Ова го можам добро

  • Автор на темата Lena
  • Време на започнување

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
По фалбаџиска тема,амин :zelen
Богами не наидов на таков кој не бил добар во сослушувањето на другите,забавувањето на другите,простувањето,да сака некого,да насмее некого,фантазирањето,слушањето...
Па дури има и такви кои добро пушеле цигари :D ц ц ц .
Некои биле добри во плачењето? (wasntme)
Некој пак е уверен дека бил добар родител,пријател?
Зарем ова не се работи кои треба да ги остаивиме другите да ги напишат за нас?

Да да,сфатив дека темата е за фалење,но еве јас ке се приклучам на толпата и ке се пофалам дека се занесувам дека добро правам статистики,добро памтам случки во детали и свои и туги за да можам кога ке подзаборават кои биле да ги потсетам.
Ако не друго,темава ке послужи да се прочита мегу редови кој е реално скромен а кој глуми скромност.
Нагласив мегу редови,од причина што да не бидам погрешно сфатена,не значи дека тие што се пофалиле се нескромни за разлика од оние другите.
Можам добро да се изнаспијам на слободните денови :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Lena

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Добра сум во свирење клавир.
Добро знам да се ориентирам на непознато место.
Добро знам да кажам нешто непромислено.:nah

Се останато, како сослушување на пријател,умешност да насмееш некого,изигрување рамо за плачење,и останатите вакви работи скоро сите ги можиме.А и малку претенциозно ќе звучи ако се испофалам за се и сешто.Поубаво би било кога некој друг ќе го каже тоа за мене.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Добар сум во се што е поврзано со Географија
Добар сум во кроење на добри планој
Добар сум во ракомет :)
Добар сум во снаоѓање
Добро знам да изглумам среќен а душата ме боли
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Добра сум во перење, вадам секакви дамки
добра сум во готвење
добра сум во трошење пари
добра сум во тоа што го работам
добра сум во проценување на луѓе.
 

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
  • добра сум во правење збрки
  • добра сум во пеење
  • добра сум во фантазирање
  • добра сум во кажување на вистината
  • комуникативна сум
  • добра сум во решавање математички и логички проблеми
И се надевам еден ден добар хирург..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Можам да ја расипам целата игра кога во школо играме одбојка и сите од мојот тим да направам да ми се лутат.
Можам да го трескам од земја кутрото мое безжично глувче.
Можам да ги превртувам зборовите на другите во моја полза (а тоа го практикувам само кога сакам да изнервирам некој идиот).
Можам да рикам (верувајте, тоа моето не може да се нарече пеење) во тоалетот и никој да не ме слушне.
Можам да ја пишувам мојата чудна литература и да измислувам досетки во ист стил.
Можам да цртам и сликам.
Можам да свирам клавир.
Можам да глумам режисер и да си мислам филмови и аниме серии по цели ноќи (навистина го правам тоа и добро ми оди)
Можам да украсувам новогодишни елки.
Можам да играм кошарка.
Можам и карате.
Можам многу лесно да учам и сфаќам.
Можам да ги нервирам другите со моите филозофски мисли и загатки.
Можам без размислување, инстинктивно да удрам некого а и да не бидам свесна за тоа.
Можам да не забележам дека не внимавам на речникот.
Можам да ставам шеќер наместо сол во салатата.
Можам да бидам катастрофално неуредна.
Можам да глумам хистеричен дрогираш кој останал без дрога.
Добар голман сум.
Можам без да сакам да откачам или скинам завеса.
Можам да ја изнервирам мама така што ќе кренам лубеница. А тоа го практикувам секогаш кога нешто сакам. Ако мама не ми дозволи, веднаш одам доле и велам „Ако не ми дозволиш да одам таму, ќе ја кренам лубеницата“.
Можам да нервирам мали деца.
Можам да фрлам шише во канта од трета клупа (и да ја погодам кантата, секако)
Иако не знам да пеам, имам многу силен глас и добро се дерам.
Можам да научам како некој „дише“ (размислува) за кратко време и можам да го предвидам секое негово движење и реакција после тоа.
Можам да ја мразам алгебрата затоа што многу често грешам на глупости како множење. Затоа геометријата многу повеќе ја сакам.
Можам понекогаш дури и да го дешифрирам сопствениот ракопис.
Можам да дремам на форумот.
Можам да имитирам министри.
Ја имам моќта да ги отрујам сите и ќе ја споделам со вас: само треба да спржам јајца. Јајцата кои јас ги пржам или се прегорени или пак не доволно спржени...
Можам сега и да престанам да пишувам сега...
 

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
* да напишам некое составче, песниче
* да се насмеам баш кога не треба
* да седам како маж и цел викенд да го истрошам на гледање фудбал и коментирање утакмици
* да направам прекрасни make up трансформации ...

и уше некои , но не сакам да звучам нарцистично , па доволно е
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
-Да се смеам заразно(и да направам сите околу да се смеат)
-Да внесам оптимизам и воља за живот
таму каде што навидум не е можно.
-Да бидам добра пријателка(кој ме има за пријателка ме има за цел живот)
-Да сакам(кога сакам некого се предавам целосно на тие чувства и дозволувам да владеат со мене)
-Да бидам еуфорична.
-Да дадам се од себе за луѓето кои ги сакам
да бидат задоволни и среќни.
-Да готвам добро(уживам во тоа)
-Да фантазирам(притоа да се внесам во тоа)
-Знам да си праам филмчиња-секакви(тоа ми е нешто омилено)
а најмногу ги сакам оние зелените филмчиња:zelen
(што ме прави неозбилна,но не се замарам за тоа)
-Да организирам убави вечери со друштво,
добра храна и убава атмосфера.
-Да анализирам личности,мисли и чувства.
Да плетам добро ми е најновото,
да ги шармирам клиентите на работа со мојот акцент(и со тоа го зголемувам бројот на договори,а со зголемување на број на договори,си ја зголемувам платата),
да бидам дисциплинирана во се што правам,
знам добро да паѓам на сред улица,притоа да се правам дека ништо не се случило(често знам да се сопнам и паднам на прав пат
најинтересно беше летово во Хрватска кога со сандали со високи потпетици се качував по еден рид,нормално дека се сопнав и паднав).
Можам да пливам многу долго,
можам да возам многу брзо и многу долго кола.
Можам да сослушувам добро,
да мотивирам иии..не ми текнува сега нешто друго,чинам и доста ќе е :)
Пс.Ми текна уште нешто.
Можам многу добро да повредам некого со кажување на вистината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Glorija and Змејче

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Можам да бидам исправена кога паѓам.
Можам да давам и кога немам.
Можам да добивам и кога губам.
Можам да простувам кога ме повредуваат.
Можам да се смеам кога плачам.
Можам да говорам баз глас.
Можам да сакам безусловно.....................
:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mnogo Bitno