Неискажани чувства

MimeQueen

Полноправен Член
13 јануари 2014
86
41
18
25
Нема никој без неискажани чувства.Тоа не би требало така да биде, зошто тоа стално не копка,не мачи.Со ВИСТИНСКИ пријател ако се сподели нема никаков проблем.Ако се сподели со другар/другарка која ве лаже(како што мене ми направија) тогаш за таа мака ќе дознае планетата.
Како мала на истово девојче кажав дека имам симпатија,а таа за неакажа лага.Мојата љубов беше забранета.
Не треба да се верува на секого.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Општо кажано не може за некое чувство да се каже дека е позитивно или негативно,дека е правилно или неправилно.
Секое чувство има право да биде такво какво е.Секое сокриено/неискажано чувство има свои последици,посебно оние чувства за кои не сме свесни дека постојат.
Чувствата или емоциите се биолошки реакциски шеми или поинаку кажано автоматски одговори на одредени искуства.
Пред некој ден имав некој важен разговор.
Бев концентрирана на факти и формулирања воопшто не пратејќи реакции и гести кај соговорникот.
Требаше да потпишам договор следниот ден.Три-четири саати покасно кога си дојдов дома се појави во мене чувство дека целата работа смрди и не смеам да потпишувам туку-така.
Се вратив на разговорот и детално го обработив однесувањето на мојот соговорник,кое покажуваше дека соговорникот глуми.
Концентрацијата на фактите ме одалечи од чувството кое не го приметив во моментот туку тек кога се опуштив.
Не го потпишав договорот и тоа беше правилно така.
Кога ќе ги ослободиме сокриените чувства прво се појавуваат негативните.
Како во примерот горе при потпишување на важни договори се добредојдени,но во други ситуации се јавуваат чувства како гнев или љубомора во моменти кога не се потребни и кога не сакаме да се соочиме со нив.
На пр.кога сопругата изнервирана се истура врз својот сопруг кажувајќи му се што и се врти во глава.
Сопругот се чуди што се случува затоа што не и направил ништо лошо.
Причината за испадот биле неколку неразмислени зборови од негова страна кои разбудиле некое сокриено чувство кај неговата сопруга.
Такви чувства(сокриени за кои не сме ни свесни дека постојат) не водат до експлозија или неочекувани испади во одредени моменти.
Во тие случаи може понатака да пробаме свесно да го пратиме чувството и сокриената порака позади истото.
Опширна тема се неискажаните чувства и последиците.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Убаво би било да не треба да се кријат емоции, да се искажат и манифестираат, но за жал системот е таков што една особа која ги искажува чуствата во полн обем ќе заврши без работа, без партнер/ка, без френдој, можеби и семејството ќе се откаже од таа особа преку јавен оглас...
Заробени сме во условеноста со физички опстанок, играчки, потомство, конвенции, статуси и концепции...место за автентични емоции нема.
Boys don`t cry. They die younger by the hour...
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Моментот кога ќе се завртиш и низ зајадлив осмех ќе му речеш: Ма иди у п***у матер, преку к** си ми.
И сите неискажани чувства излегуваат веднаш...:giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
Моментот кога ќе се завртиш и низ зајадлив осмех ќе му речеш: Ма иди у п***у матер, преку к** си ми.
И сите неискажани чувства излегуваат веднаш...:giggle
Бидејќи темата за тоа е отворена, нели.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and existence

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Во последно време си ги искажувам чувствата и поубаво ми е. Малку ме загледуваат настрано, но добро ми оди. Порано се плашев како другите ќе реагираат на тоа. Сега ми е гајле. Во ситуации кога ќе загусти вртам на шала-предклимактеричен синдром:D
Кога некој не го сакам велам не те сакам, а кога го сакам те сакам. Многу едноставно и практично.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Во последно време си ги искажувам чувствата и поубаво ми е. Малку ме загледуваат настрано, но добро ми оди. Порано се плашев како другите ќе реагираат на тоа. Сега ми е гајле. Во ситуации кога ќе загусти вртам на шала-предклимактеричен синдром:D
Кога некој не го сакам велам не те сакам, а кога го сакам те сакам. Многу едноставно и практично.
... освен фактот што „Те сакам“ и „не те сакам“ не се баш единствените чувства кои можат да бидат прикриени и неискажани.


