1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Моралот - калап за креирање на личноста?

Дискусија во форумот 'Здравје и состојба на духот' започната од existence, 14 ноември 2012.

  1. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Да не го должиме многу, отприлика знаеме што е морал. Накратко збир на правила и норми креирани од општеството т.е. заедницата кои разликуваат добро од лошо.

    Но во темава би сакал да разгледаме една друга страна на моралот. Моралот претставува однапред пропишан калап за „нормална“ личност во заедницата. Но дали навистина моралот е кај сите ист или сите само се плашиме да ги кажеме нашите вистински морални вредности затоа што така би излегле од кругот на нормалните? Дали со самото тоа моралот предизвикува нешто наречено „сериско производство“ на личности, односно моралот е калапот кој ги обликува личностите кои припаѓаат во кругот?

    Кои се вашите гледишта кон тоа. Што за вас навистина представува моралот?




    Моето мислење е дека моралот е голем апсурд кој постојано се негира самиот. Ај да претпоставиме дека некој е „ненормална“ единка која не е во оној кругот на нормалата. Да речеме дека моралните вредности на таа единка се малку искривени во споредба со моралните вредности на веќемината (споредувам морални вредности, тоа значи и дека нормалните ги земам за референтна точка со која ќе правам споредби). Што мислите дека би се случило со таа единка? Јас претпоставувам или ќе заврши во ментална установа затворена во четири бели ѕидови со душеци и ќе добива дневна доза медикаменти се` со цел да успеат да ја вратат во нормала, или ќе заврши разговарајќи со психолог кој ќе се обиде да ја врати во кругот, или ќе заврши на некој остров како експериментално глувче. Дали тоа е добро? Дали со тоа не се нарушува слободата на избор на личноста? И те како се нарушува. Тука нормалниот морал изигрува добродетел, но всушност само ја отргнува личноста од себе. Единката можеби ќе се врати во нормалниот круг, но дали ќе е среќна така? Ќе глуми дека е нормална само за да не ја трпи таа ментална тортура и ќе заврши далеку од себе.
     
    На malo, МериСелест, Succubus и уште 6 други им се допаѓа ова.
  2. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,657
    Работава со моралов ти е ко 10те Божји заповеди:
    - Сакаме да правиме работи кои не сакаме да ни ги прават нам, оти нели, само нас не боли и само тогаш се врекаме по другите дека се неморални, а вака кога се работи за нас, секогаш има оправдување.
    - Постојат за да им се плашиме, а истовремено да не копка да ги прекршиме, за потоа пак да се плашиме од реакциите на другите и кармата што ќе не стигне. Тука сме веќе во фаза као демек „Јас грешев, ама научив од грешките“ нАли...morals kick in.

    За мене е на некој начин преценет. Едно е да имаш цврст карактер,убаво е за себе да не сакаш да ги правиш тие “неморални“ работи, а друго е да сакаш такви нешта, а да не ги правиш затоа што етички се наметнати ко неморални од страна на општеството. Тоа е веќе тешко лицемерие, и тоа првенствено спрема себе. А верувам дека не постои единка која барем еднаш не помислила како би било да направи нешто неморално (по која и да е дефиниција), ама нормите ја спречиле.
    Лично повеќе ги почитувам оние што знаат да си признаат дека не се ангели, отколку некои што ќе ми трепкаат со очињата и ќе ми продаваат лажен морал кој не секогаш го креира вистинско “јас“, туку едно “јас“ наметнато од општеството. “Јас“ кое може да е далеку од нашите вистински чувства и размислувања, но кое мора да го прикриваме со почитувањет на овие наметнати норми за да не бидеме осудувани од околината.
     
    На slb_bobo му/ѝ се допаѓа ова.
  3. melpomena

    melpomena Енигма

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    8,231
    Допаѓања:
    17,756
    Мислам дека и овде ке филос(з)офираме многу,зарем не е темата за во филоз(с)офија?:svirka
     
  4. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Да, но повеќе филозофираме околу личноста и психологијата која ја наметнува моралот.
     
  5. alba

    alba Староседелец

    Зачленет на:
    15 март 2012
    Мислења:
    1,426
    Допаѓања:
    2,014
    Ако моралот е апсурд како тогаш ние би разликувале доброто од лошото и ако не се утврдени тие морални бредности и норми што би било со човештвото? Таа ненормална единка што ти ја нарекуваш и што дирекно ја прати во ментални устано тука веќе станува збор за болест и далеку е од тоа дека она ги нарушила моралните вредноти. А ако зборуваме за ‘‘ ненормална‘‘ единка онаа која сака да биде поразлична од другите односно која сака во општество да наметне или да промени дел од тие норми кои владеат е тоа сосем поразлично од твојот пример. Точно дека тие морални норми ни се наметнати и горе-доле живееме со нив ама незначи дека не се променливи има толку многу примери за тоа.
     
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Апсурд е затоа што се наметнува како нешто што ги разликува доброто од лошото но всушност не е доволно објективен. Ако не се утврдени тие морални вредности и норми ќе постои слобода да се обликува и развива личноста, а не да биде роб на некаква си замислена нормала за да може да функционира во заедница.

