Најдобра книга што сум ја прочитала и што ми оставила најголем впечаток, дефинитивно е "Папата Јована". Маестрално дело. Ја прочитав во еден здив и мислам дека ме направи горда на силата и посветеноста на женскиот род. Топло ви ја препорачувам.
Други добри книги што сум ги читнала се "Ловец на змејови" и "Илјада неверојатни сонца" од Калед Хосеини. Ме внесоа во еден поинаков свет што не сум можела ни да помислам дека во 20 и 21 век може да постои на земјава. Обработуваат различни тематики, ама суштината е слчна- тешкотиите со кои се соочуваат Афганистанците како последица на исламскиот екстремизам.
Летово читав исто така една супер книга. На прв поглед многу едноставна, ама со добра поздина на приказната- Добра земја Од Перл Бак.