Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
„Колекционер“ е филозофија во целина гледана од психолошки карактер. Од една страна момчето кое е недоволно изживеано, непознавајќи ги доволно нормите како би требало да арбитрира во едно општество, додека од друга страна е заслепено од површната убавина на девојката го тера на непромислени чекори. Девојката од друга страна е прикаска за себе. Како што кажува во книгата, таа е примерок, еден одличен експонат за неговите површни хирови, се обидува на било каков начин да се ослободи од стегите на неговата извртена личност.
Мислејќи дека лесно би потпаднал како и повеќето мажи, таа ја прави онаа капитална грешка, се разголува пред него, спремна да го придобие дури и за неа најпонижениот начин. Тука копјата се прекршуваат. Дали поради нејзината слика и прилика на совршенство што тој ја има или едноставно се` пребрзо му се има случено, секогаш останува прашање на различните гледишта кон книгата.
Одлична книга во секој случај, сметам дека секој кој е љубител на психолошката девијација од една точка кон сосема друга, треба да ја прочита.
Да не останам покус и вон контекст тука, на темава, ја читам во моментот Дипломец од Чарлс Веб. На самиот почеток, би додал дека ирелевантноста на ликот на Бенџамин Бредок, ми е по мерка. Барем за овој период.

Гестот на Миранда во кој се обидува да го заведе Канибал,е само очаен крик на суштество на кое му е одземена слободата.
Не е дека не ги познава доволно нормите,туку е одгледуван на поинаков начин.Тие норми и принципи кој што он ги познава верува дека само тие се исправни и строго се држи за нив.
Он топик повторно Фаулс но овој пат Волшебникот.
Многу поразлична книга од Колекционер. Умствена игра.

Впрочем тоа е и смислата во делот на приказната на Миранда. Таа суштествена слобода и цената по која Миранда посегнува по така да ги наречам непринципиелните чекори. Како и тоа дека принципите и нормите ни` поткреваат некаква алузија на слободни луѓе. Секоја личност е нескршлива до моментот кога ќе и` се одзеде слободата.
Lena ај те молам кажи нешто повеќе за книгата од Екарт Толе. Иам слушнато добра била и ми е во план да ја прочитам али сепак сакам да слушнам нешто плус за неа ако може. Фала.