Ја миев косата со Wash&Go Apple fresh, но ми се појави првут по неколку месеци употреба. Фризерката ме советуваше околу месец дена да ја мијам со Бекутан детски шампон и навистина има резултати. Побрзо се мрзи косата, но првутот исчезна.
После капењето, на полуводената коса ставам маска од Garnier за оштетена коса и толку.
Е сега, бидејќи планирам да престанам со употреба на Бекутан шампонот, дали може некој да ми препорача добар шампон против првут од кој е задоволен?