Насилство во училиштата

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Среќен сум што си го спасила детето свое
но што правиме со децата кои секојдневно се малтретирани во училиште а нивните родители незнаат за тоа
тие деца како ќе се одбранат и како го доживуваат тоа? во какви личности ќе израснат? плашливи, несигурни? покрај се нема да можат да се сконцентрираат на нивното учење и успех
А зошто не знаат родителите? Затоа што нивните деца не се доволно блиски со нив за да им ја разјаснат ситуацијата? Насилните деца се препознаваат уште од најмала возраст. Пред некое време комшиите зборуваа за дете кое со стап удирало мало маче и му го извадило окото. Жената што го чува мачето отишла кај таткото на детето и се пожалила. Имав прилика јасно да слушнам како зборува и верувајте таа не беше толку загрижена за мачето колку што беше за детето. Таткото на малиот насилник и се испонашал на жената, и се развикал... Кој ке биде крив кога тоа дете ке ги тепа соучениците? И што е најлошо сето ова ке продолжува.Можете ли да замислите што се ке се случува во иднина ако родителите на детето не превземат нешто сега додека е мало (6-7 години)

Исто така и малтретираните деца се препознаваат. Замислени се, повлечени, деконцентрирани... каков е тој родител кој нема да примети дека нешто се случува со неговото дете?
Еве уште еден пример, се случи пред некоја недела.
Пред влезот на зградата во која живеам забележав толпа од девојчиња кое се туркаа, викаа... девојчето кое живее во станот под мене се обидуваше да си оди дома, а нејзините другарки не ја пуштаа, ја притиснаа до ѕидот, ја навредуваа, ја туркаа, и се подсмеваа. Влезната врата беше блокирана од нив, но мораа да се тргнат за да влезам. Девојчето успеа некако да се извлече и јас ја задржав врата да влезе. Се качивме заедно во лифтот. Ја слушав како дише тешко и забрзано, целата се тресеше, лицето и беше бледо. Се воздржување да не заплаче пред мене...
Секој ден го гледам татко и како пијан уште од сабајле се расправа со другите комшии. Имам приметено дека многу му се плашат. Бил полицаец во пензија, бла бла... И додека тој се однесува насилно, неговата керка е малтретирана... Девојчето е повлечено, сама оди накај школо, не ја гледам надвор со нејзините врснички... од километар се приметува дека нешто не е во ред.
Често размислувам за тоа да и пријдам, но незнам како.

И кој е крив? Прво родителите на тие деца, потоа наставниците итн. Не верувам дека дете кое има добар однос со родителите може да има вакви проблеми.
 
Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Брее, читам и се нервирам.
@malo , ама јака ти душа, еј. Те читав и во една претходна тема мислам, кога имаше проблем со хиперактивноста на малиот во училиште, те читам и сега, и алал да ти е како фино си се справила. Баш ми е мило што работите одат ко што треба.
Пошто и јас имам напоменато дека бев хиперактивно дете, а и сега не сум нешто поарна на моменти, јас би отишла и би ги потепала сите...еден покушај со секира ќе им направам. :zelen Сељачана искомплексирана.

Пред некое време вжештено се расправав со мајки што оправдуваат секакво однесување. Додуша, ова беше за деца од претшколска возраст, ама не верувам дека истото ќе се смени за година-две...т.е. може, али претежно на полошо. Госпоѓиве се убедени дека да бидеш мајка е највозвишеното нешто и дека нема нешто што не е дозволено за нив и нивните мезимчиња. Еднаш било мало.
Ооо, кој бре вам ви дозволи да се плодите? :^)

За децата ми е и малку жал. Ете, тоа се претежно деца чии родители или воопшто не се таму за нив, па на тој начин добиваат внимание, или се деца кои се дома малтретирани, па се обидуваат да се убедат себе дека може да имаат некаква контрола и дека вредат нешто. Жално во секој случај.
И жално што никоја финансиска состојба нема да го промени тоа, колку и да се чукаат со истата во гради.
Ретко да има дете кое не било мета на такви силеџии. Ако не било, тогаш тоа било силеџијата. :zelen
Јас нагло растев и бев штркот во клас. Дали 4-5 машки беа повисоки од мене, другово...И ете ми ти као каков бил воздухот горе, сум била ко антена...другарка ми пак се грбавеше при трчање и беше спора, па ја викаа „Жеки“, демек нагалено од желка (лол бре). Не може никој да ми рече дека дете од 10ина години знае толку погрдни зборови, освен ако и самото не ја осетило тежината на истите.
И така си тераше дури еден ден не му покажав на еден мрсулко каков е воздухот горе. :D

И тие бе психолози и педагози, џабе го носат името. Кај мене во основно и средно се погоди едно дете што стварно тешки работи го беа погодиле дома и истово прерасна во насилник. Решение? Волот од педагог го влечеше за уво по ходник, да го посрамел. Пошто нели, тоа е супер начин да се справиш со агресивно дете на кое баш од такви влечења му иде бесот. Нула да дадеш за кадриве со кои располагаме, многу ќе им е.
Ќе сторам добро ако помогнам
но што ако потоа и јас станам мета на тие таквите зошто сум му помогнал
Сосема разбирлива реакција, но многу погрешна, гледајќи сега вака.
Да се соберете и да си ја соберете храброста, еднаш-двапати кога ќе се спротиставите, сигурно ќе добиете удари назад, ама после некое време баш и нема да им е сеедно. Тие деца се хранат со стравот на другите, штом ќе приметат дека стравот го нема, тие ќе почнат да се плашат бидејќи ќе се осетат дека губат контрола. Е, сега, може да избувне ептен (во најлош случај), но претежно се повлекуваат.

