Немам помал брат или сестра.
Но, еве, ќе ви кажам за мене.
Кога бев 4-5 години имав навика секој ден да сии играм со кал. Не знам, интересно ми беше.
Правев манџи од кал и ратенија(уште како мала сум била лош готвач). Претпоставувам од
Храна и вино сум го научила „занаетот“. Што да се прави? Од истиот момент кога знам за себе, знам и за
Храна и вино.
Но, еден ден сум решила да ги оставам манџите и да пробам некоја нова „уметност од кал“. Речено-сторено.
Сум се намачкала целата со кал, од глава до пети, всушност не баш. од врат до пети, можеби.
Дошле родителите и кога ме виделе ме прашеле „
Што правиш“.
Јас сум рекла:
„Направив малтер и сега се ѕидам“.

Или пак братучед ми:
Две години беше тогаш.
Седи на пластичниот стол во подрумот на баба ми(тогаш и дедо ми, но...

), онака, на гаќи, пелена и сандали и јаде салама. Одеднаш станува и и' се обраќа на мама:
-Тетоо, јас сум многу голем ама, ама, ама, ама...
-Ама што?
-Ама, ама, ама, ама, ама, ама, ама сепак сум мал.
Абе добар е!
