Моментално читам...

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Ако ме прашува некој, ако на некој му е битно мислењето на обичен смртник како мене...Премногу Бонукс ставиле очекувајќи добро перење на мозоци.
Она што ќе речам дека го поздравувам е само замислата дека вербата во себе си е најдобар показател кон вистинскиот пат.
Ама дека ракови се лекуваат, омилени ташни од излози стануваат ваши оти само три пати на ден кажуваш ..„ Јас сакам, јас можам “..некако ми се коси со нормално функционирање.

Хм...

Инаку во моментов ја читам „Невеста во Борџии “ ...феноменално!
"Невеста во Борџии" навистина е феноменална книга, јас кога ја читав не можев да ја пуштам од раце. Ти ја препорачувам и "Јас Мона Лиза" од истата авторка. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: She

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
"Невеста во Борџии" навистина е феноменална книга,јас кога ја читав не можев да ја пуштам од раце.Ти ја препорачувам и "Јас Мона Лиза"од истата авторка. :)
Веќе ја завршив.
Оној епитет што го кажав пред некој ден -феноменално, останува.
Џин навистина си ја сработила работава со длабинско проучување на Борџиите, на менталниот склоп на живеење во тоа време...Секоја чест.
Она што ми остави некој писул со наравоучение во мојата сива маса, е фактот дека нема потреба да се вадиме на лицемерието како појава поради брзото темпо на живот, тоа виреело до небесни висини и кога сите обични се поклонувале пред Оној за кого е забрането, подоцна познат како Бог и тоа со размери на озонска дупка.

Злобата, потребата за слава, стравопочитни епитети и несопирливата желба за моќ се и ќе бидат, копачи на сопствениот гроб а истовремено и сталажи за највисокиот пиедестал.
Да знаеш дека после малава пауза што ќе си ја дадам со оглед на тоа дека во краток период се посветив на многу книги, значи малку да ме фати воздух :giggle и со ниет сум да ја прочитам и твојата препорака.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: She and redhead

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Септемврски светлини-Зафон Последна од Трилогијата на маглата.
Се уште сум на почеток и ќе се воздржам од мислење за делово. Рецензија откако ќе ја прочитам.:)