Најглупави реклами | Црнобело Форум

Најглупави реклами

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,436
9,143
1,683
Кушкундалево
Милчо го бива за долгометражни, ама за кратки не баш. Имаше и претходно бламажи со тие рекламите за Охрид, ова со Скопско се дното.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,023
9,649
1,683
Normandy
Најискрено но у задње време ептен дебилни реклами ми се овие со инстаграм концепција, реклами кои нудат совршен утопистички свет без нервози, најчесто во кадар стои еден еднорог кој испрдува виножитца, музика некоја од оние њуејџ пијано сонати, безгрижни насмевки на девојки кои прекупотребно користеле белило за заби, дечиња со по двајца родители кои редовно посетуваат бјути салон со совршено искубани веѓи и депилирани груди... Вокабулар збогатен од неколку фрази кои имаат буквално исто значење но покажуваат колку речитоста е многу важна.
Сето тоа за главниот продукт кој ти го рекламираат е потрошувачки кредит за банки/здрава исхрана која чини ѓавол ипол/топ-шоповина.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,417
1,153
Милчо го бива за долгометражни, ама за кратки не баш. Имаше и претходно бламажи со тие рекламите за Охрид, ова со Скопско се дното.
Абе искрено од филмовите само Пред дождот го имам целосно гледано и то дури 2 пати :D. Другите, освен исечоци, не сум ги гледала нити планирам да ги гледам. Не ги можам, многу ми се мачни. Рекламите од друга страна, ми се онака релаксирачки, шо знам, можеби е заради музичето, можеби ради нешто друго, ама кога и да ги начекам ги гледам и си се насмевнувам.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Абе искрено од филмовите само Пред дождот го имам целосно гледано и то дури 2 пати :D. Другите, освен исечоци, не сум ги гледала нити планирам да ги гледам. Не ги можам, многу ми се мачни. Рекламите од друга страна, ми се онака релаксирачки, шо знам, можеби е заради музичето, можеби ради нешто друго, ама кога и да ги начекам ги гледам и си се насмевнувам.
рекламите за Охрид ги пуштаа пролетва в кино пред филмовите и се одлични. Кој што сака нека збори. А и рекламиве погоре што ги имат снимено ми се свиѓаат.
П.С. Освен Пред дождот ѕирни го и Dust, не е на тоа ниво, ама не е лош. Сенки го има печатот на Милчо, неговиот стил на снимање, послаб е троа од двава претходни, ама мил ми е, а Мајки уште му го немам погледнато. :)
 

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Има тема за интересни реклами ама нема за глупави, а сите знаеме дека има прееемногу глупави реклами, дури и повеќе од интересни.

На пример мои фаворити за најглупа реклама ми се: Рекламата за Airwaves каде се глупираат тие лудаците, за оној сокот Gute Fruchte со дрољата Маријана и сите реклами на Оне и Вип. Се извинувам не можам да барам видеа, ама ги знаете сите. Тоа се толку ретардирани реклами што не може да се опише.

Епа значи исто како и во другата тема, така и овде. Не мора да се наши рекламите, може и странски некои. :)
Always и Vip реклами исто и вмродпмне и сдсм реклами