Омилен „бисер“ на вашиот помал брат/вашата помала сестра

*Маја

Истакнат Член
28 октомври 2013
23
7
103
Ако имате помал брат или сестра, сигурно детските бисери ви се секојдневие, па споделете некој кој последен пат ви го разубавел денот :)
Кога и како последен пат ве насмеаа? Која мудрост и глупост ќе им ја памтите до крајот на животот?
За да си го разубавиме денов - споделете :D
 
Последна промена:

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Немам помал брат или сестра.
Но, еве, ќе ви кажам за мене.
Кога бев 4-5 години имав навика секој ден да сии играм со кал. Не знам, интересно ми беше.
Правев манџи од кал и ратенија(уште како мала сум била лош готвач). Претпоставувам од Храна и вино сум го научила „занаетот“. Што да се прави? Од истиот момент кога знам за себе, знам и за Храна и вино.
Но, еден ден сум решила да ги оставам манџите и да пробам некоја нова „уметност од кал“. Речено-сторено.
Сум се намачкала целата со кал, од глава до пети, всушност не баш. од врат до пети, можеби.
Дошле родителите и кога ме виделе ме прашеле „Што правиш“.
Јас сум рекла: „Направив малтер и сега се ѕидам“.:igra:svirka

Или пак братучед ми:
Две години беше тогаш.
Седи на пластичниот стол во подрумот на баба ми(тогаш и дедо ми, но...:place), онака, на гаќи, пелена и сандали и јаде салама. Одеднаш станува и и' се обраќа на мама:
-Тетоо, јас сум многу голем ама, ама, ама, ама...
-Ама што?
-Ама, ама, ама, ама, ама, ама, ама сепак сум мал.

Абе добар е!:rofl
 

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Најголемиот бисер на мојот/мојата брат/сестра е тоа шо ми рекоа дека немам брат/сестра а уствари имам поголема сестра немам помал/а брат/сестра.
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Пошто нон стоп го терав да иде во продавница (тоа кога беше мал се разбира, сега е пет глави над мене) и да ми носи вода и еднаш ми рече добло што ти сум јас газда само да ти носам вода? А не дека нема лупетано глупости други, ова сега ми текна дека ги имаше измешано поимите, ваљда на слуга мислел кутриот.