Значи мене ова ми доаѓа како да се споредуваат Фиат, Мерцедес и Мазда.
И трите возила се корисни за тоа што се наменети ама името, и престижот си го прави своето, а богами и квалитетот.
Сум на Т-Home буквално цел живот, не сум менувала до сега а и не планирам. Можеби не се најефтини ама што ќе ми е ефтиноќата на вип кога не во секоја ситуација и не секаде можам да добијам некого и некој да ме добие мене. Да се разбереме вип користи мрежа преку Т, колку може да фати толку.
Инаку од пред некој месец сум на промо 499 и ми е милина. 3Г интернет, неограничени разговори во мрежа на Т и 100 мин кон други , што за мене е повеќе од доволно. Мрежата е топ, понуди оваја година си имаа мнооогу подобри за разлика од други години. А исто ми се бендиса и тоа што ги збогатија бизнис пакетите и ги направија поприступни и со цена и со квалитет.
Не знам зошто ама сум многу приврзана за брендов....не ме напаѓајте