Во последно време си ги искажувам чувствата и поубаво ми е. Малку ме загледуваат настрано, но добро ми оди. Порано се плашев како другите ќе реагираат на тоа. Сега ми е гајле. Во ситуации кога ќе загусти вртам на шала-предклимактеричен синдром

Кога некој не го сакам велам не те сакам, а кога го сакам те сакам. Многу едноставно и практично.
... освен фактот што „Те сакам“ и „не те сакам“ не се баш единствените чувства кои можат да бидат прикриени и неискажани.
Не можам и не сакам да верувам дека постојат луѓе кои немаат неискажани чувства. Убаво си кажал Зигмунд (или по ново и ова е сменето во Сигмунд?), само кој да го послуша. Секој еден настан кој побудува некакво чувство во некого повлекува дека има само две можности: или ќе биде искажано тоа чувство, или ќе биде потиснато и чувано. Не постои потиснување чувства до крај на животот, барем јас сметам така. Кога-тогаш испливуваат на површина предизвикувајќи закаснети реакции (или акции, не сум баш сигурен што се. Најверојатно се акции кои всушност се реакции на претходно чувство.) кои неретко се случуваат на погрешно место и посекако во погрешно време.
Потиснувањето на чувствата не е нешто кое е невообичаено и чудно за една единка. Сите го правиме тоа во различна мера. Но постојаното потиснување е и те како голем проблем. Постојаното потиснување чувства доведува до нешто кое „нормална“ единка го перцепира како ладна личност. Дали една личност ќе покаже или ќе потисне чувство поттикнато од одреден настан зависи од многу фактори, барем според мене. На пример зависи од минатото на личноста, зависи од околината во која растел/а, зависи од контактите со луѓе кои ги имал/а... прилично од сѐ што се случувало пред да се случи настанот кој нѐ интересира. Но секое потиснато и искажано чувство ја менува насоката на движење. Дали ќе го покажеш или ќе го потиснеш некое чувство во одредена ситуација посекако влијае на тебе и на твоите размисли, а со тоа и на твоите следни акции, но никогаш во иста насока. Чувство кое било некогаш потиснато, па испливува после Х години, ја менува личноста но таа промена нема да доведе до личност која би била иста како личноста која би настанала ако пред тие Х години не го потиснела тоа чувство.
Од друга страна, која можеби и не е тема на разговор овде но јас ѝ придавам огромно значење, се хормоните кои играат огромна улога во тоа дали ќе се побуди одредено чувство или нема да се побуди воопшто. Непобудено чувство не е исто со потиснато. Едното постоело па било потиснато, другото не ни постоело воопшто. Јас хормоните ги сметам за „диригенти“ според кои се случува сѐ во еден живот и им придавам огромно значење во секоја акција, во секое чувство, во сѐ што се случува во нечија глава... буквално цел живот е акции предизвикани од различни хормони, ерго секое чувство е диригирано од одредени хормони.
Ако добро се сеќавам, некаде имав прочитано дека Фројд спомнува „вентил кој некогаш ќе се отвори“ алудирајќи на тоа дека потиснатите чувства постојат и во одредено време веројатно ќе стигнат до критична маса па ќе експлодираат предизвикувајќи хаос.
Дали постои нешто што би ја поправило штетата? Споменав претходно, личност „потиснати па искажани“ нема да направи личност иста како „искажани“. Не постои начин сем ако некој не измисли временска машина која би дозволила ај да го речеме поправање на штетата. Но кога спомнуваме штета, не може да се земе дека само „потиснато па искажано“ прави штета. Често и „искажано“ прави штета која што „потиснато“ не би ја направило.
Заборавив да набројам. Секое чувство може да биде потиснато или искажано. Буквално секое.