Дознаваме дека Австријската компанија Marchi Mobile направиле и исто така го продаваат најскапото рекреативно возило на светот, по име EleMMent Palazzo
Како што е пренесено од Press Online, станува збор за кампер со ширина од 2,5 метри, должина 12 метри и завзема простор од 20 метри квадратни.
Внатрешноста на ова најскапо рекреативно возило се состои од спална соба, купатило, дневна соба, футуристичка возачка кабина, луксузен мини бар и импресивна pop-up кровна тераса.
Оваа куќа на тркала исто така е опремена со преносен интернет, камин, сателитска телевизија и подно греење.
Погледнете го видеото и ќе видете за што станува збор.