Немој ! Те молам !

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Постојат многу типови на нанесување на болка, но сметам дека најтежок вид на болка е оној кој ти го предизвикуваат најблиските. Ако домот е онаму кај што си среќен, тогаш каде е домот за оние кои и во него се најтажни?

Влегуваш низ твојата врата после напорниот ден исполнет со милион обврски за да се надоградиш себе си, и да се гордеат твоите најмили од личноста која се стремиш да бидеш и да ја искалиш. Но при самиот влез нема поддршка, нема топлина. Празно. Молк. Но сепак се чувствува присуството на болното липење и бесните ностри што фучат. Имаш чуден трепет и немир во својата душа, ти доаѓа да викаш, да викаш толку силно, но гласот ти се зема, и со секој следен чекор паниката станува се поголема и понапната, тензијата е до немај каде, а ти некако чудно и бавно се движиш. Секој чекор – миља, секоја минута – ново убиство на она што остана од твојата душа. Дупка. Длабока, празна дупка. Црнило. Црнило и трње, само тоа остана во тебе. Болка, непрекината. Како да газиш во жив песок и тонеш, како да вдижуваш чад и саѓи се трупаат врз твојата чиста душа, се ти е магливо, срцето ти трепери и секој момент очекуваш да ти пукне. Нервозата е во највисоките стадиуми, а психата скита од постапка до постапка прашувајќи се што е денес она што го имаш „згрешено“. Тоа те излудува, живеејќи во таквата неизвесност, незнаејќи кога и колку тешка ќе е твојата следна „казна“. Никој план не ти е солиден, ништо не е постојано, лишен си од основните работи потребни за егзистенција и најбитно лишен си од твојата слобода да си она што сакаш да бидеш и да можеш слободно да се движиш. Безпотребна тортура само затоа што некому така си му текнало. Психичката тортура дури е и помачна од физичката, знаејќи дека нема кого да гушнеш и несмееш да зарониш солза а незнаеш како да им помогнеш на оние кои најмногу им требаш, на оние кои и тебе најмногу ти требаат ги гледаш скршени. Ти си сам и безживотен, некорисен, од една индивидуа патат сите покрај тебе, а помош…помош нема. Безизлезна ситуација.

Да драги мои, колку и да е ова оскудно напишано и недоволно поетски искажан, сепак е вистина. Зборам за СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО. Нема доволно тежок збор за да се опише трагедијата на ваквите настани пропратно со неа и болката.

Сеуште неможам да перцепирам во мојата глава и да ја доловам таквата бујна „имагинација“ на сторителот. Која е потребата да нанесеш болка на оние што и покрај таквото твое нетолерантно однесување сеуште те сакаат и поддржуваат? Мислам дека тоа е психичка деформација и се работи за психички лабилна личност која за да докаже доминантност се служи со таков ригорозен третман кон својот челад и семејство. Семејството денес за голема жал се помалку претставува „основна ќелија на здравственото општество“. Ваквиот брутален чин го има во секоја земја па така и во нашата Македонија е многу широко застапен. Жртви се особено жените и децата односно најнемоќните и најзависните алки во семејството што неможат да опстојат без „супериорниот“, било материјално или некако поинаку. Насилничките дејствија во рамките на семејството се откриваат мошне тешко и ретко. Конфликтите многу ретко излегуваат на виделина поради стравот од одмазда на насилникот, срамот од околината и желбата да се задржи добрата претстава за сопствениот брак, но и економската зависност од сопругот. А често и поради љубовта и стравувањето на жената за иднината на своите деца, нерешителноста, немањето на поддршка и доволна заштита од државата, и зависноста од „главата“ на тоа семејство. Само еден процент од децата при семејно насилство прераснуваат во нормални индивидуи. Другите најчесто мислат дека тоа е правилна „љубов“ па тоа се пренесува од колено на колено. Се шири како тешка и спора болест, зајадлива, неправедна, убиствена и многу од мачениците прераснуваат во џелатот од кој се плашеле целиот свој живот, само за и тие една ден да ја почувствуваат опивната моќ на злото, контролата, лошиот начин на супериорност што за нив е исправен. Така се социјализирани, неможеме да ги обвиниме. Тие незнаат поинаку освен насилно, никогаш нема да се сменат и целиот свој живот ќе функционираат со закани и уцени против најслабите околу нив.

