Орално здравје, прашања поврзани со оралната средина

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Којзнае каква анестезија било тоа и дали воопшто било анестезија. Мене секогаш ми се укочувало местото кај забот. После тоа ништо не осеќам, може слободно да ме шамара тој. :)

Не знам зошто, но поинаку е за предни заби. Најчесто не делува анестезија на предни, која всушност е ужасно болна за ставање. Ко ќе ми текне што ме чека...
t3607.gif
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Не знам зошто, но поинаку е за предни заби. Најчесто не делува анестезија на предни, која всушност е ужасно болна за ставање. Ко ќе ми текне што ме чека...
t3607.gif
Никогаш не сум правел предни заби со анестезија затоа не знам. А зошто е болна за ставање?
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Којзнае каква анестезија било тоа и дали воопшто било анестезија. Мене секогаш ми се укочувало местото кај забот. После тоа ништо не осеќам, може слободно да ме шамара тој. :)
Анастезија беше сигурно каква не знам ама доста јака, :) изгледа ја ставил малку погоре или просто забов не реагира на анастезии :) а и преден заб беше. Инаку воопшто не боли кога се става анастезијта ама после кога ќе укочи не се поднесува бар ја не можам да поднесам
 
MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Никогаш не сум правел предни заби со анестезија затоа не знам. А зошто е болна за ставање?

Анастезија беше сигурно каква не знам ама доста јака, :) изгледа ја ставил малку погоре или просто забов не реагира на анастезии :) а и преден заб беше. Инаку воопшто не боли кога се става анастезијта ама после кога ќе укочи не се поднесува бар ја не можам да поднесам

До сега еднаш ми имаат ставено на предни и ужасно болеше. Прво и основно, боли кога влегува иглата во месо, претпоставувам зошто непцето е поцврсто од тоа околу 5ки/6ки. Второ, најболно беше кога анестезијата се "разлеа" низ непцето, носот, синусите, едноставно цело лице ти гори. Да не урочам за иднина, но мене тој еден и единствен пат, анестезијата ми фати. Но, многу често кога разговарам со луѓе кои правеле предни, не им фаќало, дури ставале и по 4-5 и па ништо. Никогаш да си немате работа со предни на забар!
t3615.gif
 
escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Секако боли кога се прават заби. Инаку @MissChievous ако ти ја ставале анастезијата со малку подебела игла повеќе се осеќа и повеќе боли, мене пример само ме пецна и после пола лице и пола нос ми се укочи т.е истрпнаа, не ги осеќав посебно носот среќа што не беше цел. Сепак зависи и до заболекарот има некои многу добри но има и некои кои од ништо ќе ти направат нешто. Плус и треба да имаат квалитетен материјал без тоа колку и добро да работат џабе е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Си напраивте моабет.
Ако ако.Ќе објаснам што беше да не оставам отворени прашања.
Ми беше воспален забот затоа болките.Не беше мртов туку имаше мал кариес кој ја допираше пулпата(слојот измеѓу кроната и нервите)така да нервите беа потрефени со кариесот и мораше да ги извади.
Се беше добро додека траеше анестезијата(4саати).
Кога ме пушти почнаа болките(нормално е кога се вадат нервите затоа што не беа сосем извадени).
За среќа мирен е сега.Чинам тоа беше тоа.На следниот термин ќе ги прошири каналите и ќе ги извади остатоците од нервите ставајќи лек и терминот после тоа е за затворање(ставање вештачки нерви).
Се распишав :))
Знам како иде затоа што завршив и работев како стоматолошка асистентка едно 4-5 год.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Е така, сега појасно ми е што било работата. И мене така ми правеа ама среќа не ме болеше, уствари ме болеше малку кога ги ставаше тие вештачките нерви ама добро тоа ништо не беше. :)
 
monica

Нов член
20 септември 2015
1
0
1
30
здраво нова сум на форумов,па сакав да ве прашам нешто..незнам дали прашањево е за во оваа тема ама немаше слична па ке пишам тука,,вака,,имам извадено повеке заби,,поточно казано ми останаа само тие напред,и на горната и на долната вилица по 10,,значи 6те,7те и,8те ги немам повеке,,и треба да носам вештачка протеза,,таа сто се става,вади,со вештачки заби,,а имам 22г.многу ми е страшна помислата ама немам друго чаре..напред забите ми се во ред,дури кога се смеам не се приметува ништо,,дали има некој што е во ваква состојба како мене да ми писе искуство,,како ги прифативте протезите,,,јас на крај краева до некаде се помирив со фактот,но незнам што ке помисли дечко ми..од тоа највеке се плашам,,,,,иначе протезите вакви се несто слични како на сликата..поздрав и се надевам дека некој во скоро време ке ми одговори:)
partial-dentures-small1.jpg
 
Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Најверојатно мислиш на визил протеза. Лошо е што дошло до тоа, но веќе кога мораш, одбери визил. Разликата од класичната е што оваа има метален скелет, редуциран, па така пациентот има поголема удобност при носењето и секако чувствува вкусови. Не создава нагон за повраќање во горната вилица, затоа што не се работи за целосна плоча, туку еден или два поврзувачи на седлата во зависност од ситуацијата во устата.
Мој совет е да на ја правиш со кукици (тие металните раце што го опфаќаат забот), туку со копчиња. Прво затоа што со тек на време потпорниот апарат на забота под дејство на кукицата попушта, второ не е доволно естетски. Е сега, за да се направат тие копчиња твоите крајни заби треба да се истругаат за порцеланска коронка. Потоа едниот дел од копчето оди во коронката, а другиот дел во протезата и се копчаат буквално како нитна. Естетски задоволуваат сосема одлично, а олеснително е што ако одржуваш добра хигиена можеш и да не ги вадиш по неколку месеци. Функционално се многу подобри од кукиците, протезата е постабилна.
Имаш и опција импланти, но таа е сигурно барем 5-6 пати поскапа протезата. Би вградила имплант на местото на седмицата, па потоа со мост поврзуваш до петка.

И малку да се надоврзам со муабетиве погоре. Лена, нема да ти става вештачки нерви, туку трајно полнење со гутаперки. Ако си работрла толку години во таа област, не смееш да си дозволиш вакви лапсузи.
Друго, не е точно дека анестезија на предни заби не се става. Местото е исто тврдо како и во бочната регија. Ја чувствувате таа вкочанетост кај носот, бидејќи тука поминува и назопалатиналниот нерв, па анестетикот може да дифундира кон него. Не е тоа никаква грешка на докторот, или пак грешно ставена анестезија.
 
Последна промена:

King Ogzem

Нов член
10 октомври 2018
5
0
1
28
Здраво
Пред некое време почна да ме боли цела горна страна.И видов таму каде што треба да никнува умникот непцето е воспалено.Ме боли кога зборувам и кога јадам и навечер пред да се легнам претерано боли.Потоа отечов и отидов кај стоматолог ми даде макропен и бекомплекс да пијам ништо не виде и рече да отидам после 5 дена да види.Сегачуствувам како да ми се стегат сите горни заби и многу боли ама тоа се случува за неколку саати потоа прекине и пак почне.Па сакав да ве прашам дали бема доволно простор за умникот па ме боли или е нормално кога расте и дали ова се знаци дека ќе ми прават операција.Ако некој знае да ми каже некој од искуство или некој совет што сте направиле да ви помине.Благодарам и се надевам ќе има некој да ми одговори