Опсесија со Бог

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Пред се’ верник не те прави никакво парче хартија...тоа е само потврда дека си крстен ама не е репер дека ти во иднина ќе бидеш верник...Верата е повеќе од документ и верата се покажува и докажува со срце, човечност и дела...
Јас сум дете од атеист и верник..татко ми бил коренит атеист во буквална смисла на зборот..од невлегување во црква до неславење верски празници...значи атеист со сите нишани, а јас сум крстена по желба на мајка ми и тоа скришно без тој да знае зашто мајка ми пак си е верник....
Е сега мене многу ме нервираат тие таканаречени атеисти кои се декларираат како атеисти...АМА ради реда оделе во црква за Велигден и Божик за да скршат муабет пред црква - па има кафичи и ресторани за таква работа, или оделе оти сите оделе значи кај сите овци таму и јас, а најтрагично од се’ е што истите тие атеисти ги слават и празнуваат верските празници, слават Божик, Велигден оти биле фамилијарни празници ??? не се фамилијарни туку се најголемите христијански празници...или пак што бара атеист кај некој на слава??? ако ти не почитуваш религија и се поврзано со неа не оди ни на слава, а ако си појден да го испочитуваш домаќинот тогаш ако попот ти даде да бациш крст баци го пак од почит кон домаќинот, а не јас ќе дојдам на верска слава ама оти сум атеист не бацувам крст...ве молам...апсурдно...
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Нц, кога некој има слава и ти му одиш на гости, ако те начека попот те тера крст да бациш.
Културно или не, одбивам.
Кога веќе одиш кај некој близок на слава, можеш барем да отидеш од кога ќе си отиде попот.
Така никој нема да те тера да бацуваш ништо, и ем ќе одбегнеш непријатна ситуација.
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Мислам дека никој никого не може да натера со сила да верува или да бакнува икони...

E не може златна..не може,затоа и не успеа доволно да ме натера да ја бакнам...
Некои луге не разбираат некои работи...:)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Пред се’ верник не те прави никакво парче хартија...тоа е само потврда дека си крстен ама не е репер дека ти во иднина ќе бидеш верник...Верата е повеќе од документ и верата се покажува и докажува со срце, човечност и дела...
Јас сум дете од атеист и верник..татко ми бил коренит атеист во буквална смисла на зборот..од невлегување во црква до неславење верски празници...значи атеист со сите нишани, а јас сум крстена по желба на мајка ми и тоа скришно без тој да знае зашто мајка ми пак си е верник....
Е сега мене многу ме нервираат тие таканаречени атеисти кои се декларираат како атеисти...АМА ради реда оделе во црква за Велигден и Божик за да скршат муабет пред црква - па има кафичи и ресторани за таква работа, или оделе оти сите оделе значи кај сите овци таму и јас, а најтрагично од се’ е што истите тие атеисти ги слават и празнуваат верските празници, слават Божик, Велигден оти биле фамилијарни празници ??? не се фамилијарни туку се најголемите христијански празници...или пак што бара атеист кај некој на слава??? ако ти не почитуваш религија и се поврзано со неа не оди ни на слава, а ако си појден да го испочитуваш домаќинот тогаш ако попот ти даде да бациш крст баци го пак од почит кон домаќинот, а не јас ќе дојдам на верска слава ама оти сум атеист не бацувам крст...ве молам...апсурдно...
Хммм... А што ако ти кажам дека Божиќ и Велигден се сметаат и за државни празници? Исто и за куќна слава, тоа не е ли повеќе за куќата отколку за бога?
Луѓе, јас не осудувам верници, оној атеист што ќе отиде на некоја главна манифестација е негова лична желба. Едноставно мразам атеисти кога ќе почнат да им се замешуваат на верниците во нивните лични интимни верувања во бог. И обратно. Исто како и некој вчерашен атеист, денес се фрла во водите за да го земе крстот. Тоа е сквернавење веќе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and JaMi

