Брее, читам и се нервирам.
@malo , ама јака ти душа, еј. Те читав и во една претходна тема мислам, кога имаше проблем со хиперактивноста на малиот во училиште, те читам и сега, и алал да ти е како фино си се справила. Баш ми е мило што работите одат ко што треба.
Пошто и јас имам напоменато дека бев хиперактивно дете, а и сега не сум нешто поарна на моменти, јас би отишла и би ги потепала сите...еден покушај со секира ќе им направам.
Сељачана искомплексирана.
Пред некое време вжештено се расправав со мајки што оправдуваат секакво однесување. Додуша, ова беше за деца од претшколска возраст, ама не верувам дека истото ќе се смени за година-две...т.е. може, али претежно на полошо. Госпоѓиве се убедени дека да бидеш мајка е највозвишеното нешто и дека нема нешто што не е дозволено за нив и нивните мезимчиња. Еднаш било мало.
Ооо, кој бре вам ви дозволи да се плодите?
За децата ми е и малку жал. Ете, тоа се претежно деца чии родители или воопшто не се таму за нив, па на тој начин добиваат внимание, или се деца кои се дома малтретирани, па се обидуваат да се убедат себе дека може да имаат некаква контрола и дека вредат нешто. Жално во секој случај.
И жално што никоја финансиска состојба нема да го промени тоа, колку и да се чукаат со истата во гради.
Ретко да има дете кое не било мета на такви силеџии. Ако не било, тогаш тоа било силеџијата.
Јас нагло растев и бев штркот во клас. Дали 4-5 машки беа повисоки од мене, другово...И ете ми ти као каков бил воздухот горе, сум била ко антена...другарка ми пак се грбавеше при трчање и беше спора, па ја викаа „Жеки“, демек нагалено од желка (лол бре). Не може никој да ми рече дека дете од 10ина години знае толку погрдни зборови, освен ако и самото не ја осетило тежината на истите.
И така си тераше дури еден ден не му покажав на еден мрсулко каков е воздухот горе.
И тие бе психолози и педагози, џабе го носат името. Кај мене во основно и средно се погоди едно дете што стварно тешки работи го беа погодиле дома и истово прерасна во насилник. Решение? Волот од педагог го влечеше за уво по ходник, да го посрамел. Пошто нели, тоа е супер начин да се справиш со агресивно дете на кое баш од такви влечења му иде бесот. Нула да дадеш за кадриве со кои располагаме, многу ќе им е.
Ќе сторам добро ако помогнам
но што ако потоа и јас станам мета на тие таквите зошто сум му помогнал
Сосема разбирлива реакција, но многу погрешна, гледајќи сега вака.
Да се соберете и да си ја соберете храброста, еднаш-двапати кога ќе се спротиставите, сигурно ќе добиете удари назад, ама после некое време баш и нема да им е сеедно. Тие деца се хранат со стравот на другите, штом ќе приметат дека стравот го нема, тие ќе почнат да се плашат бидејќи ќе се осетат дека губат контрола. Е, сега, може да избувне ептен (во најлош случај), но претежно се повлекуваат.
Треба, очајно на училиште треба да се воведат мерки/часови каде ќе се учат децата на правилна комуникација и општа култура, бар еднаш неделно.
Ама џабе лаење, кога професориве на класен час не идат изостаноци да си средат, а кога го прават тоа, се дерат ко живчани или се сосема незаинтересирани...не па друго.
Мизерија.