Каде и да бев ќе седев под истото стаклено ѕвоно гушејќи се во сопствениот кисел воздух. Воздухот на стакленото ѕвоно ме притискаше од сите страни и неможев да се помрднам.
Тој не е мој. Никогаш не бил мој. Не ни сакам да биде мој. Целосно мој. Нема такво припаѓање. Глупости. Чисти зелени глупости. Патетични збора за предавање. А нема такво храње.- Си го храниме егото додека кажуваме колку сме се божем предале. Гнасен начин на прихрана е овој кон себе. Лажен.Па не мораш тоа гласно да го кажеш. Ама за тоа те сакам. Затоа сакам да си разговарам со тебе , онака. Кога ќе ми се смачи, или тебе ќе ти се смачи, ќе прекинеме со овие средби кои ми заличуваат на сеанси.