Моралот - калап за креирање на личноста?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
тапа е примерот ... него ај кажи каде тоа јас Петко го нареков ненормална личност ?
сериозен сум, ја уништи секоја дискусија. Не го нарече добро, знаеме. Сеа ти врати се назад и одговори ги моите прашања.
 
Ikac

Истакнат Член
17 октомври 2012
27
23
103
37
Да речеме дека Петко се откажува од парите. И тоа не е морално затоа што со самото тоа Петко претставува трошок на сите други. Но Петко се откажува од матичната држава т.е. не сака да припаѓа на ниедна држава. Возможно ли е тоа кажи ми? Не, не зборам за антарктикот, зборам за релна средина, реално опкружување...општество. Моралот ли е оној кој го спречува некого да биде трошок на другите? Ако Петко се откаже од државите ќе му го забранат секое материјално добро. Ќе нема лекување ако се разболи затоа што се одрекол и нема пари. Слободно ќе може да дојде некој и да го убие и да не одговара за него затоа што Петко не е државјанин на таа држава (каде и да оди зашто се откажал од сите држави). Петко е жртва на општествениот морал.
Не ми е јасно како Петко во тој случај е неморален и претставува трошок на сите други. Да не мислиш неморален во однос на тоа дека треба старите лица-пензионерите да живеат од неговиот труд, или за тоа дека државните институции (од кои повеќето се непотребни паразити) треба да цицаат данок од луѓето кои се способни за работа (како него)? Можеби и во неговата заедница надворо од општеството има стари и млади лица кои треба тој да ги издржува и да се грижи за нив. Сепак природата е заедничко наследство на сите луѓе и животни подеднакво и не може никој да му забрани на Петко да живее без документи на планината како „животно“. Доколку се откажал од парите и од државноста тој сигурно отишол да живее во планина (независно дали сам или во заедница), на место каде што сам ќе си собира и ќе си произведува храна. Тој сепак би се решил на таков чекор на негова лична одговорност зашто во случај на тешко разболување, или неподнослива забоболка, сепак ќе биде приморан да стапи во контакт со припадници на државата-доктори кои секако дека нема да одбијат да му помогнат (државата не може да им забрани) ако тој им понуди соодветно материјално добро во замена за услугата. (да речеме некаква храна- печурки, ореви, боровинки).
ОФФ ТОПИК: Решението на Петко е идеја за која што треба да се размисли, идеја која би ги решила повеќето моментални проблеми и нервози кои сите ние ги имаме, идеја со која би се ослободиле од ова притаено ропство наметнато од општеството од самото наше раѓање, ропство кое не оддалечи од природата. Само за таков чекор е потребна голема решителност, подготвеност и пред сѐ храброст.

Не мора да значи дека здрава ментална личност не би се шетала гола по улица, тоа е едноставно ЖЕЛБА.
Брат ми има трчано гол по патот накај Осогово (шо не значи дека НЕ го виделе :D ), тогај он би требало да биде психички пореметен?!
Само поради тоа што некој има поразлични желби и мислења, одма се осудува на тоа дека е неморален, НЕНОРМАЛЕН... Шо тоа е најапсурдното нешто.
Тотално се согласувам со твоето мислење. Шетањето гол е желба за апсолутна телесна слобода.

Значи има племиња и заедници насекаде по светот за кои што нашите морални вредности (задолжително носења на облека во јавност) за нив се апсурдни а и обратно.
Јас сум сигурен сум дека секој се чувстува најубаво и најприродно кога е гол. Еве и јас исто сум трчал гол по падините на Кожув планина се разбира -далеку од луѓе и населени места и од лично искуство ви кажувам дека чувството е прекрасно! :igra
 
alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Не, туку ти ми го изврте примерот до даска.

1. Петко е ментално здрава личност која живее во некој град и сака да се шета гол. Кој спомна студенила и слични ствари?

2. Тоа со општеството размисли го. Петко се откажал од државност (било каква) и еве се разболел. Дали ќе му помогне некој?

И те молам дочитувај ме убаво пред да ме цитираш и реплицираш.
Ок ај да ти одговорам :

1. Ок Петко е здрав и прав и сака да се шета гол... и шетајки се така гол он ке се изгради во личност кој ке и пркоси на науката, технологијат и ке биде бр. 1 во светот ... ова сакаш да го прочиташ... ?

Ама ти мене објасними како тоа шетајки се гол ке смениш некои норми и вредност каде денес голотијата искористена во маркетингот продава СЕ...?

2. Ова ти го објаснив преко настанокот на човекот каде без работа и труд ништо не бива еве се откажал Петко од општеството не работи - ти велиш дали тоа што не работи и падне на грбот на други луѓе тоа е неморал кој вели дека е неморал ? Ако се разболе само Мајка Тереза ке воскресне и ке му помегне дали ти си запознаен со општественото уредување ????

