Најверојатно мислиш на визил протеза. Лошо е што дошло до тоа, но веќе кога мораш, одбери визил. Разликата од класичната е што оваа има метален скелет, редуциран, па така пациентот има поголема удобност при носењето и секако чувствува вкусови. Не создава нагон за повраќање во горната вилица, затоа што не се работи за целосна плоча, туку еден или два поврзувачи на седлата во зависност од ситуацијата во устата.
Мој совет е да на ја правиш со кукици (тие металните раце што го опфаќаат забот), туку со копчиња. Прво затоа што со тек на време потпорниот апарат на забота под дејство на кукицата попушта, второ не е доволно естетски. Е сега, за да се направат тие копчиња твоите крајни заби треба да се истругаат за порцеланска коронка. Потоа едниот дел од копчето оди во коронката, а другиот дел во протезата и се копчаат буквално како нитна. Естетски задоволуваат сосема одлично, а олеснително е што ако одржуваш добра хигиена можеш и да не ги вадиш по неколку месеци. Функционално се многу подобри од кукиците, протезата е постабилна.
Имаш и опција импланти, но таа е сигурно барем 5-6 пати поскапа протезата. Би вградила имплант на местото на седмицата, па потоа со мост поврзуваш до петка.
И малку да се надоврзам со муабетиве погоре. Лена, нема да ти става вештачки нерви, туку трајно полнење со гутаперки. Ако си работрла толку години во таа област, не смееш да си дозволиш вакви лапсузи.
Друго, не е точно дека анестезија на предни заби не се става. Местото е исто тврдо како и во бочната регија. Ја чувствувате таа вкочанетост кај носот, бидејќи тука поминува и назопалатиналниот нерв, па анестетикот може да дифундира кон него. Не е тоа никаква грешка на докторот, или пак грешно ставена анестезија.