Немам полуголи слики, а и таа што ја имам за профилна не е од мене, па затоа и немам некој налив на непознати пријатели. Два-три месечно да се, многу е.
Пред 3 години прифаќав секакви фаци за Mafia Wars, имав над 1000 души. Дебилче.
Сега дали пола од бројката имам, од кои добри 80% ги знам лично, а другите се што останале од игрите и тук-таму што сум прифатила некоја фаца, оти ме мрзи да истражувам што е, па кој е, па од кај ми нашле профил итн.
И не, не сум фан на ФБ познанства, го имам претежно за групата за факултет да се информирам и крај.
Глупаво ми е некако да одам од профил на профил, да разгледувам слики, статуси, освоени поени на игри итн, па да решавам дали да додавам некого, или пак да ме додаваат, па да развиваме муабет за времето и школото и да разменуваме лајкчиња.
Имам попаметни работи на интернет.