Чекори низ ноќта
обвиена со наметка од самотија
во свет кој и припаѓа само неа
и кој себично го чува од сите.
Бара засолниште
за секој грам љубов за давање
Ковач е на среќата на другите
кои заскитуваат на нејзината нерамна патека
Да ја разберете не е работа на разумот. Работа е на душата.
Совршена материја е таа, душата.
Не има и нас, на кои ни се распукани.
Добра работа се пукнатините, ќе ви каже.
Низ нив се пропушта светлината.
Да се будиш сакајќи а не можејќи Не е за секого.
Ни да сакаш, љубиш, сонуваш, имаш...
Болката ја влече надолу
како карпа врзана околу стапалата
во модри морски длабочини.
Бидејќи се има цена
И држење за раце
И бакнежи
И нежни зборови...
Чекорите и исчезнаа во мракот
Се изгуби се во вртлогот, во маѓепсаниот круг.
Се изгубија драгите луѓе.
Чувството на празнина е потешко од горчина.
Ноќта и е единствена верна сопатничка.
Единствената која ја разбира.
Во тишина.
Еднаш сите ќе сфатиме зошто.
А до тогаш...
Да собереме се во некоја малечка кутија
Наречена надеж
Да ја чуваме од оние кои никогаш нема да разберат...