Новитети во автомобилската индустрија

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
999
606
423
Ohrid

Шпанскиот автомобилски производител, Aspid го претстави нивниот втор спортски модел наречен GT-21 Invictus.
Овој спортист со застрашувачки изглед ќе испорачува 450 кс кон задните тркала, благодарејќи на BMW-овиот 4.4-литарски V8 мотор усогласен со шест-степен мануелен или седумстепен автоматски секвенцијален менувач со двојна спојка. Неговото забрзување до 100 километри на час се очекува да биде под 3 секунди, додека максималната брзина би била над 300 км/ч.
Aspid тврди дека автомобилот ќе тежи 990 кг и ќе постави нови стандарди на стабилност во свиоци. Што се однесува до димензиите, овој модел е долг 4447 mm, широк 1902 mm, висок 1226 mm, додека зафатнината на багажникот изнесува 275 литри.
Втората креација на Aspid располага со сличен екстремен стајлинг како Aspid Super Sport, но ќе биде првиот GT автомобил дизајниран со полуотворен распоред на тркалата. За разлика од Super Sport, кој има место само за двајца патници, GT-21 Invictus ќе има 2+2 распоред на седење, па така во него ќе можат да се сместат четири возрасни лица.
Aspid ќе започне со производство на овој модел во 2014 година, а ќе се произведуваат 250 автомобили годишно, кои ќе бидат продавани во 20 претставништва низ Европа.
 
  • Like
Реакции: Maks and ipopovski

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
999
606
423
Ohrid
Американскиот автомобил ќе биде основата за новата Opel Omega...
Според информациите, знаменосецот на Opel, новата Omega ќе биде базирана на новиот Cadillac XTS.

Што се однесува до моторизацијата, најверојатно, Opel ќе го искористи 3.6-литарскиот V6 мотор со директно вбризгување, кој продуцира 304 КС, или 2.8-литарскиот мотор со шест цилиндри и турбо-полнач, со 321 КС.

Како и да е, можно е да се искористи и помал мотор, со четири цилиндри, и турбо полнач, со 195 КС.

Новата Omega, би се лансирала на пазарот при крајот на 2013-та година.




 
  • Like
Реакции: Roxelana

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
999
606
423
Ohrid
Skoda подготвува хечбек верзија од Rapid

01 Август 2012 Новитети

Skoda ја потврди намерата да лансира конвенционална пет-вратна хечбек верзија од новиот Rapid.
Шефот за продажба и маркетинг на Чешката компанија, Јурген Стакман, објави дека автомобилот ќе биде пократок од компактниот седан Rapid и ќе располага со заден дел кој ќе наликува на Golf.
Автомобилот беше прикажан на минатогодишниот Саем во Женева под името Vision D концепт. За разлика од Rapid тој располагаше со пошироки полумесеци и потенки предни светла. Конечната верзија се планира да биде лансирана на крајот од наредната година.
Сепак, нема да остане истиот дизајн од Vision D. Стакман истакна дека нема да биде истиот автомобил и дека нема да има три-вратна верзија, но не го откри неговото финално име, иако логично е да биде наречен Felicia.
 
  • Like
Реакции: Roxelana

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
999
606
423
Ohrid

Спортското купе на Toyota – долгоочекуваниот GT 86 – од неодамна е достапно и во Македонија!
Досега многупати сме пишувале за GT 86, и со задоволство можеме да кажеме дека автомобилот кој се навраќа на старите вредности на спортските автомобили од неодамна е достапен и кај нас во Македонија! Покрај одличните возни својства, GT 86 нуди и навистина многу опрема, но најважната работа е дволитарскиот боксер мотор кој испорачува 200 коњски сили и диференцијалот со ограничено пролизгување (LSD) кој гарантира одлично управување, но исто така им значи многу на познавачите и љубителите на Drift. Секако, погонот е на задните тркала – токму онаму каде што и треба да биде!
Цената на GT86 во Македонија е 32.900 евра, а првиот модел веќе можете да го видите во салонот на Тојота Авто Центар во Скопје!
Фотографија: Дејан Маликовски













 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
999
606
423
Ohrid

Оpel ја зголеми достапноста на 2.0-литарскиот битурбо дизел мотор во гамата на Astra, така што овој агрегат сега се нуди и во хечбек и караван верзиите, два месеци по неговото прво вградување во Astra GTC.
Лансиранa на пазарот во почетокот на 2012 во гамата на Insignia, четири-цилиндричната погонска единица со два турбополначи произведува 192 коњски сили и максимален вртежен момен од 400 Nm.
Петвратната Astra BiTurbo CDTI достигнува максимална брзина од 226 км/ч, додека караванот може да достигне 222 км/ч. Германскиот производител вели дека и двата модели забрзуваат од место до 100 км/ч за помалку од осум секунди.
Опремени со стандарден Старт/Стоп систем, двата модели покажуваат просечна потрошувачка на гориво од 5.1 литри на 100 километри, додека издувните гасови изнесуваат 134 g/km.
Моделите опремени со 2.0 BiTurbo CDTI агрегатот располагаат со поагресивен изглед од стандардните модели, така што се опремени со изменета предна маска, нови магленки, преден браник сличен на OPC верзијата, 18-инчни тркала и две издувни цевки на задниот дел.
Ентериерот е освежен со двобојни седишта, нив волан со зарамнето дно, алуминиумски педали и специјални патосници.










одличен автомобил :cool:
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,279
2,353
113
Софија
Maserati Quattroporte е на пазарот веќе 8 години, односно од 2004-та година. Pininfarina, како и секогаш, заврши одлична работа околу надворешниот изглед – и покрај годините, Quattroporte изгледа прекрасно.

Новиот модел, како што може да се види од фотографиите, ги наследува некои од линиите на GranTurisimo, комбинирани со препознатливите Quattroporte детали, што јасно ни кажува за правецот во кој се движат Италијанците.


Фотографијата погоре е компјутерски генериран резултат од скици, шпионски фотографии, патент-цртежи и видеа. Ако не точно, веруваме дека ова е приближно на она како би изгледал новиот Maserati Quattroporte, со моделска 2013-та година.

Како и да е, сигурно ќе го провериме ова на саемот во Детроит, идната година, доколку Италијанците не решат да не изненадат на саемот во Париз, оваа есен.