    Таа ненормална единка не е болна туку има малку поинаква перцепција од веќемината, ги игнорира општествените правила и норми да речеме. Не е болест, не е болна од ништо но сепак затоа што сите тие нормални ја гледаат како штетна појава (или нус-појава на правилата) се трудат да ја вратат блиску до нив како не би била штетна за нив. Но што е тоа кажи ми? Поробување на личност? Калапење за да може да се вклопи во општеството?

    Факт е дека сите ние имаме скриени желби кои ги кршат моралните норми и правила и поради тоа никогаш нема да ги оствариме, затоа што така би биле обележани од општеството како ненормални и ќе се влечкаме по ментални установи. Стравот од нормите на општеството (кое се наметнува како морал) е преголем за некој да се обиде да биде она што навистина е. Ерго моралот е калап.
     
    На Lena му/ѝ се допаѓа ова.
  7. alba

    alba Староседелец

    Зачленет на:
    15 март 2012
    Мислења:
    1,426
    Допаѓања:
    2,014
    Не се апсурд а точно е дека се наметнети а мора да се утвредени за постои некој ред во општеството е сега тие норми се поместуваат во зависност од луѓето дали и колку ке ги прифатат тие поместувања.

    Ова го има во земјите од третиот свет :zelen ама ете гледаш и таму имаа определени норми и зависи од образовноста од информираноста на тоа различноста да се биде нешто поинакво за да се поместуваат тие вредности.

    Точно правилата постојат за да се прекрашат ама ај дај пример каде некој трудејки се да се изгради во личност завршил во ментална болница и кои норми се тие што ако се прекршат дирекно си ненормален како што ти велиш за на психијатрија
     
    На Ikac, redhead, elizabetta и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Си бил Петко. Петко си е ментално здрава личност, но има една скриена желба што пркоси на моралот. Петко сака да се шета гол. И после некое време решава да го направи тоа и се откажува од облеката. Прво по дома се шета сосема гол, никој не го гледа, никој не му суди. Е арно ама Петко треба да излезе надвор. Излегува Петко сосема гол надвор да се шета или да купи нешто од маркет. Што ќе му се случи на Петко? Ќе биде приведен од полиција и ќе биде осуден како неморална личност. Ќе го пратат да гледа некои поучни филмови, ќе го изнатепаат можеби...завршува тоа, Петко излегува од таму. Но неговата желба не престанала, т.е. Петко продолжува да се шета гол. Што мислиш што ќе му се случи сега? Ќе го пратат на психолог за да го врати во нормала затоа што Петко мора да се облекува и да не си ги покажува своите гениталии оти тоа е срамота и го гледаат деца, плус не е морално да се експонира голотија во јавност. И каде го однел моралот на Петко?
     
  9. lady_blue

    lady_blue Староседелец

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    2,400
    Допаѓања:
    4,420
    Петко ќе научи дека гол можи да се шета само на нудистичка плажа.
    Таму е во ред деца да го гледаат гол, оти и мама и тато ги гледаат голи и оти сите други таму се голи.
    Децата сигурно сами не одбрале да ги гледаат природните атрибути на еден куп туѓинци, ама шом е тоа општо-прифатено место за групно разголување, тогаш не е ни важно дали децата одбрале или не.

    Јап. :biggrin
     
    На Ikac, melpomena и МиГ 21 им се допаѓа ова.
  10. Succubus

    Succubus Истакнат Член

    Зачленет на:
    28 февруари 2012
    Мислења:
    562
    Допаѓања:
    835
    Кажи ми што е добро, што е лошо? И не ми е јасно зошто со строга граница ги определувате доброто и лошото...

    Моралот би го нарекла повеќе решетки за open-mind-от. Поради моралот, многу луѓе се одлучуваат да бидат затворени (во секоја смисла) само поради неприфаќање од општеството. Мислеш дека убаво е ние сите да го почитуваме моралот и покрај големи неправилности што се случуваат околу нас?
    Еден прост пример.. Професор и вели на ученичка: Ти ништо не знаеш, ти си неспособна. Ти мораш да ме слушаш, јас имам авторитет над тебе. И ученичката, за да не испадне невоспитана, си притрајува и не се избунува (АКО ЗНАЕ ДЕКА МОЖЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ.)
    И да, согласувам се со тоа дека не’ прави сите да бидеме „сериско производство’’ со кое може да се манипулира. :)
     
    На Lena му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,276
    Допаѓања:
    1,897
    а што ако Петко има некоја друга скриена желба и да речеме е педофил? тогаш е нормален ама му пркоси на моралните вредности...??? мислам дека моралот и моралните вредности се многу потребни за да може да живееме заедно во заедница , во општество а ако гледаш поинаку сите ние имаме некои скриени желби ама Петко ако сака да шета гол нека си оди на некое осамено место каде што на никој нема да му смета па нека си шета гол колку сака....а ако сака секој да прави како што сака и како што му чини тогаш како би опстојувале општествата...не мислиш дека би настанала анархија, општо лудило???
     

Сподели: