Сегде читам „една вечер“... а денски не можи да се муваш?
Зезанција настрана, озбилен сум за муабетов. Цел форум одговара со Не, а сепак сите се муваат...

Јас сум строг противник на овие работи. Прво, не дека се сакате, туку сте само запечени. Ако размислиш, потоа можеш гадно да се покаеш за тоа што си се мувала со некоја сељачина.
Просто...
Ситуација 1 - може да му биде другар на некој што навистина ќе ти го улови срцето па да неќе да биде с отебе заради тоа
Ситуација 2 - кога ќе разбери „твојата вистинска љубов“ со кого се имаш мувано (на 5 души еден се гаѓа гарант), ќе ги смршти веѓите и некако се поретко и поретко ќе ти се јавува на телефон... и така...
Мислам се долови основната поента.
Причина.... Зошто? За некој да си тргне решка на ***от „е оваа ја мував!“ Што добиваш ти? Не ти е гајле... не драга, сега не ти е гајле, потоа може да ти биде итоа како гајле за глупавото лигавење со некој одвратен сељо...
Глупава работа! Колкави се шансите да излезе нешто продуктивно од сето бесмислено лигавење меѓу двајца изгубени во космосот? Зероооууу!
Или си давате идиотска утеха „ај можи ќе ме засака откако ќе се залапаме“ ... (напомена: ако некој се препозна во болдираново нека се опни со камен по тиквата, не бива човек од него!) Човече, мизерно е... ја вреѓаш интелегенцијата на целиот човечки род. Како може да те засака некој што ти понудил „да си направите кеф еднашка“
Имав една познаничка и ми опишуваше : лелеее и ко ме залапа и одма го засакав....

Шо го засака, мори сачмо една, нели тоа беше обратно...

да те сака па да те залапа...