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Хммм... А што ако ти кажам дека Божиќ и Велигден се сметаат и за државни празници? Исто и за куќна слава, тоа не е ли повеќе за куќата отколку за бога?
Луѓе, јас не осудувам верници, оној атеист што ќе отиде на некоја главна манифестација е негова лична желба. Едноставно мразам атеисти кога ќе почнат да им се замешуваат на верниците во нивните лични интимни верувања во бог. И обратно. Исто како и некој вчерашен атеист, денес се фрла во водите за да го земе крстот. Тоа е сквернавење веќе.
Даваат награди :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and Saladin

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Едно бацување на икона и одење во црква не прави никого верник како што нели и седењето во гаража не прави никој автомобил. Дали бил верник или атеист за мене е се исто се додека е човек. Сега за опседнатоста со Бог.. Сфаќам луѓе што го почитуваат секој пост, редовно си одат во црква, си имаат слави и тн.. Но, никако не можам да ги сфатам оние налудничави опсесии кои сега ми се се почести на пример на фб. Споделување слики од богородица за здравје, па секој ден нов цитат од библијата како статус... Слики како тој/таа се крсти во црква и бацува икони. Па ти праќа страни "исус е мојот спасител" плс лајк... Па не дај боже да му кажеш здраво ќе почне да ти кажува како откако го запознал Исус се пронашол себеси!?
Значи мојата верба е моја интимна работа. Не се ова избори па ќе промовираме кандидат. Тоа е нешто што секој треба да си го чува за себе и во себе. Дали верник или атеист е своеволна одлука која не треба да се наметнува на други, а и на крај краева не мора ни да се коментира за тоа.
 

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Кога веќе одиш кај некој близок на слава, можеш барем да отидеш од кога ќе си отиде попот.
Така никој нема да те тера да бацуваш ништо, и ем ќе одбегнеш непријатна ситуација.
А од кај да знам ја попот кога доаѓа?

TheKitten
Види, тој лист што го имаш во црква ти дозволува да ги користиш нејзините ајде да речам „услуги“.
Што значи, благодарение на тој лист, ако најдеш маж побожен и ако те замоли да се венчате во црква ќе можеш. Ако го искинеш тој лист, и да те моли до утре нема да можеш.
Не може муслиман да се венча во црква ако не се покрсти...
Второ, доаѓа време деца се крштеваат. Повторно побожниот маж сака да ги крсти децата. Ако си ти покрстена ќе може, ако не си, нема да може.

- е оние што се одрекуваат од „услугите“ кои во иднина би можеле да ги искористат(тоа не значи дека ќе ги искористат) се Атеисти. А тие другите се модерни Христијани.
Ти Христијанка или Атеист си запишана на пописот?


п.с. Не сум видел Поп до сега со сила да те тера крст да бакнеш. Тоа што го прават на слава е затоа што ве благословува сите, и ја кажува молитвата... тоа е да речеме „ритуал“ а ти слободно можеш да речеш „Нејќам да бацам крст“...

и толку од мене, нема цел да реплицирам веќе.

Нејзините услуги се плаќаат дебело, ништо не прави гратис ;)
Маж побожен не можам да најдам. Не би ми се допаднал за една вечер, а не за брак. Ако го искинам листот, утре пак можам да се крстам.

Аман со тој побожен маж. Ни блиски другари побожни немам, а не па маж. Ај ти ако си со атеистка, ќе си го искинеш листот ради нејзин ќеиф?

На пописот секогаш атеист.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Хммм... А што ако ти кажам дека Божиќ и Велигден се сметаат и за државни празници? Исто и за куќна слава, тоа не е ли повеќе за куќата отколку за бога?
Луѓе, јас не осудувам верници, оној атеист што ќе отиде на некоја главна манифестација е негова лична желба. Едноставно мразам атеисти кога ќе почнат да им се замешуваат на верниците во нивните лични интимни верувања во бог. И обратно. Исто како и некој вчерашен атеист, денес се фрла во водите за да го земе крстот. Тоа е сквернавење веќе.
За ова зборував сето ова време јас.
Само што ете во тој кош ги ставам и тие крстените кои се немаат откажано од црквата. А за тоа нема да бидат линчувани ( не живееме во тоа време).