Треба, очајно на училиште треба да се воведат мерки/часови каде ќе се учат децата на правилна комуникација и општа култура, бар еднаш неделно.
Ама џабе лаење, кога професориве на класен час не идат изостаноци да си средат, а кога го прават тоа, се дерат ко живчани или се сосема незаинтересирани...не па друго.
Мизерија.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Бројот на ученици секоја година се намалувал, како во основни така и во средни училишта. Истовремено бројот на наставници и професори се зголемува. Logic? Образовниот систем постои поради наставниот кадар, бирократите во министерство и набавувачите на тендери. Сето тоа ѓубре треба да се `ухлеби` некако. Учениците се само колатерала.

Малтретирање на било кое место може да биде прекршочно или кривично дело, амнестија од тоа има само во училиштата каде пред очите на незаинтересираните вработени се врши тортура или по ново `bullying`.

Со ретки исклучоци претпоставувам, they don`t give a shit.
Чколијата освен како продолжеток на јасли и градинки (служи како магацин за деца) нема некоја корисна улога. Да им помине времето нели, да не се дома или на улица по цел ден.
Точно е дека насилството потекнува од фамилиите од кои доаѓаат насилниците бла бла но тоа и не е важно. Секој насилник треба да одговара за постапките, без разлика на возраста или пак нивните родители.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338

Стварта е да се нема насилници а не да се казнат насилниците т.е. да одговараат
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec and malo

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Бројот на ученици секоја година се намалувал, како во основни така и во средни училишта. Истовремено бројот на наставници и професори се зголемува. Logic? Образовниот систем постои поради наставниот кадар, бирократите во министерство и набавувачите на тендери. Сето тоа ѓубре треба да се `ухлеби` некако. Учениците се само колатерала.

Малтретирање на било кое место може да биде прекршочно или кривично дело, амнестија од тоа има само во училиштата каде пред очите на незаинтересираните вработени се врши тортура или по ново `bullying`.

Со ретки исклучоци претпоставувам, they don`t give a shit.
Чколијата освен како продолжеток на јасли и градинки (служи како магацин за деца) нема некоја корисна улога. Да им помине времето нели, да не се дома или на улица по цел ден.
Точно е дека насилството потекнува од фамилиите од кои доаѓаат насилниците бла бла но тоа и не е важно. Секој насилник треба да одговара за постапките, без разлика на возраста или пак нивните родители.
Каков ефект ке се постигне со казнување на децата насилници? Во мојата генерација имаше една банда такви кои секој ден беа казнувани од директор, педагог, психилог... беа бркани од школо, полиција доаѓаше во училиштето, кај нив дома... Ако казнувањето е добра мерка, сега истите ке беа луге на место од толку казнување, немаше да се влечат по улиците уште од 11 сабајле ко зомби напушени и пијани.
А верувај, голем дел од нив потекнуваа од дицфункционаални семејства.
На тие деца им треба разбирање, внимание, љубов. Баш поради недостатокот од истите доаѓа до овој проблем. Родителите треба да разговараат со своите деца, наставниците исто. Во ова денешно општество не е лесно да имаш впечаток дека никој не те слуша, дека никој не те разбира, не ти верува.
Казна - да, ама само во случај кога убавиот начин не постигнал ефект.
 
Ниту родителите ќе преземат нешто, уште помалку наставниците. Тие се таму за плата и ништо повеќе. `Казни` од типот бркање и муабети пред чичко директор и цајкан не вродуваат со плод. Во ред, може да се направи предупредувачки муабет еднаш или двапати. Ако креатурата сеуште се однесува исто, 48 часовен престој во самица би направил чуда...
А за разбирање, љубав и остали ствари и онака нема да ги добие на чколија ако веќе не ги добил дома. Шо треба да ги погалат по косата и да им купат чоколатце на насилните деца?! Ќе се свестат тогаш?
Не треба да се заборави дека одреден (мал) процент од тие насилници се родени како психопати и со нив нема разбирање, нема чаре, нема лек. Таквите ликови треба да се одвојат од нормалните деца, да се однесат во посебни установи.