На фах не учеа колку и да сакаме да се откажеме од едно општество и го напуштеме ке преминеме во друго може поразлично за нијанса или две од претходното но сепак некаде ке припаѓаме.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Не ми е јасно како Петко во тој случај е неморален и претставува трошок на сите други. Да не мислиш неморален во однос на тоа дека треба старите лица-пензионерите да живеат од неговиот труд, или за тоа дека државните институции (од кои повеќето се непотребни паразити) треба да цицаат данок од луѓето кои се способни за работа (како него)? Можеби и во неговата заедница надворо од општеството има стари и млади лица кои треба тој да ги издржува и да се грижи за нив. Сепак природата е заедничко наследство на сите луѓе и животни подеднакво и не може никој да му забрани на Петко да живее без документи на планината како „животно“. Доколку се откажал од парите и од државноста тој сигурно отишол да живее во планина (независно дали сам или во заедница), на место каде што сам ќе си собира и ќе си произведува храна. Тој сепак би се решил на таков чекор на негова лична одговорност зашто во случај на тешко разболување, или неподнослива забоболка, сепак ќе биде приморан да стапи во контакт со припадници на државата-доктори кои секако дека нема да одбијат да му помогнат (државата не може да им забрани) ако тој им понуди соодветно материјално добро во замена за услугата. (да речеме некаква храна- печурки, ореви, боровинки).
ОФФ ТОПИК: Решението на Петко е идеја за која што треба да се размисли, идеја која би ги решила повеќето моментални проблеми и нервози кои сите ние ги имаме, идеја со која би се ослободиле од ова притаено ропство наметнато од општеството од самото наше раѓање, ропство кое не оддалечи од природата. Само за таков чекор е потребна голема решителност, подготвеност и пред сѐ храброст.

Тотално се согласувам со твоето мислење. Шетањето гол е желба за апсолутна телесна слобода.

Значи има племиња и заедници насекаде по светот за кои што нашите морални вредности (задолжително носења на облека во јавност) за нив се апсурдни а и обратно.
Јас сум сигурен сум дека секој се чувстува најубаво и најприродно кога е гол. Еве и јас исто сум трчал гол по падините на Кожув планина се разбира -далеку од луѓе и населени места и од лично искуство ви кажувам дека чувството е прекрасно! :igra
ова со рамената на добра не е враќање во минатото ?
 
Ikac

Истакнат Член
17 октомври 2012
27
23
103
37
ова со рамената на добра не е враќање во минатото ?
Можеби, но само во однос на неискористувањето на технологијата која е толку напредната во последните 200 години и не ослободува од повеќето тешки физички работи, но истовремено е одење и во иднината со самото креирање на многу похумана, поцивилизиран и порамноправа заедница, заедница со висока колективна свест, заедница каде што ќе нема криминал, корупција, неправди, заедница каде што вистински ќе опстојуваат и ќе се негуваат вистинските морални вредности, заедница каде што моралниот „калап“ за креирање на личностите ќе биде цврсто базиран на самото (морално) општество.
 
Чекај сега ти ми зборуваш за некое идеално општество а знаеш дека не постои такво и неможе да постои неможе да не ја земеш технологијата во предвид и таков е генот човечки каде борбата за нешто подобро секогаш ќе го обзема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МиГ 21

Ikac

Истакнат Член
17 октомври 2012
27
23
103
37
Чекај сега ти ми зборуваш за некое идеално општество а знаеш дека не постои такво и неможе да постои неможе да не ја земеш технологијата во предвид и таков е генот човечки каде борбата за нешто подобро секогаш ќе го обзема.

Знам дека не постои идеално општество (а за тоа дали може да постои во некоја далечна иднина не може никој да знае), туку зборувам за општество што ќе биде многу подобро од ова што го имаме сега во моментот. А самото однесувањето на луѓето НЕ Е генетски преодредено, тоа се креира од самата околина и општеството, од луѓето кои не опкружуваат...
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
alba кој спомна наука бе чоек? Кој спомна дека Петко ќе пркоси на науката? Сериозно се откажувам од дискусија со тебе (која не ни постои воопшто). Утре кога ќе станеш препрочитај убаво што се` напишав јас и што се` изнапиша ти. Јас ти викам „Петко пие вода“ ти ми викаш „Е сеа што ако водата на Петко е пиво“. Не ти одговарам на ништо се` додека не добијам разумно прашање кое нема да ги испревртува моите зборови.

Ikac Петко ќе биде неморален затоа што ќе живее на место кое е сопственост на државата (ова ич не ми звучи убаво, ама тоа е реалноста) и сите освен тој ќе плаќаат данок. Ако се разболи докторите кои живеат во општеството ќе треба да го излекуваат (согласно со Хипократовата заклетва која ја полагаат) но бидејќи Петко нема пари и не плаќа данок и нема здравствено осигурување можат и да го остават така и да не одговараат пред законот.
 
Ikac

Истакнат Член
17 октомври 2012
27
23
103
37
Кога веќе навлегуваме во правните детали...
Државата чија сопственост е? -На народот, на луѓето (човеците).
А Петко што е? -Човек. Значи тој има подеднакво право за живее на планетава, на некое парче земја како сите луѓе.
(*Во последно време сѐ повеќе земјиште се приватизира и има случаи каде што цели планини стануваат сопственост на една личност, додека најголем дел од обработливите рамнини се веќе од поодамна сопственост на одредени феудалци, а тоа е нешто што апсолутно е погрешно и неправедно...)
Претходно го објаснив и случајот како ќе плаќа Петко за здравстените услуги - со други вредни материјални добра (но како што како ти, докторите треба да го излекуваат и без надоместок ако се вистински, свесни доктори и пред сѐ ако се луѓе.
Но од државата (со цел да спречи ваков излив на население и непослушност - ако евентуално настане) можеме да очекуваме дури и да им забрани на докторите да ги лекуваат „странците“ (Иако во овој случај на Петко повеќе би му дал статус на животно - нели нема документи, отколку статус на странец), со што само ќе се зголеми бројот на НЕМОРАЛНИТЕ закони кои веќе постојат.

Значи поентата е таа: Не можеме да очекуваме од луѓето да се однесуваат морално и етички кога самото општество е базирано и им пркоси на вистинските морални вредности.