Не можам и не сакам да верувам дека постојат луѓе кои немаат неискажани чувства. Убаво си кажал Зигмунд (или по ново и ова е сменето во Сигмунд?), само кој да го послуша. Секој еден настан кој побудува некакво чувство во некого повлекува дека има само две можности: или ќе биде искажано тоа чувство, или ќе биде потиснато и чувано. Не постои потиснување чувства до крај на животот, барем јас сметам така. Кога-тогаш испливуваат на површина предизвикувајќи закаснети реакции (или акции, не сум баш сигурен што се. Најверојатно се акции кои всушност се реакции на претходно чувство.) кои неретко се случуваат на погрешно место и посекако во погрешно време.
Потиснувањето на чувствата не е нешто кое е невообичаено и чудно за една единка. Сите го правиме тоа во различна мера. Но постојаното потиснување е и те како голем проблем. Постојаното потиснување чувства доведува до нешто кое „нормална“ единка го перцепира како ладна личност. Дали една личност ќе покаже или ќе потисне чувство поттикнато од одреден настан зависи од многу фактори, барем според мене. На пример зависи од минатото на личноста, зависи од околината во која растел/а, зависи од контактите со луѓе кои ги имал/а... прилично од сѐ што се случувало пред да се случи настанот кој нѐ интересира. Но секое потиснато и искажано чувство ја менува насоката на движење. Дали ќе го покажеш или ќе го потиснеш некое чувство во одредена ситуација посекако влијае на тебе и на твоите размисли, а со тоа и на твоите следни акции, но никогаш во иста насока. Чувство кое било некогаш потиснато, па испливува после Х години, ја менува личноста но таа промена нема да доведе до личност која би била иста како личноста која би настанала ако пред тие Х години не го потиснела тоа чувство.
Од друга страна, која можеби и не е тема на разговор овде но јас ѝ придавам огромно значење, се хормоните кои играат огромна улога во тоа дали ќе се побуди одредено чувство или нема да се побуди воопшто. Непобудено чувство не е исто со потиснато. Едното постоело па било потиснато, другото не ни постоело воопшто. Јас хормоните ги сметам за „диригенти“ според кои се случува сѐ во еден живот и им придавам огромно значење во секоја акција, во секое чувство, во сѐ што се случува во нечија глава... буквално цел живот е акции предизвикани од различни хормони, ерго секое чувство е диригирано од одредени хормони.
Ако добро се сеќавам, некаде имав прочитано дека Фројд спомнува „вентил кој некогаш ќе се отвори“ алудирајќи на тоа дека потиснатите чувства постојат и во одредено време веројатно ќе стигнат до критична маса па ќе експлодираат предизвикувајќи хаос.

Дали постои нешто што би ја поправило штетата? Споменав претходно, личност „потиснати па искажани“ нема да направи личност иста како „искажани“. Не постои начин сем ако некој не измисли временска машина која би дозволила ај да го речеме поправање на штетата. Но кога спомнуваме штета, не може да се земе дека само „потиснато па искажано“ прави штета. Често и „искажано“ прави штета која што „потиснато“ не би ја направило.

Заборавив да набројам. Секое чувство може да биде потиснато или искажано. Буквално секое.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
А зошто пак да ги искажуваме сите чувства?
Се’ е релативно...
Некој подобро функционира ако ги искаже отворено своите емоции, а некој ако ги потисне...
Мислам дека не секогаш е вистинска опција да ги искажеш своите чувства...
Прост пример шефот/газдата не можеш да го поднесеш, ама ете ти дава добра плата коректен е со тебе и ти треба отворено да му кажеш дека ти е антипатичен и дека не можеш да го “свариш“??...
Не, ќе си го потиснеш тоа и ќе си тераш со работата...
Ако се шетаме наоколу и ако ја искажуваме баш секоја емоција која ќе проникне во нас, нели стануваме отворена книга која секој ќе може да ја прочита? Нели така би биле повеќе подложни да не’ повредат и злоупотребат?
Мислам дека треба да постои некој баланс...некои емоции подели, некои сепак нека останат за себе....
Оние емоции кои кога тогаш испливуваат на површина и кои може да предизвикаат хаос, се секако секогаш интензивни негативни емоции доживеани некогаш и потиснати длабоко во себе (и за истите да се активираат повторни потребен им е одреден тригер - независно дали тоа ќе биде ситуација, одредена личност, опкружување исл.) , или се константни емоции кои траат без прекин, а истите се премолчени...
Тие емоции често можат да доведат до психосоматски заболувања на организмот или до одредени психички нарушувања кои би резултирале со промена во однесувањето кон другите...
Во повеќето случаи, потиснатите чувства повеќе и’ наштетуваат на самата индивидуа отколку на другите...
Мое мислење, како и за се’, најдобро е да постои “златна средина“...
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Ама неискажување не е спротивно на потиснување. Спротивно на потиснување е да си дозволиш себеси да ги почувствуваш. Не морам да ги искажам јавно, ама ќе си дозволам себеси да ги почувствувам. Ако сум лута не морам да се издерам на сите, ќе земам лист и пенкало и ќе изнапишам сѐ, како чувствувам - така, без воздржувања. Не мора тоа никој да го види, не мора да го прочита. Битно не сум го потиснала во себе, ама сум си го признала и сум си го дозволила. Себеси. Ама па тоа е некогаш потешко, ако не и најтешко. Себеси да си дозволиш.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ама неискажување не е спротивно на потиснување. Спротивно на потиснување е да си дозволиш себеси да ги почувствуваш. Не морам да ги искажам јавно, ама ќе си дозволам себеси да ги почувствувам. Ако сум лута не морам да се издерам на сите, ќе земам лист и пенкало и ќе изнапишам сѐ, како чувствувам - така, без воздржувања. Не мора тоа никој да го види, не мора да го прочита. Битно не сум го потиснала во себе, ама сум си го признала и сум си го дозволила. Себеси. Ама па тоа е некогаш потешко, ако не и најтешко. Себеси да си дозволиш.
Сепак е тоа искажано чувство, барем според мене. Искажано не мора да е нешто што мора некој друг да го види, ами извадено од себе што се вели. Инструментот може да е пенкало и хартија, музички инструмент, молив, четка, фотоапарат итн итн. Јас барем на тоа мислев кога пишував за искажани чувства.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and lady_blue