, гел на авене за чистење лице па dove хидратантен сапун со краставица. Најпосле нанесувам dove хидратантна крема.
Инаку истата ја нанесувам и пред да ставам пудра.

А мој совет е да користите хидратантни креми за лице бидејќи оние мрсните (пример нивеа во темно сино пакување) се претешки и премрсни за млада кожа, ги затвораат порите на лицето и не му дозволуваат да диши.
 

J'adore Paris

Нов член
19 септември 2013
19
8
3
не ја отстранувам, барем не веднаш после излегување, најчесто излегувам за викенд-тогаш и се шминкам и не ја одстранувам кога се вратам туку дури утрето кога си мијам лице. иначе немам ни една бручка ни едно мозулче ништо на лице:^)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,492
14,405
1,683
во светот на бајките
не ја отстранувам, барем не веднаш после излегување, најчесто излегувам за викенд-тогаш и се шминкам и не ја одстранувам кога се вратам туку дури утрето кога си мијам лице. иначе немам ни една бручка ни едно мозулче ништо на лице:^)
Затоа што се шминкаш еднаш неделно и затоа што имаш 17 години :)
 
  • Like
Реакции: Arkantos and Марија

J'adore Paris

Нов член
19 септември 2013
19
8
3
Затоа што се шминкаш еднаш неделно и затоа што имаш 17 години :)
да да тоа секако е така, само има девојки на кои доволно им е една ноќ да поминат со шминка за да се разбудат како сликата во првото мислење(со срвенило по лице) пример за тоа е другарка ми :)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,492
14,405
1,683
во светот на бајките
да да тоа секако е така, само има девојки на кои доволно им е една ноќ да поминат со шминка за да се разбудат како сликата во првото мислење(со срвенило по лице) пример за тоа е другарка ми :)
Секое зошто има свое затоа.Можеби користи неквалитетни шминки;можеби кожата и е толку осетлива што не може да поденесе 24часовна шминка...
 
  • Like
Реакции: J'adore Paris

toby2

Полноправен Член
16 мај 2013
59
21
8
Абе боље мењајте си навлака на перница него шминка да тргате пола саат,полесно е од искуство ви кажувам:giggle
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,477
5,078
1,153
Wind Of Change
Пудра не ставам никогаш, а редовно за излегување ставам римел и креон и пред да легнам си го чистам лицето со влажно марамче.Можеби поради тоа немам ниедно мозолче:)
 
  • Like
Реакции: Mistery :)