Настрана малиот дел на психопати, причината за насилството е најчесто банална. Сосема е неприродно за деца да седат 5-6-7 саати во клупа и да слушаат срања кои не ги интересираат. Последиците од тоа ги трпат оние кои ќе бидат рандом избрани како жртви врз кои ќе се манифестираат фрустрациите од феноменот `магацин за деца`. Сепак, жртвите не се должни да трпат со години малтретирање. И кога веќе нема превенција, подобро е да има сериозни казни.

Али све је то утопија :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
http://www.mirror.co.uk/news/real-life-stories/inside-school-thats-dedicated-helping-2869437

Посебна чколија во Англија за деца кои трпеле хронично насилство, влезница за таму веројатно е депресија или обид за суицид.
Интересна ствар и позитивен чекор иако е чудно, зошто да има сегрегација на жртвите а не на насилниците?!

http://www.bbc.co.uk/news/education-27902500

Rather obvious но тие се најчестите жртви на системот `магацин за деца`...

http://www.npr.org/blogs/health/201...hysical-toll-of-bullying-persists-for-decades

And again kinda obvious...
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Прво да се прекрстам за конечно убаво развиената дискусија, по долго време. :) Па, со среќа нека ни е во зачестувањето на истите.

Сите сме биле сведоци на истиве постапки. Тепачки ученик со ученик, ама и на ситуација професор убаво да подбере некое дете. Јас имав професор што удираше шлаканица за неубаво избришана табла на дежурниот ученик.
Непрофесионален кадар, незаинтересирани родители кои сѐ што прават е мислат на себе си, а не на децата(презафатени со бизниси па удри на детето со сѐ живо од технологија бидејќи...компјутерот и автомобилот и таблетот даваат совети и прегратки поубави од родителските), другите деца со родители алкохоличари што секој ден се тепаат по дома, трети...без родители, живеат со баби и дедовци, а и општеството, особено ќе обрнам внимание на сериите од типот „Долина на волците“.
Детето е бел лист хартија... што ќе му запишеш, тоа ќе биде. Ако не му запишеш ќе запишува што ќе му дојде при рака и вид, а не секогаш доаѓаат убави работи.
- ова се според мене причините за ваквите однесувања на децата.
Нели, училиштето е нашиот втор дом, учителот наш втор родител. Ако учителот види(бидејќи нели тој треба да биде и педагог во исто време) дека детето има некакви проблеми со концентрација, самоконтрола, повлеченост - треба да разговара со него. Ама што прави тој? Или ќе го игнорира, или ќе се јави кај родителот„Ај среди си го малиот малку“, или ќе му изнареди укори од прв до последен.

Кога ќе се сетам, јас и сестра ми(близнаци)... два различни поими изгледани од еден ист родител. Јас си бев такво, мирно, повлечено, во некој свој филм завлезено, сестра ми беше багабонт и за мене. Секогаш по мене се викаше „зошто ти не ја контролираш сестра ти?“. Ќе нѐ испрашуваат, јас научено таа не, мене ќе ми се развикаат зошто дур сум учел јас не сум ја викнал и сестра ми да учи. Ќе отиде мајка ми на родителски, наместо да се каже дека дада ми ја скршила таблата, ќе се вика за мене зошто јас не ја контролирам сестра ми, бидејќи јас нели постабилен. Мајка ми ќе дојде дома ќе ни збори на двајцата, знаејќи дека не можам јас да делувам ќе ѝ замали устата од објаснување на сестра ми дека не треба да се однесува така, дека не е тоа начин за исфрлање на нејзините внатрешни немири ама џабе...утрето дада ми пак ќе рипнеше на првиот што ќе ја навредеше за нашето потекло, па пак педагози, укори, опомени пред бркање...
До ден денес реагира насилно на некои навреди, а не е тоа дека е лоша личност, туку има болка...што ниту еден професор ниту стручен работник таму по тие да ми простите на зборот е*ени институции не застана да ја ислуша туку...тук тек и тие ќе убацеа „епа без челична рака на татко дома вакви деца излагаат.“
Секогаш било така, префрлање на топката, од еден на друг, а решавање на проблемот никако.

Пред некое време во кичевската гимназија се случи ужасна тепачка. Меѓуетничка. Македонци беа буквално скоро до смрт истепани од Албанци. Едното од децата една недела во болница, другото со скршена рака, третото со трајни последици на очите. Македонците излегоа на пријавен во полиција бојкот на настава и штрајк. Знаете ли што се случи? Се префрли топката на политичка тема„Ве подбуцнуваат СДСМ за пред избори да правите немири“... со закани за оставање на полагање на „бунтовниците“ го сопреа штрајкот, „тепачите“ не ги избркаа од училиште затоа биле со некој канал поврзани со наш „истакнат“ бизнисмен, се заташка работата... „бунтовниците“ продолжија по ходниците да удираат девојчиња по газ, а ако отиде кај педагогот некоја да се пожали се вика „па ти што си облекла толку тесни фармерки?“...

Незаинтересираност е главната причина за ваквите настани. Да се поагилни сите - и професори и родители, друга ќе биде работата.