Семејното насилство е едно од преовладувачките криминални поведенија во повеќе општества и носи со себе разорувачки последици како по однос на примарната жртва, жената, така и во однос на секундарната жртва децата. Ова е резултат на историски заснованата нееднаква положба на мажот и жената, во која таа се наоѓа во субординирана положба во однос на мажот.

Декларацијата на тоа што е насилство опфаќа физичко насилство (влечење за коса, шлаканица, тепање, бокс…), психичко насилство врз детето опфаќа ( закани, следење, изолација, забрана за движење…..) и третиот и воедно најлошиот сексуално насилство кое опфаќа ( присила на сексуален однос, обид за присила или друг вид на сексуална активност). Утврдено е дека секогаш постои дел кој останува неоткриен, попознат како темна бројка на криминалитетот.
Тоа е страшно. Вистинскиот маж никогаш не удира жена ! Вистинскиот маж никогаш не удира дете ! Вистински е оној маж кој знае да сака и е посветен на своето семејство.

Јас таа болка и тој бодеж во градите го нарекувам црна љубов. Љубов од која патиме, но сепак ја поседуваме во голем размер кон некого. Љубов кон вашиот создател но истовремен џелат. Како пијавица, како крлеж, најтајно од сите, вешто сокриен од остатокот од светот умешно ви ја цица душата, ви ја пие крвта а вие сте беспомошни, никој не знае за тоа. Тој е вашиот дементрос, а вие ја немате магијата на expecto patronum. Тоа е болно. Тоа е тешко. Иднината со такви корени не е никаква иднина.

Драги мои ова е апел, апел до сите вас, сите оние кои ќе се пронајдете, и сите оние кои нема да се пронајдете, апел дека можеби некој ќе ја собере храброста и под енормно тешките услови да каже ЈАС СУМ! Јас сум бил под таков покрив, јас сум целото мое минато, но од него се издигам како феникс од пепелта. За тоа треба голема свест и самопожртвуваност, но бидете храбри !

Нема да сте сами. Ќе се појави и втор, и трет, и така ќе се формира едно цело јато. Јато кое никој нема да може да го раздели, јато кое пламни и кое се возвижува. Јато кое никоја црна душа нема да може да го стигне зошто таквите не умеат, тие незнаат да се сплотат, да се сакаат и делат. Знам дека треба време, но фениксот живее доживува голема старост пред да умре и конечно да се издигне од пепелта. Јас верувам во нашиот феникс што ќе го најде јатото, а вие? Ајде, дајте му крила !

И ценете го своето семејство и топлиот дом, ( зборам за оние кои се доволно среќни да растат во таков ) некој ни тоа го нема, бидете благодарни за она што го имате, и помогнете им и на другите да добијат парче од таквата топлина ! За општо добро !



Deviously Devilish
 

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
31
Знам дека ќе звучам како ситничар,ама феникс,не феликс :)
Инаку одлична колумна,поентата е доловена,опфатено е и повеќе отколку што треба,супер,браво!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dr.Gonzo

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Знам дека ќе звучам како ситничар,ама феникс,не феликс :)
Инаку одлична колумна,поентата е доловена,опфатено е и повеќе отколку што треба,супер,браво!
А дементорот не го примети? ;)

И уште нешто, знам дека ја реметам поентата но...Фениксот нема јато. Живее сам, старее сам и умира сам.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
Знам дека ќе звучам како ситничар,ама феникс,не феликс :)
Инаку одлична колумна,поентата е доловена,опфатено е и повеќе отколку што треба,супер,браво!


Ја напишав 5 до 12, буквално ! во 12 ја испратив.....Ќе поправам грешките.
 

Deviously Devilish

Активен Член
28 август 2012
104
72
28
30
А дементорот не го примети? ;)

И уште нешто, знам дека ја реметам поентата но...Феликсот нема јато. Живее сам, старее сам и умира сам.



И еве пак почнуваме ^^ Незнаев дека живее сам, само се стремев малку метафорично....