Озборување

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Оговарање
Оговарањето е честа појава и скоро нема човек кој не бил на мета на оговарање, било тоа машко или женско. Општо во светот жените се познати или се сметаат за најголеми "оговарачки" и дури некој викаат дека на некој од нив тоа им е хоби. Оговарањето се смета за лоша особина и го практикуваат сите без разлика на полот или возраста. Најчесто оговараат оние кој што доволно храброст да се соочат лице в лице со личноста која им е мета и затоа го прават тоа на овој кукавички начин...

-Јас не оговарам, дури и ги мрзам тие што прават така. Ги сметам за луѓе кој немаат што да прават со својот живот, па се замараат со животите на другите луѓе. Сеедно, повеќе сакам соочувње лице в лице. :)
saveti.jpg

  • Дали (често) оговарате?
  • Дали некогаш сте биле мета на оговарање и зошто?
  • Што сметате за тие што оговараат?
  • Како сте реагирале доколку сте биле мета на оговарање и за се тоа сте дознале?
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
не оговарам,тоа е нешто што најмногу го мразам... секој што прави си прави за себе како и јас се што правам си правам сама... не ме интересира што прават и нека не ги интересира то правам и точка :) поздрав до тие што ме оговараат сега :giggle
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Одбегнувам да оговорам, секогаш она што го мислам за некого му го кажувам тоа отворено и поради тоа не сум баш обожавана од секого. Или ако веќе зборувам со некого за некој трет, после тоа му викам на третиот еј слушај прееска те зборевме со...
Но да не се лажеме, понекогаш со најдобрите другарки чисто од забава знаеме да изнаоговараме некого и да не ни е гајле за тоа.
И, да - ме оговараат, ама не се замарам, кој што сака нека збори. А оние кои го прават тоа воопшто не ги осудувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Нешто што највеќе мразам е оговарање.
Јас ниту оговарам, ниту се замарам со проблемите итн...на другите луѓе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Да седнам да оговарам со саати, не фала, имам попаметни теми за разговор, ама, да не се праиме на три ипол, не постои личност која барем два реда муабет не разменила за (прости, секојдневни примери) тоа колку лоша карактеристика имал некој, која глупост треснал/а, како невкусно се облекол и слично. Едноставно механички иде. Дојдено е до степен што веќе и не ни навлегува во свеста како оговарање. Ама, има разлика од тоа до џаболебарење и ширење приказни за да биде „поинтересно.“
Јас признавам, знам да плеснам некоја captain obvious реченица што секој ја мисли, а не ја кажува. Утре кажаното и јас самата ќе го заборавам, ама кога е тука и сега, се случува да прокоментирам, а понатака како ќе се развива, не ме занима, оти нема со свои очи да видам. Мета сигурно сум била, ехее, едноставно и си знам дека на многу им сметаат некои мои карактеристики, вклучувајќи ја и најважната - кажувам кога нешто ми смета кај нив, и многу јасно, тоа не е сфаќано како конструктивна критика, туку сигурно фрчат коментари дека јас сум караконџула на која се’ и сметало, сум се погледнала ли себе прво, демек јас кутрата безгрешна се мислам и што ти знам таму.
И интересното е што никогаш, ама никогаш, ниту некој ми кажал дека сум била нечија мета, ниту пак самата сум трчала да откријам. Безвезно ми е, доволно ми е што јас си се знам себе, а да трчам од еден до друг да слушам различни стории кој што кажал, па да си чукам глава, да се нервирам зашто така, па ова па она, тоа ич.
Секое чудо (па и оговарањето) за три дена, и не би да го пролонгирам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin and Hip.Hop_MKD

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Јас мислам дека на темава треба да оговараме некој што не е тука, да го изнаоговараме и да ги избришиме мислењата за да не знајт дека сме го оговарале.
Е ова е многу бедно, мизерија да не речам. Оговарање значи некого да му кренеш рејтинг ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD